Море дома све ршум. Ни спастрено ни деца прибрани, ги глеш по улица шетет, долу тренерка горе пижама, измрсулаени. Абре све баталено. Ручек???? Каков ручек бре. Јади шо имат то. Ак знајш да спржиш сам јајца убо ак не гризи од лебот од завчера. Ко ти викам. Абре све баталено. Све. Да се разбериме не се батали само смејството. Све се батали.
А како да не се баталит. Алооооо не е лесно да се одлучиш дал ќе ја глеш Јасмин или Сулејман. Дал ќе глеш Канал 5 дал Сител. Абре овие две телевизии му се прднаа и на проблемот со името и на буџетот по глава на жител во Македонија и на чмар по црево на жител по глава…..заглавив.
Вртиш Сител шибат Јасмин, а една контрола на Канал 5 Сулејман. Султанот. Жениве попиздеа. Она даљинскине им плакаа мајката. Овие пак, телевизиве, двеве се испотепаа. Чак на Сител ојт кајрон: во 21 часот гледајтееееејаааа серијатаааа којаааа….Вртат женове на Канал 5: шармантниот, сексапилниот Сулејман повторно во 20 и 55……. Одма контра удар Сител: после оваја во 21 одма нова серија….. Канал 5 враќат: Во 20 и 55 не еднаааааааа амииии две сериии на Велеченственит. Сител: и во сабота со Јасмин…..Канал 5 Сулејман и во недела во вашите домови….Сител: Јасмин и Саваш и во петок…Канал 5: Е Сулејман и во шесток..нов ден само за вас…
Иш , бре, чит. Кај останав гладен не пеглан никаков уште домами да ми дојт. Ај од тука. Ептем се изривалосаја, ептем. На крај ак не испаднит Јасмин да го баталит Саваша и да се фатит со Сулејмена, јас еве, да ми пљукниш в очи. Е тогаш јас стапвам на сцена. Дранг телефонот кај Карамела, џаанг камерите и кај Јасмин и кај Сулејмана, јер нико ни је сигуран и ќе ги разоткријам. Знам дека све ќе се напрајт кармакараши, ама неможам бре чоек побудалев. А пак рака на нога ….тиииии колку сакам да работам ко Султан. Да бе.
И во целава ова заебанција ич не се кладе дикат на еден проект кој веќе е започнат, “За почисти тоалети во школите“. Е алал да му е на Кралева. Ко го видов, онака исчешлан нанапред и ко го кажа ова здриснав од среќа. Си реков ете де имало и во државичево наше паметни луѓе. Да бе. Јас незнам за една школа дал имат нешто поубо, шо ќе ги решит сите проблеми, по западњачки, европејски, натовски од то да имат чист кенев. Море сите проблеми во цело школство Панче ќе ги решит со чист кенеф. Зш уште то остана друго све е….Море во кенефот е кључот.
Со чист кенев ќе се решат сите преблеми шо ги имаме во школиве а незнаевме од кај потеквет. Ете ти. Рече Кралено ќе се исчистат и ќе го напрајт то. Значи од тука ти идело капењето од покривот. Премногу дечињата мочкале во гнасните кенефи и зато им капело во училница. Виш. Од тука идет проблемот со компјутерите смрдосани шо седат така. Со мочање ќе се поткренат и платите на професорите шо не дека им се ниски, туку онака ради секс.
Е сега имат тука и една друга работа тука. Морат да се држит хигиена на исчистените школски кенефи. Прво и прво мајките, нормално од ко ќе го решет проблемот со Јасмин и Сулејман, ќе им спремет на дечињата чај од миск. Како ам. Ко ќе мочет да мирисат на мискојна. После на секое мочање мама ќе идат на школо за детево ко ќе мочкат да го центрират директно вдупка да мочат, а не да шарат. Не така?
Абе вака се средвит држава. Онај во здравство овај во школство. Само јас да сум министер ќе си ги проширам мојте министерски, кључни обврски. Абре ќе му одам нашколо и ќе им ги прегледвам ноктите дал имет црно под нив. Ак не се убо исчешлани ќе ги зачешлам ко Панчета. Како ам. Абре ако требит кормушките ќе им ги чистам. Зошо е тој министер? Ова се неговите кључни работи како министер. Нужниците.
[email protected]
Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси
одоговорност за содржината на истите.