Ебате то среќата ебате. Абре купви ти златна лента, околу 100 метри зедов, ножици позлатени, поникловани, море хелихоптер нарачав за Агушета, а јас…..јас израдван ко мајка на посрано дете. Не спав денојве. Све се накитив и ко слушам оние никаквине од АМСМ, да се амсмснат веќе, не е спремен автопатот Миладиновци – Штип за пуштање.

А знајш колку го чекаме? Знајш колку време чекаме да станиме светски рекордери во праење на пат? И сега шо? Се скренав збеснав и од љутина ми дојде да купам танга, хеланки бели прозирни и да одам на парадата на 29-ти јуни.

Абре како е можно две влади да не напрает еден пат?

Ко подразмислив малку, се смирив и си реков, абре не скокај одма не напаѓај. После се чудиш зш по мејлојне после колумните некој ти викат вмро-овчиште некој комуњару. И требит да те викет зш то е заклучок на паметни граѓани на НСРСМ да не речам научници шо знает све ко Тасета од Кравари шо се јављат по сите утрински телевизи и тематски емисии.

Види сега вака. Ко ќе размислиш пак поубо не е така лесно се прает огромните недогледни 60-тина километри. Да мојше и Кољо ќе ги напраеше а сега и Зајко. Па чекај бре малку застани. Па обични луѓе се бре не се роботи па оп за 15 години, ти дур речиш оториноларинголија тие да го напрает.

Јапонци да донесеа, ко мрави да работеја немојт да се завршит. Ете се проба со кинезите и шо бидна? Тие можда и поработливи се од јапонците, ама пусти од шо им се коси очите видикот име е ко игла не туку гледет убо. Е шо како така? Шарено, ко револуција, едните тунелот го изваја во Софија, другите кај Блаце и како да го спојат патот. Е одма тука искористи Вучиќ и напрај пат. Двајца ја „дупат“ Македонија третиот ни го закачи….користит де.

А таман ќе го пуштеа овај нашиов се напрај контрола и се виде дека не се сите критериуми задоволени. Пробно беше пуштен еден ден и се виде дека возачите не можат да се снајдат ако толку е рамен. Немало доволно дупки и никој не скршил бандаж. После собраното ѓубре фрлено од учесниците во сообраќајот било под сите критериуми. Не собрале појќе од 10 тони, влажни марамици, влошки, пластични шишиња, кеси од смоки, а комисијата сретнала само десет души кај шо мочет крај патот, а исто немало појќе од 5 шо се посрале. И како да го отворет? Е од ко ќе се завршит ова требит Шилегов и другарите шо добија метла од Зајко, цел да го изметат и ќе го пуштат.

А од друга страна имаше и побитни делници да се средат кои државиштево сега ко ќе влезиме во ЕУ требит да бидит поврзана со сите држави. Или поточно Скопје како акропола да се поврзит со сите европски метрополи. Како пример: Свирипичино – Врапчиште-Атина, Сарамзалино – Брежани – Рим, Сарај –Вејце – Тирана, Подпрдалник – Брежани – Париз, Чмарово – Дабиле – Ватикан и други. Е да се отворат овие делници после автопатите.

Тук види дал се готови петулиците и сољта да го пречекаме чоеков шо ми идат да се самозапалам шо не го сакав. Ќе го пречекаме и ќе се побратимам со него. Многу коректен чоек. Ептем. Без никој да го терат си поднесе оставка од пратеник. Само големи луѓе го можат ова. Ашколсум ефенди Коле. Браво.

Ееее каква жртва прајт чоекот. Со овој потег се потврдвит дека секогаш бил жртва за неговото членство, а еве сега и за пратениците сопартијци. За да не се думет тие во парламент дал да му го одземат мандатот тој ќе поднесит оставка. Зш и нив не им е лесно. Требит да се думет дал тој заслужвит да е исклучен. Зш то шо е осуден по 123 кривични дела и пријави само ги фрлат во хаос од размислување. То е причина или не? То шо 6 месеци неоправдано е побегуља не е кизнајт каква причина за аут. Е да беше обичен прост македонски работник после 3 дена неоправдано отсуство леташ автоматски.

Како рече? Оф леле мајко. Чешче да дојт со авион да ја поднесит оставката, Папана лајна ќе јајт со пречекот. 100 пати поубо ќе е. Ама изгледа ќе морам јас да го земам. Зш рече како си ојдов така ќе си дојдам. А гепекон од колана моја имат 600 литри. Комфор.

Џими

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите