Абре 100 години живеев во заблуда. Се осетив како покојна Доста Димоска ко рече дека таа 25 години живеела во заблуда вервејќи во комунизмот. Дека 25 години заблудно ги користела бенифициите од системот ко беше нишај врата земај плата. Жената 25 години земаше заблудно кредити, а последните рати и беа како кутија цигари. Заблудно 25 години фукаше од тој систем и после кажа дека е многу заблудена.

Туку нека почиват во мир, мене ме снајде истото. Векој мој сон беше да живеам во Париз, да сум уживал во Франција, да сум осетел француска нежнота, да сум …..абре иди бегај. Овде само овде. И само во НСРМ се живејт. Багателски. А уште поубо во Охрид. Е препоептемнајубо баш на “Димитар Влахов“ . И не само на Димитрија ами екстра препоептемнајубо позади Собрание.

Море море каква тактика имет напраено да им погодвет на жителите од овај дела на ова улица. Све систематски. Да бре. Имаме нов асфалт. Е де не се кикоти ко недозреан на прес конференција. Ајде искрено да речам. ИмаВме асфалт. Ката месечина ни го копет ама то ти е све од многу памет. Ак немет видено од негде во странство како се прајт то, како се редит струја, довод , одвот за нови згради јас еве.

Мене ме бендисвит шо например ко ќе се прајт нова зграда не се редит одма за цела зграда одвод. А да не прајме муабет дека се имат некој глуп источњачки, простачки долгогодишен план за инсталирање све шо требит за сите згради. Не. Овде се работит инаку. Прво се вселвет луѓево. Овие со булдужериве се на готовс. Како на кој во зградава ќе му се присерит звонет по фирмиве и овај дур седнит на шоља и дур се истотолит овие почве да сечет асвалт, да редет канализација, да закопет, да остает дупки, ние да се калосаме, да подпропадниме со колине во дупките, да испокршиме раце ноѕе….како ам.

Е сега ќе требит да имаш кжсмет да не си втор шо ќе ти се прикупарит. Зжш немат дрискање дур не се клајт асфалт на то шо се копало рудници за првиот серач. Не брате. Си имат ред, план во ова држава. Во ова општина, дури и во ова парче на ова улица. Како ам. Све е дигитализирано.

Е исти ваков преинтелегентен систем на планирање на изведба на вакви работи не е само за газателните потреби. Туку и ко ќе се вселиш ако ти притребит струја пак си ѕвониш кај шо требит, булдожерите ржскет по асфалтон, ние ужуваме во калојне и дупкине тебе ти редет кабел, ама пази за секоја сијалица нов кабел. За секое говно нова цевка. Ам како.

Зато бре луѓе, зато бре Македонијо плаќајте редовно сметки посебно за вода за да и вие ги осетите овие благодети како ние. Е ако не знаеше во ова е проблемот шо уште немаме Влада. Да да. Е како? Ај малку укличија логиката ако ја имаш. Пред некој ден ги  кажаа сите големи должници за сметки за вода. Е нашата Влада, значи влада ко ќе речам мислам на сите, од пред 30 години, ти била најголем должник за вода на НСРМ.

И имат логика. Ако некој за овие 30 години се просеравал најмногу то е владата на НСРМ. Ај шо се просеравет ами ете виш и не плаќале. И кај е сега врската шо сме како село без кучиња, без Влада? Ти теквит ко рече Зајко дека го чекет одговорот од командат Амети во вид на потпис? Е така да ми си здрав и жив. Ти попаметен и од Миленко си бил и од Владета глумецон.

Значи во македонската платформа од Зајко, апропо албанската, стојат изјави кој требат да се потпишат од страна на борците за права, во кој изјави децидно требит да се наведит: дали член на идната Влада воопшто планират во мандатот да се просерават. Ако се просерават колкава количина мислит да истртат за еден мандат, ако се префрлит ограничената количина кои мерки тој би ги презел против сераторските потреби и.т.н. Зжш Зајко, а и било кој друг мандатор ветија дека конечно ќе се напрајт Влада која немат да се просерават за да не ја оптеретвит НСРМ-овската канализациона мрежа. И се сложвам со сите идни мандатори, дури кај не ошло и со Села, дека доста ние Влада која многу се просерават.

Е зато се каснит од Аметија со одговорот. Тој ги истестира својте кандидати и се чекет сега фекалните резултати. Е сега и ти шо биле фекалии, как да ти такаш, со еден збор ѓубриња некој. Зш нас не ни се потреби ѓубриња да ја водет државава како до сега. Сакаме чиста држава. Е сега ако не постојт никаков начин да се секнит просеравањето на идната влада или пак ако немојт скроз да се секнит бар да се намалит на минимум владинотот просеравање. Па то е судбина. Ќе морат и понатаму да трпиме. Шо да прајме. Живејме во НСРМ и ние сме си нсрм-ОВЦИ.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите