Мирен. Не, не, никако. Чекај не брзај. Мисли малку со тиквата не биди како залутан министер. Никако на шарен хамер, на бел. Ние немат да го дотолчвиме нити да го фарбаме. Денес ќе сме со другите ко сите шо прает. Делми сакаме да го спасвиме. И пиши вака: ВЛАДИМИР БРАТЕТЕ… чек не. На име од ко е ко посран е ни успешен ни…вака: ДВОЈЧЕ НИ ФАЛИТ ОСЛОБОДЕТЕ ГО ДА СЕ ГЛУПИРАТ ВО “ЗДРАВО ГЕНИЈАЛЦИ“ . Заедно со Туфи.

Не бе и вака не ме бендисвит. Ако е за глупирање со Туфи, ете се глупирет ко градоначалници. Мада да ти кажам имаше еден генијален потег. Бре бре како му текна со онај филџанон на кружнион ко ќе влегвиш во Битола, па, па па. Санќим влегвиш во Рио Де Жанеиро. И многу убо го имат смрдено пазарон. Шетан сум таму. И на зима сум биден. Намерно не го чистит мразон за да не градит лизгалиште. Да заштедит пари. А пак заштедените пари ги искористи многу паметно. Наместо да најмит стари издрндани авторбуси за децата за на школа, тој паметен, можда плати тројчка поскапи ама купи свемирски бродој. И не само ради то. Требит и ради друго да го браниме. Не глеш кој све не излезе да го фалит и бранит. Море неколку собирачи на ѓубре, еден продавач од на пазар, па тој шо ја одзатвеше канализацијата, министеркана, онај шо лепит кондури, па еден питач на широк сокак….абе кој не. Све угледни луѓе. И ние ќе си сејме со скрстени ноѕе? Немој така жити све. Ќе си ги рашириме како секој послушен народ. И то спонтано ќе си ги рашириме.

А ако не успејме скроз да го ослободиме бар да бараме да му го менат куќниот притвор со дворен притвор. Зш греота е чоеков смрзна дома 24 сати под клима. Абре ќе настинит ќе се бутуросат, мрсули ќе му се растечат, ќе се размрсулајт ко некое бебе испосрано. Вака в двор бар поприродна клима ќе имат.

Как да е ваљда ќе го спасиме ако не пак не се секирам толку зш си имат автобуски превоз и ќе завршит работа. Мене ме секират ова излегвењево на Британија од ЕУ. Цела Европа, а посебно Македонија ќе трпит многу јаки последици. Ексик. Брегзит. А таман почнавме да станвиме лидери во регионот.

Прво ќе претрпиме стопански шок. Ќе ни пропаднит проектот “македонија вработува“. Жити леб кого сега ќе го вработиме, а зедовме засил да отвораме по 12 фабрики или компании годишно. Нашиве сите се сосаа. Немат појќе невработени. Со последната акција специјалните единици “Омеги“ се растрчаа по улици и кој немаше работна книшка пендрекот в гла, џанк в комбе и на работа. Дури во акции учествуваа и шинтерските единици. Акциите исто беа организирани како шо се организират собирање на кучиња скитници на кој после то им се давет апартмани. Не личит така по улици да скитет како песој кучињата.

После ќе морат да ја затвориме фабрикана за ретровизори во Белчишта, шо е одавна затворена. Немаше Ровер, Остин и други милијарда коли шо не користеа Белчишки ретровизори. Исто ќе морат да ја затвориме и фабрикана за пуфки. Поточно фабрикана за пченка, па ние пченката им ја продававме нив. А тие, цела Британија, посебно англиските политичари им продаваа пуфки на цел свет.

Па ќе следит затворање на многу плажи зш 99.102 % вработените на лежалките по плажите беа Британци.

Но мислам дека она шо ќе е најболно и од шо најмногу ќе патиме е безбедноста на нашата држава. Кај досега се боревме, така викет нашиве, против САД и ЕУ кои ради нашата стабилност, огромната меѓуетничка толеранција, мирни меѓуполитички улични војни, меѓу национални братски односи и.т.н сега веќе имаме нов момент. Од сега ќе требит да се бориме и против Велика Британија. Уште една контра македонска опција.

Не за друго требит ко ќе кажвиме дека друг ни е крив и ко ќе дојт на ред ВБ (не велики брат) ко ќе му ја писнит: и Англија и Велс и Шкотска и С.Ирска…..ехехеееееее. Устана пена ќе му фатит. А пустион тој ко шо незнајт да читат…..абе февга ќе фатит. Вид виделина ќе се невидит и тој и онај шо му ги пишит говорине и НСРМ.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив