Леле леле шо беше славење,  играње,  пеење,  лумпување море море не се знаеше кој играт напред кој назад. Шуле мешат со мешено, Дачка до него вртит со шамивче, а јас од среќа ко кокошка заклана те напред на орото те назад. И то пази, све то го напрајвме без струја, а зарди струјата. Да бе кај се вративме на исконските тапани, пеење без микрофони и појачала тук и поубо си помивме. Славевме две работи. Поврзани со струјата. Мислам дан се разбериме погрешно, не в струја поврзани ами во врска со струјата.

Прво писнавме оро зш од ЕВН кажаа дека биле спремни за ова зима да не се секираме ќе немало дефекти. Да бе. Кажаа дека 21 000 километри се проверени, набавени возила за непристапни терени, така да и на месечина да се зезнит некој далновод ќе го попрает, вработиле 300 и кусур електромонтери….абе шо ти не. И сега ај кажи како да не маниш пајдушко и како да не им плаќаш 200 евреи месечно ?А? Абе срцина се, све прает за народото во НСРМ.

И таман стиша орото ко сме рснале една гајда зш стигна нова вест за струјата, а во моментот бевме без струја. И убо шо стигна нова вест за струјата, зш немавме струја и дома ќе се напраевме ко понгвини, а вака со  оро……алооооооооо стрикоти Кочо Анѓушев претседателон на Македонската енергетска асоцијација изјави дека ова шо дента го немавме, струјата мислам, ќе поефтинела за 30 постоооооооооооооо. Алооооооооооооооооо.

Лелеле ко писнав напред на орото….Гооооол ќе шетам мајкооооооо по куќииииии лелеееее…..еј алоооо. 30 % подолу, абре шест  клими, осум радијатори, четири кварцни, две термо печки шески ќе купам, ринглите в крај, а јас разгаштен дома распиштолен санќим кај Маленко сум,  во хотелонРојал Вју во саунана. Леле мајче кој ме гледат. Ем стоплен,  ем не вервам дека ќе дојт појќе од посрани 200 евра, како сега ама пак престоплен. Само едно ме јајт јанза. То ќе било од година, така да ова важит само за оние шо ќе ја преживеет ова зима, а не ќе се многу  и уште една работата. Ќе поевтинело ова шо го немавме во Охрид викендов, струјата, на први април. Зш мајката го одбраа овај датум за да не израдват? А?

Е вака се оправат НСРМ. И не само вака. Ами и со УЈП. Алал да им е. Го затворија еден Џамбо Маркет во Лакавица штипско кај шо имат страшни услови за да се прајт стопански криминал. Данк 4750 евра казна. Како ам. Прво и прво продавницата кизнајт шо роба имат  внатре. Од леб, млеко, сољ, вегета од ефтинана,пипер…..абе шо ти не. После ај шо Лакавица имат скоро 150 жителите то ко ќе нагрнет и од селана Балталија, Горачино, Степанци, Суво Грло и Пухче  уште скоро 78 души…..тииии то промети промети се прает. Како ам.

Додуша им ја отворија за два дена ама не требеше. Е сега рака на нога да сме искрени то супермаркетиште не е  даночен обврзник зш имат таму помалку од  300 жители , ама не го исполнвит вториот услов. Лакавица ти требела да бидит ридско планинско село. Е кој им е крив на Лакавичани шо живеет на равница. Не така? Зш види, твојот данок е твојата иднина, шо значит ак размислиш логички шо појќе продавници, посебно ко ова супермаркетиште, се затворат,  то е поголема твојат иднина.

Морат да се опрајт ова нашево државиште да ги искорстиме сите шанси шо ни се даени. Еве во петтиов извештај на ЕК за почеток на разговори на НСРМ, за во ЕУ пак дури два пати беше спомнат зборот “македонски“. Така да како е тргнато, а со нас немат заебанции, во десетиот можда ќе е спомнат дури 3-4 пати. Како ам.

И зато требит да поработиме и на други работи, како на пример, пример велам на меѓусоседските односи, како и на односите со етничките заедници внатре во државава. Требит да  се прашаме шо лајна имаме изедено шо во Приштина пак запалија македонско знаме. Исто така трбит да го сфатиме и Зијадин Села, зш сакат да ја урнит триумфалнана порта кај Вевчани и да ги вратит тројазничните табли кај шо ќе пишит и на албански. Како ам.

Тој додуша како шо рече, македонците години уназад неможат да се наситат да им одземвет права и други работи на албанците, во сопствената ни наша македонска држава. Шо сме дрски дрски сме. Така да морат да се преиспитаме, морат по хитно да почниме да работиме на то да ги подобриме односите со албанците, морат под хитно појќе на газов да се мачкаме со вазелин, подруг по коректен став да зазејме према албанците, за тие да имет поубај со нас а и ние со нив…..односи.

Сакав уште за една работа да напишам ама не ја разбрав баш. Заев рече: Не дај боже власта да го уапсит Бранко!  Абре чоеков последно време од зајак лав станвит пустинскиов. Ама мене не ми е баш јасно шо сакаше да кажит со ова. И сега зато нејќам ништо да пишам. Незнам само дал да му се јавам да го прашам шо сакаше да кажит директно него или пак да чекам да го уапсет Банета па да видам шо….А?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.