Немој аман денес не ме чепкај. Ифрит нервозен сум цела недела. Абре како, како сега ќе се живејт? Како? Си заминаа Зајко, Мила, Рада и Усеин. Ах леле мавни грому сред чело опериме. Подобра министерка за одбрана немало од Радето. Го напрај најголемиот напредок во армијата. На секој војник му купи по три нови чизми. Не, не, не три пара. Реков три чизми. Носеше јаки одлуки бре жената зш имат „мадиња“.

Но, Зајко покрај пар од тие имат и г`с за одлуки. Не напика во НАТО. Алал да му е на чоекот. Смена не смена име го реши проблемот со Грција. Е сега можда му се потроши и заглави кај бугарите. Можда пак Ковачески имат поголем ќе видиме.

Искрено за Залета ми е најтешко мада бев и уплашен. Си реков чоеков дане ја здувнит за Романија. Не не , Унгарија. Таму веќе имаме пратено шеф кухиње. Не ќе ги точкаме двајцата на исто место. Се рушивме од јадење и едвај се навикваме на гулаш, паприкаш и рибарска љута чорба. И сега си викам кој ќе почнит да се навиквит на сармале, мамилиги, мики, помана порколиу и други романски бучкуруши. Мада онај шо замина во Унгарија, покрај како шеф кухиње кој ја забибервеше македонската манџа, замина и како глумец. Поточно како глумица. Го сними филмот “Fugitive“. Всушност напрај римејк на култната драма на Васил Иљоски “Бегалка“ или по нашки побегуља.

Ја спрашти, а мака ми е шо на промоцијата не можеа да присуствувет родителите, брачедите, првите другарчина……кој затвор, кој притвор.

Е сега и Зајко едно време му се вртеше низ глата да го заменит Том Круз да снимит филм “Невозможна мисија“ во кој според сценариото требеше да ојт да ја вратит побегуља. Ама се откажа. Незнам з`ш.

Искрено и Мила имаше јаки потези. Ептем јаки. Само ме чудит з`ш ги укина книгите печатени и ојде на дигитализација. Ко ќе дојт до то шо такво ќе користиме в нужник? Ама убо си рече Мила дека целта е кај децата да се постигнит подобра дигитална писменост, а и да им укажиме на децата дека користењето електронски уреди не се само за играње, туку се и места за учење, посета на порно сајтој, играње по гашчи на ТикТок и други работи кои покасно ќе им се корисни да па преживет.

Е заради овие проблеми не го пратев најдобро маршот на сексуалните работнички во однос на декриминализацијата. Колку шо разбрав прва цел им е да им погнат на полицијаците. Ќе им ја намалат работата.
Ак ме најдовте мене одма да се осигурет и да се напрајт колективен договор. Како ами. Да се предвидит додаток за работа во празници и недела во него, после, награда за домаќинско работењето со средствата за работа. Во него да се сработит и ценовникот. Според мене требит наплатата да е правопорцијална со сантиметрите. Така нешто. И на крај да си имет бенифициран стаж. Ко может рударине з`ш и овие да не можат. А?

Е уште ова да ти кажам и бегам. Знајш шо разбрав? Усеин Болд го избркале од на работа. Да бе. Во Ранковце кладоа телефон во пожарна. Ко ти викам.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите