Абре доста беше. Доста. Па и на овај народ имат бре граница на трпение и за малку ќе го истаеше кубурот. Море готов беше народот на НСРМ. Го подизвај, се подума, ама ај ко ќе дојт, не дај Боже полошо. Ама како и да е, ете се случи и то во НСРМ. Се случи народ. Се собраа пред собрание, па да не претерам негде над 236 луѓе и јасно и гласно порача: не можит појќе никој да го дупит македонскиот народ освен тој шо ќе е на власт. Како ами.

Јас искрено им се дивам на тие шо излегоа, а посебно на тие шо не се појавија. Абе храброст е то алоооо ти на власта да им плесниш в лице и то пред собрание, кај шо пред некој ден манаа две прскалици како прослава за новата фасада, дека во државава имат сиромаштија???? Еј знајш шо значит то.

Јас сигурен сум дека на Никола гаштите му се стресоа и не можеше писоарот да го погодит зш од страв го фати тремор на рацете. Еве в сурат да ме пљукниш ако не си имат речено: лелелеееее шо напрајв со народов во НСРМ. Ми ги отвори очиве дека имат сиромаштија, дека никој појќе не се женит и не се мажит, дека бегет од НСРМ младиве дека……ама зш пак јас да сум крив за ова ко еве и Хорхе во Америка мана дека економијава ни е стабилна и младиве гледет перспектива во држава. Да Хорхе мана и мислеше дека е далеку, дека никој не ќе чует. Можда пак беше гостин во “Naked and Funny” па све то беше заебанција. Не знам.

И пази. Ај шо излегоа 236 луѓе, можда и појќе, знајш ти колку беа со нив од дома логистичка поддршка? Поооооооооо. Па мораше и такви да имат. Да стегет палци, да палет јаглен за да бркет духој, некој да пијат ракивче со салата за да видит колку му е сиромашно мезето и другиот да излезит. Све си имат свое.

Како и да е, народот напрај чекор напред, македонсиот народ, за подобрување на ситуацијата и корекцијата на власта во својте грешки. Ам ко имаме истушена опозиција и овие 236 се многу. Некој рече дека требеше и Бранко да излезит да му се дајт некако тежина на недоизваениот кубур. Ам цел ко ќе го извајме? Е тогаш нека му се мислит Никола имат да летнит од власт. Мада мене да ме прашат некој единствено ВМРО ќе паднит од власт ако го клает Бранко да е лидер. Според мене со овај шуплив народ чаре немат.

Искрено ќе одев и јас. Ама без да ми платит некој не ми се ојт нигде. Ко мојт Коце да им плаќат на тие шо одат на работа пешки или со автобус, зш јас да одам без пари. Абе потег џам. Како викет старине: луѓе со високо чело- голема интелегенција.

Само едно ме јајт јанѕа. Како ќе се провервит дека дошле со автобус или пешки. Како предлог пример….викам пример…за оние шо одет со автобус, да си имат на вратата контролори и да си седет со клешти и кој вработен како влегвит да му акнит обетка ко за овци на ушето. Е сега за да немат фалсификати обетката, на обетката да си пишит обетка за македонски овци и со грбот на НСРМ. И кој како влегвит на работа, портирот да му ја ваѓат или да му дават по некој денар…..Коце колку шо имат речено. Или ако му е останато по некоја коцка мојт и коцка да му дајт овај нека си ја продајт. Не така?

Е сега за оние шо одат пешки имат друг систем. За мажите ќе се измислит подмишко-потометар, а за жените за посигурно вагино-пото-белопрањски метар. И тука немат ф`тка. Идаш кај портирот и ти го матинат, покажвит потоњи смрдоњи и си земаш парица или коцка од Коцета.

Е сега останвит да го решиме проблемот со тие шо ќе идат со точак. Се думав се думав и мислам дека најдобро е да се нарачет апарати чмаро-пото-хемороидо-мајасоли скенер. Да бе. Стигвиш, го оставаш точкот, ојш на портирница, се напучвиш и за секој сегмент од промена на чмарот ти се земвит таблетарна мерна единица и ако ги задоволиш Коцевите критеиуми си земаш коцка или….

Да не должам. Како да е. Со ваква власт, ваква опозиција и вакви големи мисли од мали мозоци, посебно со ваков народ, со кубурот заглавен во газот, ние сме народ кој не треба да се грижи за својата иднина.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.