Дур ја пишам колумнава уште незнам официјални резултати дали добив претседател на кој НСРМ ќе му е пред све, дали добив мој претседател, дали добив храбар претседател или пак мојот нов претседател е зот претседателавет.

Ама знам како си поминав вчера сабајле. Лелеле каков бев возбуден пред гласање, целиот намовнат. Наикрен. Ежава ми се накожи. Уште од саботата вечерта од шо ми беше умот во гласачкото ливче ко запсав одма ми дојде на сон: дека кој и да е претседател ова нашава НСРМ, со помош на билките на Баба Рада, летна како спејш шатл по западно-европско-натоистички орбити. Па ми се појави како председаваме со ЕУ, па и манавме економска блокада на Шпанија зш не остај Каталонија да се отцепит па…..абе шо не.

И дојде тој момент. Станав вчера сабајле и од гласателна возбуда се тресев ко машки копулативен орган во ладна вода. Озарен во лицево прво си се искапив, се избричив, исеков нокти, ги истурпијав и нормлано се издепилирав. Се зачешлав на десно, ко залижан нормално и џанк спремив то облеката.

Нов костум. Да да..купен максус за гласање. Три пати пеглан. Раб на пантолите…..шо да ти кажам. Мува да мавнит се сечит. Кладов нови чорапи, бретели, бела кошула, машна ко латаса ко цртеж од петогодишно дете со фломастери и ко се видов на огледало…..тииииииии…лепотан, дотеран, дотеран како бебе за на вакцина. Така додеран си го остварив своето единствено право кое го имам во држава, зш све друго се обврски и должности и сигурно ова дур го читате ќе знајте шо сум напрајл, та јас та вие, та сите НСРМ – ОВЦИ. И сега не се велит “гласав“ се велит “лакиран сум “. Ме лакираа ко рецепционерка во Ројал.

Но една работа шо остана некако не забележана, а мене ме израдви како мајка со посрано дете е то шо со овие избори се докажавме како зрела, ептем паметна, државотворна држава, држава која имат мозок појќе од пиперки, држава која носит НСРМ-овски прави одлуки.

Да, даааа…не ги заборајвме нашите гласачи во дијасопрата сегде низ светот. А и како да ги заборајме кои со мачна душа одвојвет секој од нив кој 5 долари, кој 5 франки, кој 5 јени кој….како и да е се мачат и покрај то шо им е ептем лошо, бар така се лигает ко ќе дојдет, ама упорно бидисвет во странските држави само и само да напрает нешто арно за нивната, нашата држава.

Пративме низ целиот свет избирачки одбори и потрошивме милион евра за тие да си го остварет своето право на глас и јас лично не го жалам то посрано милионче, зш еден милион за нашата држава е вагинален дим во однос на еруптивниот економско – политички просперитет на државиштево. А и плус то без нив, без нивниот огромен број на гласови, изборите не би биле избори. Не така?

А и искрено то е многу попрактична одлука, да се потрошат милион евра, да се пратат таму луѓе од овде, отколку од таму некој да е во избирачки одбор, зш а Оздолени или Издеглавје а Пекинг праќаш исто е. Пример. Зарди вакви паметни потези никој немојт да ме убедит дека не шибаме во прогрес вуспич правправ пругоре.

Пративме 294 членови на избирачки одбори во седмата изборна единица, односно Европа, осмата, Америка и Канада, деветтата Австралија и нормално во Пекинг каде, јас мислам, тука ќе се одлучит кој е татенце на нашата нација. Зш види, сегде кај шо спомнав имат препоептемнајголем број на гласачи или 5892 Европа, шо се граничит со фантастична бројка, 1462 Америка и огромните одлучувачки 1014 заедно Кина со Австралија. Ако од овие околу 7-8 илјади не гласет негде над 2000 да ме пљукниш. Браос. Не милионче, два требеше да оделат. Па ќе си одат и за втор круг, па парламентарни, тука негде бар три круга на гласање…..абе исто како оние шо ти кажвам за Оздолени и Издеглавје. Абре браво за ДИК…не не ова ДИК е Државна Изборна Комисија а не…..

Е сега имама и една примедба. Според мојте сознанија обесправени се нашинците во Тибет и то во покраините Кхам и У-Цунг. Таму имаме колку шо јас знам негде….негдееее…..скоро пет НСМР-овци. Исто така требеше да имат избирачки одбор во Бурунди 8 гласачи, гарант имаме три четворица нашинци во Апхазија во главниот град Сухуми, Јужен Судан и да не ги бројам сите само да кажам дека ќе кључни ќе беа гласовите од Јужна Остетија со главниот град Цхинвали. Ама ете….не пративме избрички одбори. Здравје.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.