“Ало Баба Ратке, вака…жена ми ме изневервит, многу пари ми трошит, син ми малиот е педер, големиот три коли ми искрши и пијат многу. Ќерка ми, малата, имат 16 години и три разводи, големата имат курје око на ушето, татко ми ме тепат со кајш, 23 години ме дупат недоветни политичари, јас сум при крај со нервите и сега…..“

“Драг мој пријателе, драг гледачу чај од жалфија, само чај од жалфија, секој ден по три пати гаргара со чај од жалфијаи за четири месеци до осум години ќе им поминит….за нив….., а за тебе солна киселина и одма ќе ми ти помнит.“

Тиииии бре ова Баба Ратка за све имат лек. Можда и за Жерновски ќе е убо да гаргарнит со жалфија мада мислам дека жалфија не ќе да е за освежвење на меморијата. Можда Бил О Бил е поарно да се сетит шо вети, а шо исполна. Пустиот тој немојт маглана од Скопје да ја отстранит не спомениците. Мада можно е ова со маглава да е масло на Коцета коцкана да не стресет малку или пак конечно да го добиеме она шо две децинии го плаќаме, а не сме го добиле. Еве и на дело видовме како е некој да ти продават магла.

Зато и Брена и Харис нејдет во Охрид за Нова Година. Ради маглата. Не ради пари. Зш например за двајцата негде ќе требит околу 50 000 евреи за 20 песни. А таа сума за општинава наша е вагинален дим. Не е проблем да се платит. Кај сме задолжени милијарди за уште 50 000 еври мака било ?
На Скопјани лесно е да ги подзаебиш. Мојш да му речиш дека пејт Шаќира, а мојт да пејт Весна Бејби Петрушеска, да прајт хуманитарен концерт например да соберит пари за зелка расол да си клајт. Зш од маглана не оти ќе приметет скопјани кој им пејт. Ела нас заебине бре алоооо….кај нас видливоста е над 10 км. Уф лажам. Беше така. Ама последниве години со новоградбиве ни ја скратија на по 500 метри.

Ќе забораев. Колумнава ја пишам на три пати. Да бе. Ни исклучвеа струјата. Ко ќе им текнеше. Прво се изнервирав ама ме смирија две работи. Ојдов да се карам со батето шо исклучвит, уклучвит кога ќе му прднит без да ни кажет, санќим од татка му стоката е и ми рече ДА, од татка ми стоката е. А ако ни се расипит нешто му викам. Ме болит стапот ми рече. А му викам, оние 33.33% за моќност шо ви ги плаќаме в гас ги пикате? Да, рече, в гас ги пикаме. И оп. Ми се разјаснија работите и си ојдов смирен да прам гаргара со жалфија.

А Заев ојде Скопје на Бит Пазар не за жалфија да купит, ами да ја промовират својата идеја за подобра НСРМ. И не само таму ами беше и на пластичарската улица. Значи зајко продолжи да посетвит важни стратешки места за кои ваљда ќе му бидат основ за еконмски развој на држава ко ќе дојт на власт. Ако се средат пластичарите и пазрџиите ете не нас во Брисел на стол. Сите му шлашкаја мада некој можда не ни знаеја кој политичар ги посети ради маглата.

Да се шлашкало. Сега како шо ја почна агендава би требало да го посетит автопазарот во Босилово, складот за гној во Свирипичино, автоотпадот во Велешта и Ат Пазарот во Подмочани. А очеквам да е гостин и кај Баба Ратка.

А да. Уште еден добар потег од арсеналот на препоептемнајдобри потези на министерот за здравство. Лекојте шо се без рецепти ќе мојме да ги купвиме насекаде не само во аптеките. Значи аналгин и некој такви рабоќе ќе мојме да купвиме и на бензиска и во бакалница и кај автомеханичар, во јавна куќа, во работилница за шпренговање на амртизери за колички, кондураџија….сегде.

Ојш на бензиска, Жарко ти турвит бензин ти му се жалиш дека те болит глата. Тој ко ќе дотурит ваѓат апаратот за притисок мерит….висок е….лориста данк…не е …земи само аналгин, еве купи и парацетамол за навечер малку да те отпуштит, а ако те стегнит појќе мани и Дикло Дуо ама со ранитал ради стомакот и на крај се знајт….жалфија. Како ам. Ако можат таксистите да одат на филолошки мојт и Жарко да завршит некој курс за сестра, аптекарка, бајач…..било шо. Оф мори моја чудесна македонијо.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.