Зборов ми беше веселење, веселeње тииииии, пеење, радој пешчански. Како ам. И она од Јончета Христоски “ Со маки сум се родил…“ ја менавме. Сега е вака: “ Со макиииии сум се рооооддиииллл јасссссс и в Катар јас ќе си умраааааам“. Да бе . Абе Господ здравје да му дајт шо се сети да ни дојт. Мореееее грамада чоек. Ко се испрај на аеродром ко Гоцета Делчев. Ист. Мустаклија бабачко. И ние му писнавме: “Излезиииии момчееееее правоооо на терасаааа….“. Радој. И зато ние одма бап гардиска униформа. Одма Роза ја соши. Ф`т, ф`т и готова беше.Мхм. Ак не друго на тенис ќе ја носит. И тој се заљубил во неа. Как да не. Или пак как да да . Незнам.
И ова. Ќе прам дете. Трето. Пример. Ќе си го крстам Хаман бил Калифа ал Тани. Тииии имееее. По по по. Хаман бил Калифа ал Тани Новески. Таман. Абре од ко дојде мустаклијава све ми е равно. Рече за сите нас имат таму работа. Абре рече и ко алтани да му паднаа од уста. Цела македонска нација сега е посрана од радост. И се спакова. Кој се надевал дека ќе се скостам и ќе умрам во Катар. Шо ти е животов. “…..да ида во Катар да ида , Џумалија, Гуварија и Доха да вида…..“
Види пак сега. Рака на нога. Не оту ние сме во некоја економска криза, ама убо до Катар да се скокнит конечно и ние да си приуштиме по лагоден живот од овој шо го имаме лагодниов. Аха. Ко кажа арсланов катарски дека ќе му ја писниме на таму ме израдва уште една работа. Си се преиспитав себеси и ко дојдов до заклучок дека не сум педер пресреќен бев. Таму пусто во ветената земја за македонците, Катар, за двоцефкување си можел да одрапаш до пет години затвор. Абе демократија си е демократија. Катарска. Како ам.
И друго да знајш ако ојш во ова ептем демократска држава. Не е проблем да си се кажиш дек си христијанин, само забрането е да имат мисионери, ѕвона на сите една цркви, немат истаквење на крстој и други христијански обележја…..Е само то. Иначе не е проблем да си…..
Само се думам шо да работам. Зш препостављам дека Хаманчо посебно до секој Македонец ќе доставит мени со појќе врсти на работи. Како ам. Иначе зш би се радвел шо ја узна кај е Македонија. Дали да си отворам приватен нафтен извор или да се вработам во друг. Незнам. Мада исто ти се фаќат. Пари имат да течет ко в двор жива вода. Е сега околу вработвењево се думавме со Шулета да отвориме јавна куќа. Само уште не го имаме испитано законите и пазарот како е таму. Ако е све океј прво ќе почниме сами да работиме, а ако ни тргнит работата ќе вработиме некој. Да сме здрави, живи ќе видиме.
Е и друго е убо за таму ко ќе одам. Арно шо не сум муслиман. Вака ќе можам да стегам ракишча колку ми душа сакат. Е сега не баш слободно зш на јавни места е забрането, ама пак в клозет в клозет. Ам нигде? И роденден в клозет. Неморат да е јавно место. Ќе изнајмам поголема куќа со голем ќенеф и тука ќе прајме веселби. Ем имат место, ем зш е забрането трескање на јавни места ем тука шољата. Зш и та имат улога во стопанско економскиот развој во ова држава. Е овде во Катар немат поврат на ДДВ ама од шо ќе собираме ние македонциве пари, дан ни дојт лошо и тро да потповратиме , зш несме ние учни така со тро појќе пари. Уствари реков. Со трој појќе сме учни, ама не сме учни со тро појќе појќе пари. Ко ти викам.
Ако пак неможам да се снајдам околу нафтата имат можда…..викам можда уште поуба работа. Пред да станит Катар ветена земја за македонците, односно пред да ја откријат нафтата, гагаузиве ти се занимавале со риболов и бисери. Мојж да замислиш? Абре зато ко ни дојде Хаманчо ми бешееее познат. Аууууууу. Ова сознание беше прекретница во нашава историја. Крај. Ние сме значии Катарци. Или пак Катарците се македонци. Незнам. Или уште појќе…..Катарците се излгеда трпејчани или пештанци? А? Или пак Талецон дан е Катарец. Хм? Шашма ми е умот. Ама како ид а е сега грциштана ќе ни се фатат за влакново. Ко ќе сватат и тие дека имаме врска со Катар ќе одблокирет све. Жими тебе.
Е ако е така влегвиме во друга мака. Кој сега сите оние коњи, глај, ноѕе, раце и мадиња од Александара и Букефала ќе ги преправат. Мада, маде ко маде исто е кај сите, ама другиве работи….Незнам.