Да беееее. Е ова е сплотеност. Е ова е македончето да се гордејш со него. Вака се станвит лидер во регионот. Знаев. Знаев жими сите политичари дека Велигден ќе не спојт, ќе не напрајт прави христијани и ќе го покажиме нашето христијанско горделиво лице. Без бубуљици и акни. Баталивме и политичка припадност и газолижачка припадност, се гушакаа сите, вмро- ОВЦИ со сдсм-ОВЦИ, се зближивме и од шо бевме блиски в уста си пљукавме. Покрај јајцината наши секој во својот дом без разлика на политичка испосраност како симбол го прифати и го напучи зајко. Да бе зајчето наше мило.
Според легендата шо ни идат од Германија птицата на раката на Божицата на плодноста Еостра се претворила во зајко. И германците ги лажат дечињата дека зајко снесвел јајца, шарени, во паркојте и тие малите, нормално мојш да ги лажиш, да ги барет јајцината. Шарените. Да бе. Ете од кај била врската помеѓу шарените, јајца, и зајко. Јас се изненадив и думав думав дали кај нас во НСРМ имат таков зајко кој нас не лажит дека ќе ни покакат јајца и то шарени.
Не открив. Открив само дека постојт зајко кој се покаквит, ко секој жив оргазнизам со развијан дигестивно-покакателен систем, а не најдов податоци дека имат зајко со развиен дигестивно-тресателен систем за јајцина. Шарени. Ако некој најт нешто врска помеѓу зајко и шаренилото, нека ни кажит. Тогаш то ќе бидит револуција во биологијата.
Дур сум овде. Многу ме бендиса нована реклама за сплотвење на сите народи и националности во НСРМ. Ептем. Она мозок шо ќе беше шо ја смислил дури се подумав дан е воскреснат Ајнштајн. Иначе обичен мозок немојт да се сетит.
Се кажвит како на сите мојт да ни се десит, како мојт некој ниско да не удрит, на сите, Aлбанци, Mакедонци, Tурци и други и дека на сите исто не болит. И одма џанг следвит жив ѕид и фудбалери од различни националности се држат за мадиња. Нормално де така се стојт во жив ѕид. По по по по ум и пол скоро два. Демек на сите не болат мадињава за државава. Само по соодветна и со огромна порака ќе беше во живиот ѕид да застанат политичари.
Абе ептем последно време се сплотвиме. И очеквам под хитно, неодложно, ако не овај петок, друагата среда или пак бар за едно 4-5 години да избериме нова влада. Да да. Сите се решени да се ојт кун то зш сите и` сакет добро на државава, на сите ги болит за иднината на нашите деца, како шо реков погоре. И мислам дека е крајно време. Морат да се изберит. Еве кажаа и од здружениево “За подобра Македонија“ на челот со најголемиот Mакедонец, на чело со најголемиот загрижен за НСРМ, дека се` за брза влада до која ќе се дојдит со нови избори.
Мада пак трошоци ова она ама и јас мислам да имат нови избори. Едни пак викет е шо ќе се менит во умот на македончето за некој месец. Ваљда не сме таков народ да се превртивме како сончогледи па да имаме други резултати? Или пак арна подлога сме за то незнам шо да речам. А ако пак нејќеме така да избериме влада имат еден друг начин. Онај октоподот шо одбираше победници на светското фудбалско првенство делми ојде фира.
Е зет негов за две сестри од прва брачеда и тој така гатал и да го најмиме него. Ќе ги клајме Зајко и Колета во по еден кафез, ќе ги спуштиме во вода и ќе го пуштиме октоподов. И нека пуштит некој крак на еден од нив и на кој сакат тој нека му го дајт мандатот. Па да му се прднам во него да му се напрдам од 8 краци ќе погодит некој од овие двајца и ваљда не ќе го скријат мандатот па на никого дане му го дајт?
Зш глупо е животно да не му го дајт мандатот на еден од овие двајца, зш глупо е животно да те заебават. Ваљда имат мозок појќе од колку да имат два краци. Само едно ме думат. Немој да сте го зеле онај октопод од пред 20 тина година ќе се посериме во намерата. Нему уште тогаш ехехеееее Баненце му ги скина краците за ние сега да уживаме во овие благодети.
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите