Е па бате Бане….уф …грешка…..е па Македонче….е па паси. Да бе. И извини бате Бане шо вака касно ти пишам ама еве полека ти пишам за да мојш ти полека да читаш. Уште не ги знам официјалните резултати, ама бате Бане морав да ти  пишам и извини шо ќе ти речам дека ја посра работата.

Прво да ти кажам, бате, дека ние сме арни, а како све вие? Ако ти си со умот во Нов Зеланд ние сме уште и не само шо сме, ами коски ќе остајме во НСРМ. Вчера беше, бар ти како шо кажвеше денот Д за држава наша. Морам да ти кажам дека имав трема ептем уште од саботата зш ти така ме припреми и ме шашардиса.

Морам да ти кажам дека сум многу загрижен и полн со прашалници во контекс на то кај ојде шлеперот и колкава е жабата? Имам уште многу прашања ама во интерес на времето, зш НСРМ нема време за чекање, а македонецот нема време за читање на колумни, па зато ќе те прашам основното и кратко.

Мил бате Бане. Мил наш отпорашу.  Цел ден бев сконцентриран на изборите кои, бар ти како шо кажвеше се да се бидит или не, ваљда Македонец, незнам, и пратев шо се случвеше во нашата ни држава. Голем дел од твојте другари излегоа да се жалат на прекршвење на изборните закони и далавери шо се случвеле на гласачките места. И сега би сакал да те прашам, се надевам ќе ме сфатиш, дали турскиот судија Чакир е крив Манчестер шо испадна давајќи му црвен картон на Нани или пак крив е самиот Манчестер шо имаше пет стопроцентни шанси да дајт гол, а не даде?

Дан те збунав? Или ај вака да пробам да упростам. Дали ако жената е фуксица крива е таа или нејзиниот швалер или пак ти? Баш ме интересират дали ти ќе се стајш во улога на мажот на фуксицата за да ме разбериш. Следствено то ме интересират дали ќе ја скршиш од ќотек неа, ќе се тепаш со швалерот нејзин или пак ќе се си го свирниш куршумот сам.

Според она шо досега го имам видено, мил бате Бане, мислам дека ќе се тепаш со швалерот. Е сега се прашвам зж? И пробвам да одговорам. Имаше шанса да приметиш дека жената почна да се фрцкат. Ти не реагирише зш беше убеден дека и прајш све како шо требит. Ај шо беше убеден ама и сите покрај тебе ги убеди дека е така. Дур кажвеше сонина дека та е крива шо забегала по таков пат,  таа си се  в доми кај швалерот. И сега …….ти си крив или тој е крив, шо ти си крив шо та ојде кај него?А?

Незнам дал ти е јасно шо сакам да те прашам. Зш нејќам да бидам отворен и многу е глупо во колумна и јавно да ти кажам дека….е па бате Бане…..е па се посра. И колку да го обвинвиш Чакир за црвениот картон сепак ти имаше неколку шанси за гол и никој не ти е крив шо не ги искористи. Ако постигнеше гол на дадените шанси Чакир можеше да дајт и три црвени картони, а Манчестер ќе победеше.

Тогаш Мурињо или Реал или пак ако ти сакаш Никола ќе ти се фатеше за ноктето од малото прсте на левата нога. Вака мил бате Бане појќе немаш право да се жалиш на грешките и далаверите на судиите во натпреварите. Ај шо ја посра работата и шо изгуби на глуп начин од Реал, ами потрагично е  мил мој Бане шо ги убедите следбениците твој, играчите нели, дека крив е судијата, а не ти шо почна без Руни и шо влечеше погрешни потези и шо тргна со погрешна тактика во мечот да се биде или не. Бар ти така викаше.

Извини шо досадвам ама сакам да те прашам, како жабата испадна поголема од шлепер? Покрај мојте прашања, извини шо се дрзнувам да речам дека имам и некоја молба и сакам нешто и јас да кажам. Зш досега ти кажвеше, а твојте играчи те слушаја. Молим те, денес, утре, задутре, ќе почекат народецов наш, размисли дека ако твојте играчи немаа гс да ти кажат дека ти е погрешна  тактиката, ете јасно ти кажа и ти докажа Мурињо, да не речам Коле, дека твојата тактичка игра е излитена и прочитана.

Она шо сега морам да те замолам е следното. Молим те бате мој мил појќе не ме брани, не го брани македоснкиот народ од пропаст. Сега биди си мирен и она шо ти останвит е твоето огледало да си се гледаш, да си се слушаш, да си се послушаш. Едно време ми беше несватливо Коле ко викаше дека за све ти си крив. Ете видов. И то Никола го докажа на дело. Навистина делата зборвеле.

Зато нас остајне. Се виде и ние какви сме. Како и да е ја видовме конечно реалноста. Ваљда ја виде и ти. Мада за тебе ич не ме болит, се имаш нафатирано, ама видов дека народецов во државава живеел во заблуда. Бар таков в печаток имав годиниве од реакциите на народот дека не чинит ова влада, дека пропаѓат државава….ама ете народот македонски кажа. Ете македонскиот народ  кажа дека вака му е убо, зато бате Бане немој да си се осмелил да му ја расипиш среќата….Е па пред фактите, овај пат пред бројките и Боговите молчат…. е па бате Бане е па ојси…..е па бате Бане е па молчи……..е па македонски народе е па молчи….е па македонски народи е па…..паси….

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.