Абре гла нема кренато. Се рушив од учење. Спремен сум. Шо не прочитав, шо не поминав, шо не научив. И Детска енциклопедија за нивите и Зоки Поки….со Марика????? Сегде ојдов, и во село и во школо….завршив курс за млади ренџери…..прва помош при повреда во градинка….се скинав од барање и ја најдов Енци Менци, Јовица и Марица, Др.Оф Боли, Зошто да се сечат ноктињата, дури бев и да какам ви клозетот кај Коле, а таму мајка му ми ја даде, Сите овошја за здравјето на дечињата….абе сите светски бестселери ги средив и судбина…ништо и пак ништо.

Никако да добијам да се јавам на квизиштено кај Драган Вучиќ. А спремен сум со материјаливе и за прашањана санќим во НАСА ќе работам. Зш тежок е квизон. А мака ми е зш неможам да добијам ради наградине. Тииии бре колку убај награди имат. Капак за шоља за веце, ќерамичка плочка за в подрум, држач за г’с папир, стегање на една бубуљуца, депилација за лева задна препона, бинек, рачка од метла……и други вредни награди. А покрај наградите и цела нација се дообразоват со оние прашања санќим ојш на специјализација.

Дур сум кај емисииве ја гледав она емисијана, со онај водителот, не ми теквит как се викат, шо е ко вепар, абре как се викаше, шо не ја мијат косана по неколку месециии….тиииии брееее…..баш видов една слика беше сликан со 4 шарпланинци и на трета го погодив кој е…..ај не е битно. Тук ми беше муабетот друг.

Покрај премиерот гостин беше и онај прв шо какат….прв шо дознават вести….Латас. Нешто ко да му плачеше на Колета, ко да сакаше таткото на мајката да пушит, некако ми беше спремен во фацата ко да викат: еве ќе ви манам премиере едно фелацио….ко така некако. Арно ама премиеров со одговорот ко да му кажа дека веќе е ко потрошен к….н, та жал ми е за Латас, шиштејќи со новине заби дан требит да потслезит веќе кун кај нас, народов, дробискоњава, та нас дан требит да ни таткото на мајката да пушит. А пусти др. Латас ми излгедаше како да сакат змијата да си го јајт на опашката.
И да. Се штрецнав. Ова ко ќе кажет вестиве нешто бомбастично ми се чинеше дека срцево во петица ќе ми влезит. Зш и ова крадциве несе то шо беа. И тие мајчини се прилагодвет не економскава ситуација, убава, во државава, сјајнава……Во некој викендици ти напрајле ршум. Ти украле златни венци со кромид, дијамантски низалки од суви пиперки, циркони од компири и друго. Нејќев да го навредам МВР зш глупо е да се прајт бомбастичан вест со украдени кромиди и морав да му ги клам овие претставки.

И да не ми го чепкате Субрата. Го уапсија чоекон зш измамил некој народ за 4 милијарди евра и одма кампања во НСРМ, лажго ваков таков. Мирни. Не лупајте ко Максим под дивизија. Тој шинал некој кокошкари таму шо немет грам мозок, шо се глупи како тезгериња, а ние не сме такви. И да го осудат и да го обесат тој нас ни вети милијарди за кај нас и нашите си стоет. Зш нашите не влегвет во украдените, други се.

И плус јас мислам цело апсење дека е фарса. Зш иначе зш го потурија со мастило?А? Ај размисли. Све е бре то финта. Зш ако стварно го апсеја можеја да го потурет со некоја си фекалија дури и скраја да е……пту пту пту….нејќам ни да помислам, можеа како тој нашиот тогаш со непозната течност да е поплукан. Ви теквит? Зш од устата мојш да исфрлиш милијарда различни непознати течности. Како балгам , обична пљукајнца или балгам или обична пљукајнца…..абе шо ти не мојт да ти излезит од устата…непознато….како течност. Да не е од чмарот само.

А да. Полека ама сигурно тргват работиве. За малку не ќе напишев колумнава зш ај кај се посрав од радост ами и камен се напрајв пак од истата радователна причина. Замисли во декември 2013 година во нашава златна НСРМ во спореба со декемвриот една година порано платата ти се кренала за ненормалистично-фнтастичко-запрепастувачки 0,1 проценти. Алооооооооооо. Скок на стандардат невиден. Умот да ти се земит. И то се должело најмногу на то шо 10,2 % се зголемиле платите на вработените во секторот Рударство и вадење камен. Како ам. Зато да не бараме фортома во јајцето. Овај сектор опфаќат скоро 99,102 % од народот во оазава наша. Зш пола народ или работат како рудари или ваѓет камења од бубрезите. Зато многу мрм мрм не.

Џими
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.