Жити леб. Слушај, слушај, слушај изјавава….“јас како млад учетвував во формирање на бендот “Празни Џебови“ и не го сметам влегувањето во политиката за полнење џебови….“ абре овај Афримчо Гаши е да го земаш и да бегаш со си него. Да го бацвиш, да го бацвиш и да не му кажиш з`ш. Срцуле, буцуле. Ми идет јамаче да му мавнам. Пази сега пази, ама напи се благавода и слушај, слушај…“…јас никогаш нема да уценувам…“ Абре абре ми идат да го земам да го гушнам како плишано мече. Да го капам само со Џонсон за да не го пржат очињата.
Сладок тој. Конечно во владата ќе влезит саглам чоек. Конечно некој да не мислит на полнење џепој. Е сега не беше конкретен дали мислит дека немат да полнит џепој со кормушки, песок или нокти гризани илити пари. Мада мислам дека мислеше на пари. Зато си го засакав. Буце.
Абре замисли идат некој и му викат нати миљон евра за то и то, џанг на маса, а Афримчо ги земат и “НЕЈЧУ“ и штранг в сурат. Како ам. Абре од мал го знам. Ко ќе му побараа еден круг со точачето никогаш не викаше “на бе ама да лижнам од лижавчето еднаш два пати“. Уценувачки. Директно лижеше. Гарант така и со Зајко имат поминато, само незнам кој на кого му го излижа лижавчето. Мислам Зајко на Афримча. Незнам. Мада такви се овие струмичаниве. Лижачи.
Кај шо ги спомнав Залета…..и тој..изјава….џам….армиран. Абе цела мината седмица, беше седмица на изјави. Големи од мали мозоци. …..“ Венко е мој добар пријател, ако ме прашувате каде го гледам во иднина, да ви кажам дека го гледам до мене на мотор….“. Лелееее….можам да ги замислам…на Јамаха или Дукати…..шибет, косата се лепршат на назад, посебно од Венка……По по по….
Зајко станат на моторот, Венко се ѕенѕат на моторот. Тииииии…..идила. Зајко-Венкова идила. Сјај у трави. Министерот кој според Залета беше не заменлив, кој СЗО мојше да му онадит за решавање на ковид кризата, сега моторџија, а Зајко атерџија на Афримчета. Абре чоекот гла кршит атер не кршит.
А мене ми идат кичмава да си ја скршам. И мака ми е шо не сум на брат му да ми ја скршат кичмата. Е како з`ш. Останавме без најлончиња. И сега како со џубрината? Шо ќе редам во кантите? А знајме сите дека во НСРСМ сме полни со џубрина. На кој начин сега ќе складираме па во понеделник ќе фрламе в контењер џубрина.
И друго…..како сега да пазарам пример лимони? Ќе ги шутирам до дома? Не бе, не е ова на арно. Мада се сложвам дека требит да се тргнат од употреба зарди загадување на животната средина. Од една страна убо напраја з`ш ќесиве беа најголемите загадувачи на екологијата во државичево. Прдниму се ти шо во Велес се раѓет болни дечиња и шо умирет луѓе од рак на гради ова беше најважното.
Додуша веќе почнаа со хартиени ќеси. И ми текна денес нешто и то го применив. Зедов кило бананани, негде околу 6-7 парчиња дојдоја и ги кладов во посебни 6-7 хартиени ќеси. Како ам. Ми теквит мене не туку така.
Абе ако македончето не се снајдит кој. Саде ни теквит. Крупни работи во светот се случвет во светот ради битисувањето на македнчето на ова дунава. Ради дивоградба на македонче се измисли законот за градба во Данска. Данците не ни помислувале да градет без дозвола, па им ојде тетовец, им најпрај градба во центар и тие опааааа закон нов после 2000 години постоење на државата.
Само уште ова да те прашам. Знајш ти долга коса на мажи како мода од кај потеквит? Е јас ќе ти кажам. Од Македонија. Од Брежани. Од Дебрца. Па Макартни се запознал со Брежанец и така настанале “Биталси“. Од исто место потеквит и носење кошула над пантоли. Чесен збор. Еве уште појако. Чесен Афримски збор.
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите