Ич бииип не ме болит зш си живеам в оазата на мирот. Како ам. За економија да не прам муабет. Во најдолните сме задолжени во светот. А за мир….санќим палми ни растет од ушиве. Зш во оазите саде палми имет. Не липи. Зато во Охрид им влегоа в корен. И алал да им е. Објаснија дека се стари и многу болни.

Не можев да остам на случајност и сакав да проверам. Видов и се уверив. Градските власти се во прав…..право де. Им  ги проверив на сите липи досиеата и се гледат дека сите биле веќе со решенија за пензија и голем дел од нив со сомнитлено здрвствено досие. Биле болни. Ќе се сомневав во ова ако не дојдеше онај од Техеран за операција на тумори да ги учит нашиве др-и зш истиот го крена Шумахер и сега Шуми ојт секое сабајле по млеко.

Според историја на болестите околу 20 % од липите боледувале од тумор на матката. Околу 20 % биле зафатени со миом на матка и неможеле да раѓет, а сексуалниот нагон не им опаѓал. Доказ за то е шо посебно на лето саде се лигаеле и му сметало на теткине од собрание ко ќе оделе на пауза до на пазар им се лепеле штикловачине. Дел од нив биле со пукнато слепо црево, имале киселини, ваљда гастритис, почетен стадиум на чиројни, а голем дел имале пубертетски бубуљици на старост. Зато од секоја гледна точка ја прифаќам изјавата на оние од Комуналец дека морале да се остранат. Да би им се отстраниле да би…

Се враќам назад. Оазана на мирон. НСРМ. Све е под контрола и сите случаи на слуајност шо случајно се случиле се затворени. Катинар. Како ам. Рековме сите случаи се затворени, решени и не требит да се секираме зш во ниеден случај во однос на кољажата не е употребена секира. Мојмесаде  малку да се ножираме.

Еве ќе ојме по ред. Нормално во интерес на истрагата немат многу да откриваме за сите овие случаи. Изминатава недела во населбата Н.Лисич. се случи убис. и самоубист. Непознат маж на 35 год. ја расцв. во глата на неговат љубовн. со пиштолченце. Вообичаена работа во држава која е оаза на мирот како нашава ни НСРМ. Значи немат секирација. Тушкај си.

Во скопски аеород. застрелан е 52 год. Д.Ј. од Шт. со пишт. Во стилот на оазата на мирот во градот Ку. кој е на граница со една држава Срб. кој не сакаме да го откриеме само и заради само да сме оазни во мирот, во селото Куч. 25 годишната Б.З. своето 10 дневно бебе прво оазно го удрила по главчето, а после го задавила ама ние НСРМ-овците не требит да сме загрижени зш највероватно ова е напраено во духот на оазата. Не пустината на мирот.

Последно. Во населбата Ѓ.П. во метрополата Ск. која е главен град на нашата НСРМ-овска оаза на мирот убиен е 18 годишниот А.П. од страна на Н.Е. од с Грч. кој го прободел со но. во аортата и во срц. заради кражба на точ. со две колц. Заради овај оазен настан два дена во Ѓ.П. имаше немири кои миротворно се ширеа и и` претеа на нашата оаза на мирот, во која според надлежните на НСРМ све беше под контрола. И плус од МВР на НСРМ изјавија дека ситуац. е под контр. и дека ние како НСРМ-овци не требит да се секираме и ни рекоа ич да не не болит ку. зш тие знаеле шо прает.

Беше уапсена дел од непослушната младина на оазовската НСРМ кој милно беше влечена, нежно подмавана по тестисчињата, само ради опомена, а после прегледите кај никој не е најдена дископатија, дискусхернија, а скраја да е пак фрактуроскршенија на кичмулината на уапсените како резултат на нежното мавање на НСРМ-овската пол. со гумен. пал. или пендраци како шо ние знајме да си ги викаме во шала. Шо значит пендрачење немаше освен ако случајно пол. при матурантскиот бал во точката каде играа балет мафтајќи како хеликоп. не подзакачи некој од публиката што го следеа матинето, малку по нивните чма. кои злите јазици ги претставија како демонстранти во нашата оаза на мирот.

Така да мислам дека мене од јадење лај. на надлежните во изминативе 25 години ми е преку ку. а гледам на секој ќош убиства, самоубиства, пред се на млади луѓе и наместо да какет како све е во ред во НСРМ нека засукет ракај нека ја средат држава или сите нека фатет у 600 п.м. а не да ни мачкет очи со некои изјави. Зш мене ме болит га. кај бил Ѓ.И. и дали ќе ја примет ова посрана држава во НАТО или ЕУ кога сите овде си еб. мај.  посреди га.

Луѓе или созејте се, не не мислите дека пас. трева или пијаме наф. та да не бидит она во Ѓ.П. пич. дим. Немојте да мислите дека со вашите изјави и волците се сити и НСРМ- ОВЦИТЕ на број. Почна и овците да ги снемвит. Не ќе имате кого да стрижите.  Сепак не не третирајте како кафеави видри.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.