Браво. Аферим. Потег на место. Ќе имаме таксисти кој знает англиски јазик. Све е бомбона и само уште то ни фалеше. Ионака имаме нај образовани таксисти како инженери, доктори, правници, професори…. сега уште со англискиов ќе сме топ. И да се разбериме. Сиве овие шо ги набројв се таксити не зш неможет да најдет работа, ами од мали сакале да бидат таксисти. Ко ќе ги прашале во градинка шо сакаш да си: ТАКСИСТ. Како ам. А то шо ошле факултет да учет со сила родителите ги пратиле ама овие нацки си се запослиле во професијата шо љубов им значит.
Реков. Добар потег. Арно ама се сеќавам дека пред година две во угостителските училишта се намалија часојте по англиски јазик за келнерите. Кој Стојко нив им е потребен англиски. Како компензација ги зголемија часојте по ликовно зш со тек на време на секоја маса во рестораниве во Охрид ќе имат блок број 4 и кој странец како ќе седнит така ќе си нацртат шо сакат да јајт и пијат. Муабет јок. Уф ми текна пред години. Седнаја странци до масата моја и му рекоа на келнерот: “Do you have beer?“ Дотичниот ( му го знам името, ама…) : “Оооооо како да не. Галичица е полна со мечки“.
И ако Галичица е полна со мечки ЕВН е полна со разбирање према оние шо им собират арач. Алал да им е шо ептен, препоептемнајмногу не разбирет како арачодавачи па решија за две сметки да не не` исклучвет. Толку сум среќен шо да ми се родит ќерка ќе ја крстам ЕВНДОМИРКА. Ко ти викам. Зш види. Во НСРМ тие шо не плаќет струја не плаќет зш се куропецет.
А имет базени кој ги греет да может голи да се капет и на полнош, тушот 24 сати им работит ко ќе им прднит да се мрцнат во топла вода, дома ако им заладит како Талија сега шо не подсмрзна ја уклучвет и климата 7 и полка ама и ринглите 4 како и релната на 250. Браво ЕВН. Одма споменик до мадено од Букефал и уба приказна да се напрајт и ете ти ЕВН турист бизнис.
Опс. Извини. Ждригнав. Пред да ја пишам колимнава ојдов на доручек со Коцета. Убајна. Дојде Коце свечено со гел напраен седнавме и си каснавме. Имаше суви пиперки со праз, имаше пршки на масло, имаше……абе шо е битно шојмаше. Битно беше дружењето. Битно беше дека ја видовме на дело сиромаштијата на НСРМ. Битно беше дека и Талија не го спречи доручек на сиромашните НСРМ – овци. А имаше многу. На доручек. А кој би одел на такво невреме ако не му е нож до коска. А?
А изгледа и на Зајко му дојде нож до коска. Прочитав негде дека Заев му се додворуват на Банета со враќање на старите кадри во СДСМ. Малку нејасно е ова. Ако му се додворуваш на некого, значит закаш да се фатиш со него. И сега шојмат врска кадрите со љубовта.
Ако сакат Зокица да се фатит со Бранкица, го земаш бе за рака шеташ по кејот покрај Вардар, го носиш на тулумби ( симболично) и го залапвиш. Кој шо мој потреба пак да го враќаш Макрадули за да се фатиш со Баненце. Не ќе ти е кума. Па купиму бретели, подвезици , градници со фишбајни, ионака Бане е по сексот….бар така му рече на еден митинг на еден шо……абе едноставно се работит за љубов. Највероватно Заев ја сакат на Бранко. До коска.
И јас до коска сакам телевизија. Ама вести не. Единствено ако ми се смејт, ак сакам да се распичам од смеење гледам вести. Санќим “Луд, збуњен, (не) нормалан“. Така и пуштив. Ко то во телевизорот еден до СДСМ викат дека немало деца во школите, шо би се рекло дека сексот помеѓу НСРМ-овките и НСРМ-овците е намален и следствено на то намален е наталитет, следствено на то и немад деца во клупите. Тој рече дека за то се криви ВМРО-овците. Јас би рекол дека не така. Криви се сите шо беа на власт од осамостојување до денес. Додуша да признам и да им објаснам на ти е шо не им е јасно. Јес да не дупеше кој стигна ама во погрешно место не акаа. Во здрав мозок. А дупење во здрав мозок не придонесвит за зголемување на наталитетот. Ко ти викам.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.