Леле леле се скинав од радвење. Абе кој го натера Гулашарон да избегат, аир да не видит, на раскрсница пролив да го фатит и на родителска прdеж да му се испуштит. Абре уште е во фрома чоекон, при себе со умот, а не оту јајт нешто витаминско, зленечук ова она….абре потече од манџишта фукање и немат пропуштено да му праќат јусер гајд на Мицалета како да дишит, кога да кивнит….Пак овај по по по памтење све прајт шо ќе му речит Побегуља.
Плус то а дојде празник прв, станвит во 4 сабајле, мават честитка на ФБ. Зајко дур станит дур се измијат заби, кафе да фукнит, дур стигнит на прес ние сме веќе честитани од гулашаров. Еве на пример саботата бев кај Симета од Чикен Хаус на визита. Го пушти на спикер и лично го слушнав какви убај зборој му упати како честитка: “За многу години Симче, закажи прес за Мицале до него да е и Буби и Мицале ништо да не зборвит дај му нека мават Кенди Краш.“
Чек малку: “Бабоооооо….о бабоооо… земи зимбиљот, клај од комадот шо го напрај. Земи од кај Тренчета овчо сирење, ѓомлезе клај 20-тина парчиња. Напрај свирипиле? Со многу лук? Супер. Клај уште погача, шливојца и суви пиперки со праз и папучите за по дома.“ Како бре кај ќе одам. Читаш ти весници или ги купвиш само за калешко да го бришиш. Ам не прочита наслов: “Граѓаните два пати месечно на посета кај преtседателот“.
Ам не ќе одам празен кај Стевета жити леб. Кој го знајт шо ќе истајт тој ко ќе појдам. Кај преtседател не се ојт со ташаците враце ти се молам. Е како зш ми се папучите? Со опинциве да влезам дома му, та Бетка, Стевојца да се скинит од смукање и рибање. Ам како.
И така требит бре. Да се држиме поткрепвиме. Да сме една фамилија. И да сме појќе фамили во една да се сплотиме. Ене ги виде Зоки и Мице? Абре седум сати си муабетеја брбаја мезеја….кизнајт колку се блиски сега. Од шо се имет зближано гарант сега в уста си плукет. Абре се имет побратимено. Ам како. Во најмала рака имет станато золви. Не не. Јатрви беа ко се караа. Сега се золви. Гарант. Или пак можно е Зоки на Мики да му е станат зет за две сестри од прва брачеда, за сна за Груја. Да. Гарант.
А не оти имаја за шо битно да се сретнат….освен Мицале да купит време за оние шо веќе им се купени клавири Зоки да им ја одложит обуката. Покасно да почнат. Доказ за пријателство. Е едино ако запнаја околу тоа кој да печит кој да љупит пиперки за ајварот шо го нарача Какица. Уф кај шо ја спомнав. Готово, ја раскинаа. Уф грешка. Ја разрешија. Тешка мака имаа. Зш не е лесно да разрешиш некој шо бил шеф на група шо се борела за да ги фатит сите и да ги напикат в затвор тие шо работеле криминално, незаконито, несовесно и нестручно. А пак истиот тој шо ги бркал сите шо работеле криминално, незаконито, несовесно и нестручно сега е во притвор зш тој криминално, незаконито, несовесно и нестручно работел.
И ај сега да те видам тек така разрешија неа без комисија за криминално, незаконито, несовесно и нестручно работење, која ќе препратит своја препорака за разрешвење на некој шо работел криминално, незаконито, несовесно и нестручно, до асоцијација за криминално, која за незаконито, несовесно и нестручно работење требит да дајт предлог до Собрание да разрешит некој кој криминално, незаконито, несовесно и нестручно работел и е во притвор зш криминално, незаконито, несовесно и нестручно работел.
Ај де. Ај де стегни гас и донеси одлука да ја разреши шефицата која ги бркаше оние за криминално, незаконито, несовесно и нестручно работење дека сега та криминално, незаконито, несовесно и нестручно работела. А? Јасно ти е? Незнам за тебе. Мене ми е јасно. Уствари ми е јасно дека не ми јеасно дал ми е јасно. А? Шо јасно? Во НСРСМ имат нешто нејасно?
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите