По по по како се отрезнав. Ко шо возев по „Ванчо Питошевски“….како ?….да бе улица во Охрид, град во кој све шо лежит се реновират, можда сега и гробиштана ќе ги реновирет…..и ко шо возев матинање во една пештера на улицата…..како?…..добро амани пак ти….еве вака….матинање во една попречна дупка отворена на улицата, на асвалтот….вака убо е ?….шуќур…..доста де, те разбрав, да зборвам ама да не навредвам никого, така ? Е шуќур.
Значи матинање во…. и некако ко да се освестив, ко да прогледав, ко да…ќе ти кажам после шо, ама прво се јавив во АСМ, здружение на возачи, полиција, осигурителна компанија, здружение за „Стресателно смирвење“, во асоцијација за „Протресена простата и разнишани бубрези со си тестис стрес“…Ами сакав да им кажам дека манав в дупка и дека едно колце ојде на кај индустриска зона „Бунарџик“, другото замина со „Вистеон Електроникс Македонија“, полуосовината се обеси заедно со “специјалниот обвинител“ ама тие ми рекоа дека таа дупка не е дупка, дека таа дупка всушност е “втонат полицаец“ кој веќе сме почнале да ги редиме, како лидери во регионот, наместо легнатите, зш овие се наспале и си ошле. Се смирив. Ама се освестив. Не дека не знаев ама се освестив дека ние сите НСРМ овци сме скриени како вагини под кошула кај шо требит да кажиме дека некој не качит пучејќи, а јајме трици за банални работи и сме силни ептем. Со нас немат заебанција и не му дозволвиме никому да ни прајт лошо ама ако можит да ќутиме.
Ме освести поточно ми потврди дека сме…..не само дуп….уф…втонатиот полицаец туку тој пусти Facebook без кој би ни застанале респираторните органи.
Е па како шо пласираат најголемите демократи во светот АМЕРИКАНЦИТЕ слики за МКД полиција и за другите полиции низ Европа па да набијат атмосфера таква како шо сакет тие, така и јас пласирав нешто шо најдов, па ајде да се заколиме сега меѓу нас. Намерно го напрајв ова да видам дал ќе успеам да ги искарам Fb-овците и ете не згрешив, успеав.
Знајте колку постој сум имал за проблемите шо ние ги имаме, а не најдувам ниеден коментар. И сега? Гледам ептем големи коментари кога ќе се постират нешто околу лошото третирање на животните и? Па преку нос ми е од запоставување на жителите во ова држава. Па бар 50 % во ова држава живеат како мигранти!!! Бар 50 % во оваа држава се малтретирани како дел од животните. Седиме и си шупиме.
Гледаме да коментираме само онаму кај шо немат да ни замерите власта или опозицијата. Ајде вака. Избројте колку пати имам постирано за маслото од “Канабис“ како лек и избројте колку коментари имат за то. А? Како инфо го постирам секој ден од 23.08. А јас уште ќе си постирам . Ајде да претпоставиме дека ќе постирав да ми помогните дека барам решение за шуга на моето куче….па јас мислам дека не ќе можев да ги дочитам….зш тука немат шо да кажите па некој да ви замерит. Така?
Јас ќе коментирам за све и сешто само да ми донесит подобар живот мене и на мојата фамилија, а дај Боже и на сите во МДК ( НСРМ ). А кога се работит за мој човек ич не му се плашам ни на премиер ни на иден премиер ни на свети премиер и ќе постирам и ќе коментирам . Ак сакат нека не го бендисат и на Обама. Гајле ми е. Зш поголемо гајле од то шо си го имам дома немам. За коментари за вакви теми нигде не немат. Се криеме в гас како црево за колоноскопија Ситни сме. Вагини под кошула сме.
А за тие шо сето ова го прает , АМЕРИКАНЦИТЕ, кој му се посраа на цел свет, сега се дрски и со некакви снимки од мобилни се трудат и ќе успејат да ја искарет ЕВРОПА. Како заклучок. Затворени сме во една чаура, сами сме криви, немаме храброст да кажиме шо ни сметат и јадиме трици за работи кој не зависат од нас, а онаму каде зависат се тресиме да прозбориме. А два тона коментари за слика за цицките на Цеца или “Лејди Гага го покажа меѓуножјето“. Биг ЛИКЕ за НСРМ-Овците.
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив