Случајно да ми беше до мене Саше Политико, ко ќе го замев со два три шамари, па со клоца, па бокс в теме, по со гла в нос тииииии…. ќе го снеможев. Ама јас од среќа. Не ко другиве од шо го мразат и само го чушкет детево ко да е клошар, ко да досадвит на пресој, ко да ги пратит политичариве, ко да им се пикат в чмар хемороидот да им го сликат ко….. Абре го убија детево. Начисто го убија. Санким е врешче за бокс.
Уште Мирка Велиноска не го имат под нозе земено. И јас. А ми се мават. На Салета ми се мават. Аууууу ко ќе ми текнит Сарма како го зеде санќим астроид го погоди. Да ти кажам искрено се попишманив шо го спомнав во предходната колумна. Жими Зајко. Се посрав ко видов како го акна Салета. Дури сум на мисла дан се налутит на мене да не го викам Сарма појќе. Од сега ако сакам да го спомнам ќе викам зелка со мелено месо. И не виткам. Страв ми е дан ме свиткат тој.
Тук не кажав зш сум среќен та ми дојде……Коце. Коце ме усреќи. Ах тој златен градоначалник. Как не живеев во Скопје та мене да ми беше татко. Мислам татко на градот па и мене. Или пак некако да го меневме со Бакрача, тој да ојт таму овај ваму. Па и си личат, не ќе приметит некој. Абе чоекот, Коце, како натенане си зборвеше во вестите 35 минути за новиот револуционерен, така рече Коцка, систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз.
Јас едно време се збунив зш пола сат чоеков тантараше реков дан имат измислено некој систем за намалување на глобалново затоплување или пак имат најдено лепак за дупкиве во озонскава обвивка или пак пронајде средство за чистење на стакло, за ефектот на стакленава градина. Дури ми ојде умов дека имат чоечето изнајдено начин да ни ја искалемит нашава ДНК со она од гуштерицине па да мојме, скраја да е, ако ти ампутирет нога опаааа за некој месец нова да ни пораснит. Зш види….ти да зејш пола сат од вести да тантараш за нешто то морат да е нешто револуционерно. На такви работи му се отстапвит и место и време. Како ам.
Зато на пример му се посвети време и место на чирот кој го стегнале и излегло гној. Се пофалија од Сител дека то била најчитаната вест. И така требит. Зш види обично ко ќе стегниме чир излегвит мед, некогаш млеко, некогаш сарма…не не не не…..зелка со мелено месо…..а види сега жити Господ излегло гној. И како да не се фалиш дека си изнашол таква вест. Молим те.
Незнам пак како помина со број на читатели веста кај шо водачот на вечно загрозените, Али Амети, постави нови барања до ВМРО и до СДСМ. Јас ја прочитав. Како секогаш шок Али ја искажа скромноста во својте барања. Мада јас би бил малку поревносен зш во ниту една точка од новиот договор за стабилизација на стабилната НСРМ нигде ги немат албанците. А шокоф ми се чинит дека и список за стрелање да имат ќе се налутит ако ги немат неговите загрозени. Важно да се спомнати. Не е битно али за арно али за лошо али зарди Али.
Пропорционална поделба на буџетот, ротирање на клучните државни позиции, прашањето за употреба на албанскиот јазик биле дел од барањата кои ќе требет да се разгледвет на работните тела формирани по договорот од 15 јули. И сега барат многу борецов? Јо.
Па заслужвит чоекот кој многу напрајл за државава да се приклает уште некој барања кои се круцијални за меѓуетничкиот мир во НСРМ, како на пример, да се укинит бурекот со месо, за полицајците кои ќе се ноќна смена да се воведит фосфорно кече со катадиоптер, наместо полициска капа, нормално заради нивна безбедност, да се исфрлит од македонската азбука буквата Х, а да се клајт меко Р…..и така…колку толку.
Само ме интересират зш нигде во неговите барања не се спомвит транспарентната истрага за слободарскиот огномет во Куманово шо ја спомвеше и бараше истиов шок шо го напраја негојте другарчиња. Или пак сега ко ќе се зборнит за то му се вртит на мировецов во глата, па поубо да го обесет батета. А шок? Многу скромен ти бре vëlla.
А искрено и Шеќерка е скромна. Јас не знаев пусти шаторџии дека си донирале за доброто на својата партија. Арно ама Радето не дала ни денар годинава и одма некој дотични медиуми ја нападнаа ја растргнаа како можела толку иљадници евра од кирии да земвит, а од друга страна…..абе немојте така. Морат да се штедит. Една бебешка количка можда е 20 000 евра, месечно за памперси јас мислам дека над 15 000 евра требит да се дает….па море една ладна фризура е над 3000 еври…алоооо….иначе јас ќе останев со права коса?
Зато немојте одма да напаѓате и да се ситите зш ако дошла мечката кај комшијата оро да играт мојт и кај тебе да заиграт. Или да запливат.
ЏИМИ
[email protected]
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.