Абре не туку галами. Само да се зборвело против власта. Кој и да дојт на власт ти јајш бурек за нив. Шо ти сметат шо пратениците ошле на одмор две недели. Кој имат држава ко нашава на која ништо не и фалит мојт да си дозволит да ги кренит сите 5 у вис. Си ја средиле работава, немат проблеми, ништо лошо не се дешават, све е розево во НСРСМ и сега мојме дури и без парламент да живејме.
Како во бајка. Да бе мојме во ова држава да живејме како во бајка. И онака со изјавиве на телевизија од Венки и Мицко така се осеќам. Додуша на две сум. Дали ме мислет рушен во глава шо така зборват или раскажвет бајки. Имаше една детска серија “Во светот на бајките“: Можда многу ја имет гледано. Само овде би било: “Во држава на бајките“.
Иначе како да го наречам она шо го рече Венко дека сега им текнало како се водит државата и каква влада требит да имаме. Бајка. Тресење зелени. Ам како не ти текна бе докторе за то пред појќе од девет месеци и сега ќе ја имавме та влада шо ти си ја замислил и то баш сега. Ме потсеќаш на “Досетливиот Добромир“. Ти топкаше на гла, ти топкаше и опааа се сети. Требеше да се сетиш во тие седум години за сега државава да ни не ни бидит бајка нити цртан филм. Мада слободно мојме да ја наречиме шупа.
Абре како наместо во ова шупа не живеев во Папуа Нова Гвинеа или во Друзи во Африка. Кратки ќе ми беа маките. Без да се мачам ќе ме изедеа и то наеднаш. Пет минути работа. А овде бре над 30 години полека те грицкет те грицкет и се мачам. И то некако ко специјализирани. Гризет од мозоците и нервите. И еве 30 години се вртиме ко змија на оган. Ебати животов ваков. Бајка.
Мене ме мачит една работа денојве. Не можам да најадам телефон од Пешевски. Чоекот рече дека владата ќе работит на наталитетот. Па сакам да го прашам како све то ќе се изведвит. Дали ќе идет по дома или ние ќе ојме негде. Да ги пречекаме наталитатџиите спремни. Не така? За она дупење шо ни го прает над 30 години си знајме све. Ова ми е нешто ново. Е зато сакам да му се јавам ко луѓе да се разбериме.
Да не бидит со зорт. Со трчање. Така может само инспекцииве кои излегоа можда прв пат на терен после катастрофата во “Пулс“. Како можеа за една недела да ги проверат сите угостителски објекти, градинки, школи, компании од областа на градба, проектирање и урбанистичко планирање. Бичим супермени.
Е сега дали проверката беше темелна или “ЅЕ“ систем не знајме. Како и да е ете требеше да се уништет и срозет 59 фамилии за да му текнит на системот дека имат и контроли како сега шо се прает. Сега се барет кривците и некако не ме бендиса. Мицко велит дека другарите од Венко ги дале дозволите и лиценците. Венко му враќат и го прашвит шо праел овие 9 месеци наместо да откривет недостаци од предходната власт. Абе како ги слушам сите нивни изјави така се појќе со убеден дека ова парче е како Абхазија или Сомалиленд. Држави кои досега не се признаени. Ама ете кај нив не горат дискотеки заради пусто мито. Мито е крив за све. Ах Мито, Мито…..
ЏИМИ
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите