Го гледав Валентин Николовски на вестите на Сител. Жими све. Не беше Латас зш забите ги имаше однесено на перална ама констатирав дека Ваце се посра од радвење. Да бе. Гостин му беше еден од министрите не НСРМ. Маллееееее колку беа среќни двајцата. Валентин посоли, побибери, изренда и ја прикажа македонската кујна. И башка…многу беше среќен. Некако ми изгледаше ко тој министерот да му го подонади, шо не му прсна чмаративниот зид. Среќа….радост….за Валентин…..за Латас….за Сител….ама…шо бе ама….требит да е среќа и за сите шо живеат во НСРМ.
Бар ко шо кажа овај министеров некој ги искарал Грциве шо не не признавет под уставно име и тие се пострале. И сега не знаеле како да се извает од целата пиздарија. Како ам. Морееее алоооо. НСРМ не е само шо е веле, ами е и сандре, ами е и пере СИЛА. Јас како шо го сфатив Ваце рецепти шо читат и министерот дека ако некој наместо МАКЕДОНИЈА речит БЈРМ или нешто со друга претставка ќе го манит струја ко она шо е во америкине за децана да не се мочет надвор од дворот нивни. Ќе го стресит. И нека ги стресит. Нека ги забиберит. Браво Ваце како му напрај фелацио на министерот. Браво за министерот колку убо му сврши на Вацета. Браво за мене шо се возбудив.
Мада и на некој начин и јас свршив. Од среќа. И то на плештите да не речам на грбот на еден Македонец. Да не речам на македонскиот грб. Да бе. Немој сега да читаш и да прајш филмој дека јадам трици за новиот грб на НСРМ.Нееееее….немам таква намера.
Мада види. Мислам дека е то добар потег и паметен. Зш тој нов грб, или по охридски плештец на напатениот македонски народ, ќе го решит и проблемот со името.Како ам. Мојме комотно наместо НСРМ или РМ да се викаме ПЕЖО и конечно никој да не ни попречвит да чекориме по интегративниот пат накај НАТО и во ЕУ и други асоцијации кај шо ќе бидиме задња рупа на свирало.
И пак сме лидери во регионот. После Белизе, Јужна Осетија, Бурунди, Либиска Џамахирија и други ептем јаки држави сега први од регионов се заимавме со Виетнам. Бар така рекоа нашиот Хорхе и подпретседателката на Виетнам Нгујен Ти Зоа. Најмногу се задруживме со нив за како и други велесили така и ние да вложуваме во Виетнам и ако не дај Боже ги нападнит Кина да ги одбраниме. Ам шо мислиш ти…реков ние сме веле сила.
Ко за прво ќе им напрајме неколку споменици и на секоја раскрница кружни текој за да можат и тие како НСРМ да се вртат во круг. А и друго шо ме бендисвит е то шо кај нив немат ја бав ја тав, се изнервираа заради Јужното Кинеско Море и запалија дваесетина кинески фабрики кои се Кинеска инвестиција во ова земја.
И сега ако се повлечит Кина како главен инвеститор од Виетнам ќе скокниме ние и ќе го спасиме….ќе свршиме работа. Нормално то ќе бидит билатерално така да и Виетнам ќе вложвит кај нас, некош ко ќе имет, така да и ние ќе свршиме работа. Мхм. Плус то мојме и да увезвиме од кај нив ровој, пушки, митралези и други работи кои со години се заштитен знак на Виетнамците.
Пак Села, стружанецон ме просветли. Ја откри Америка и ми кажа дека Турција не се граничела со НСРМ. И покрај то му било глупо во пописните листи шо имало Турци, а Бугарија и Грција ни биле соседи ( замисли – не знаев – браво за шок Села за познавање на географијата ) а немало графи за Грци и Бугари. Како шо е тргнато можда ќе требит да воведиме графа Виетнамци, а полека полека немат да ни требит графа Македонци. Богами.
Е сега само една нејаснотија ми остана ова недела. Многу политичари пак упатија апел дека не се задоволни од процентот на наталитетот во државата. Бил намален од пред 5-6 години. Тие викет дека проблемот не е во економската ситуација во која е државава 100 години. Се сложвам. Проблемот ќе да е во јаловост зш кој стигна и како стигна го дупит овај народ а никако не се размножвиме.
ЏИМИ
[email protected]
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.