од дневникот на еден
пензиониран сеирџија

Сабаале студено , изгор… Коложег! Се знајт  какво  мојт  да је времево…. та шо да станвит чоек за бадијала, ушче пак аку је  пензиониран со сила.  Санќим имат некоја работа.
Ама камбаната ‘Плаушник’, сеа шо го викет, буфтат ли буфтат. Умрен  разбужџат та го  станвит, не пак мене шо имам спајне ко’ зајак.

-Празник ќе да је, та бијат  вака радосно !

Се думам и опул’ фрл’ам на календарот на џиздот обесен.
Прангите ал’ зинџирите , со кој шо бил окоен Сти Петар, Ангелот му ‘и скинал, ко’ на денешен ден, та сетне со ними , демек баш со тије зинџири , леквеле  људи од разни болешчини…..
Ето, шо била работата ,  то’ денеска се славит !

И  мене оп –  умот одма ми ојт на едни други зинџири…. ептен нови,   ама и на еден џиз’,  коџа стар .


некогаш на ова место се наоѓал ѕидот на плачот

Џиз’ ко џиз’, обичен , од камен и тро’ малтер пронапраен . Ката година бадемосвен со вар , пред Велигден . Ни висок, ни пак ептен низок. Најобичен . Џиз’ ограден, прост, камен на камен.
Врвиш покрај него по два-три п’та на ден, со години и години , бил’им ич и не го запримешчаш,  дикат не го клаваш, а камоли ишчаф да те фашчат тро на прсти да се поткрениш, та да ѕирниш шо се кријат зат него . Ето, к’ј ми качерисвит умот , ова студено ем врнежливо сабаале. 
Зинџири ем џиз’. 

И  ме врашчат назат, кун тој бутурен џиз’, вел’ам обичен ама и не толку.

З’шчо ?

З’то шо за него, некога’ дамна је записано , ево вака :

“Лето господо’ 1818 , месеца јунија , ден 13.

Пишам овде за да се знајт оту епитропот   Ј о н    М и з о  зеде  изин            и тескере од Џел’адин беј   и је загради сета црков Каменско со џиз’.

Никој не паметвит оту отпонапрет имало некога’ таму џиз’. Ама стори нијет епитропот Јон Мизо и је ујдиса работата, а Месакастрани показаја   од своја ст’рна  голема јунашчина : сите станаја на нога, и големо, и мало, та све шо имаја ајванче впрегнаја и со ними камен, вода, земја   изнадонесоја.

Тога’, саде Власите не поможија, з’шчо не беја тука, ами на јабана, по чужџи земји , та не се згодија да поможет  при праејнето на џиздот.
‘Ногу чудно, како така  да се напрајт џиздот !’
 
И вистина, голема јуначшина била во то’ време да побараш оџак да крениш, ал’ џиз да варосаш , бадемосаш…одма кодошите ќе кажеле дури Цариград оту богат народ живит таму и таму , шо си дозвол’вит такви салтанати и веднага царската каса ќе им фрл’ела  поголеми даноци, порези !
Шо му била намерата на Јон Мизо, та шо кренал џиз’ на полп’т межџу Чинарот и Горна Порта, во време невреме, непара сигурно и немашчија ушче к’де-к’де поголема , ем потешка , никој не знајт .
Ал’ имал нијет да го спасит имотот црковен од азди- саните комшии бегој и аги, ал’ колку толку да го закрепит калето од уривајне при одејнето на пазар од ст’рна на Варошаните и Месакастраните… и не је толку битно, ами битно је шо собрал кураж , побарал и  истајл тескере и со помош на својте парохјани кренал џиз’ “од камен, земја и вода” и… влегол во историјата на овај  наш ‘ногувековен град !

Години врвеле, госпоа’ри се менвеле, душманите паметвеле.. Не заборавјале ! Двајстипечес’ ал триестина години, отко’ се кренал џиздот душманите решиле и потплатиле галиба качаци Арнаути да се одмаздет, море да је сотрет сета фамилија Мизоска !
Еден даскал тукашен  за  то’ вака записал :

“Еднушка , сета фамилија Мизоска отишла на манастир Сфети Спас, на три сати пеш одејне од Охрид, на планината Вишо . Се курдисала на теферич во една ептен уба долина , сета зеленило  и богата со студени извори.. Анџак ручале, можит и песми да рекле, ти ‘и сардисале од апансас качаци на чело со катил’от викан Маг’ричар .

Отко’и затворил жените црков , им се пушчиле на све шо је м’шко   од фамилијата и почнало најгрозното м’чејне : сечел парче по парче и р’це, и ноѕе , сакател, касапел, све дур душа не пушчеле.  Ужас невиден, нечујан, незапаметен ! А ѕверот се изживјавал и кол’ел еден по еден м’ж од Мизовците.  Плачој и пискоти го парале небото, од онје шо пул’еле а знаеле оту   и ними редот им наближвит.

Чаре од ник’де.

Долината ечела… а злодеите милос’ немале, све дур последното м’шко од Мизовците под нож не го поминале.  Саде клетите жени куртул’иле. Низ еден тунел под црков побегнале и која к’ј стигнала се распрснале, оставаешчем ‘и својте м’жи, братја, синој…. најсвирепо искасапени…”

Ето, така некако останало записано.А власта била далеку, дури Стамбол .Ама правината долга р’ка имат, ти го фашчат со подмамка Маг’ричарот и бегот охридски тогашен нарежџат да  г’обесет на највисоката черешна во дворот од куќата и го оставјат да се нишат обесен со деној и деној за пример и опомена как’се казнвит катил’, кој опрал макар и каури- неверници, ама чесни гражџани на царшчината . Нејсе, правдината победила , аку људите назат не ‘и вратила , не ‘и оживела. Останал саде џиздот и споменот т’жен . Оттога ‘ногу години поминале,  ‘ногу власти се менале.
Поминало и ‘пусто’ турско, и прво српско ем бугарско, и второто и српско и бугарско, бил’им и партизанското и социјализмот со едноумијето. Саде џиздот Каменско остана ! Покрај него и едночудија аскер и војски поминвеја, и невремина – снегој, дожџој, земјотреси…. и пак не  го урнаја. Инајџија, простум стојеше, никому не потклеквеше.  Џиздот !Спомен на јунашчината на епитропот Јон Мизо и на негојте Месакастрани , ама и џиз’ на плачот за м’чејнците од фамилијата Мизоска, кој ојдоја курбан ал’ зарди аздисанос’ качачка , ал’ зарди  одмазда за бутурниот џиз’ црковен.

Арноама , она шо никому не му успеја во то’ едноумије, је успеја на денешнава демократија , со нејзиново п/разноумије.  Не помина тро време џиздот прекунош’ го снема. Пред година, две ал три… Ама за век и веки ! Го ничкосаја, го сотреја, камен не остадоја… во името на поубото и поугодно утре ! Му текнало на Некој си од епархијата Дебарско-кичевска , ем пла- ушка, шо мил’вит да је викет, напрајл нијет место џиздот паркинг модерен за мерцедеси ем џипој да прајт, та со градскиот тогашен архитект Софија Мизова проект ‘ногу убав договорил .


некогаш ѕид денеска паркинг

Ах пусти желби . 
Од ними не се живит.
Од пусти убајни ќе си умриме.
И се’а ?!
Наместо џиз’, расфрл’ан чакал заграден со зинџири, ама зинџири не шо леквет, ами на душата леќе ем рани оставјет , ко’ ќе ти паднит опул’от на ними и на таблата згора испрчена ‘Резервирано’!
За кого ?!
Сигурно не за онје кој со пот, плач, пискот и крв с’избориле за џиз’ обичен, ама џиз’ на плачот и на страданијата споменик. 
 
Ето, токму камбаната денеска , на денот на ”чесните зинџири на Сти Петар”, ми ‘и врати овје спомени за зинџирите  тазе клаени…и  за џиздот  и  за м’ките шо и тргале нашите стари…Ама и за табијатите наши тукашни, некогашни и за овје наши сегашни… И за нашиот сеир пул’ејне и со никого незамервејне таканаречен живот.

Владо Жура