Пет години во неповрат. Пет години те нема. Пет години без тебе. Без твојата песна, без твојата добрина, без твојата хуманост, без твојата насмевка, разбирање за секого, ангелски глас….без твоето ….ВЕ САКАМ СИТЕ. Кога те снема се мислевме како сега без тебе? Како ќе се прават концерти без тебе, како ќе има хуманост без тебе…како ќе се слуша песна твоја, а ти да не си на стадион. Но…ете…петта година сме без тебе и без се што е твое.
А не дека свативме дека мора да бидеме без тебе па се навикнавме на тоа. Не. Ние уште немаме сватено дека те нема тебе, твојот глас, твоите концерти, твоето ВЕ САКАМ сите. Уште се надеваме дека од некаде ќе го кажиш тоа, дека ќе те видиме кај Весна во емисија, на концерт….секаде. Но те нема. И не само што немаме сватено дека ни замина. Јас знам, се лутам, пркосам, пркосиме дека не…не и не….не…не..нити сакаме тоа да го сватиме. Не сакаме да го прифатиме тоа. И нема да го прифатиме. Не и не. Не сакаме да ја прифатиме вистината. Не сакаме да ти “дадеме” мир онаму каде го заслужува секој ангел да го има. И нема да ти дадеме мир. Зато што со тебе се ни беше ништо, а сега….а сега без тебе се ни е ништо. Свати не Тошка. Абе свати дека ни фалиш. Свати дека ако ти дадеме мир дека тоа значи дека се откажуваме од тебе. И нема да имаш мир. Неможиме а да не те вознимеруваме спомнувајќи те во душата наша, во мислите наши, во сонот наш па дури и во реалноста наша, во која забегуваме и мислиме дека сеуште си тука….овде….и сега.
Разбери. Наш си. Неможиме да кажиме вечна ти слава и да те оставиме. А верувај сакаме. А сакаме не ради нас. Ради тебе. Зошто знаеме дека онаму каде си отиде или те зедоа зато што баш ти сакаше, баш ти ни кажа дека ти треба мир. Дека те уморивме. Да. Ни кажа и ни најави дека ти треба мир. Го доби. Се надеваме. И ако го доби мирот кој го бараше, се прашувам дали ќе ни дадеш сила и ние тоа да го сватиме и ние да најдеме мир што сме без тебе. Засега го немаме, те бараме, жалиме но и негде во потсвества сме сигурни дека ќе ни пратиш знак да сме мирни. Но морам да кажам, морам да бидам егоист, но пред се реален. Немирот ни почна кога ти заврши. И колку и да ни се лутиш ќе ти кажам….и знак да ни пратиш да сме мирни, нема да го прифатиме. Те молам оставине да жалиме, немој ти да не жалиш затоа што ние жалиме по тебе, затоа што нашето жалење по тебе е наше живеење со тебе.
Многу тешко ги слушаме твојте песни. Некогаш го мразам ЦД-то, радиото, го мразам се она од каде допира твојот глас, зошто знам дека од пред пет години па цел живот, а и понатаму до нас ќе допира само глас. Ќе се занесам во некоја твоја песна и ќе се фатам самиот себеси како се лажам дека од како ќе згаснам ќе прочитам некоја твоја изјава. Гасам и се лажам себеси дека го згаснав само радиото , дека не згасна ти, незгасна твојот живот. А само да знаеш колку и само колку се мачам баш ова да го сватам. Дека не згасна ти. Но знам дека негде светиш и мислиш на нас, но разбери не ангелу имаме потреба да те видиме, не само да слушниме, туку и да видиме како ни викаш ….ВЕ САКАМ СИТЕ.
Она што ми прави да ми е така тешко е токму тоа што од како згасна твојот живот ние сите дури тогаш го свативме твојот начин на живеење, тогаш свативме што сакаше, што не сакаше, што те мачи , што те радува, тогаш ги свативме твоите пораки. Сега свативме и дека твојот живот е уморна приказна, скинати страници….празни…не испишани…. А зошто пред тоа не?? Тоа ме мачи!!
Не само што не свативме, ами и не бевме сите коректни према тебе. И сега и тогаш. Но знам дека ни прости за тоа …..и тогаш и сега. А само ти си знаеш кој во твоето минато плови сосем мирно без да се срами. Знаеме дека ни простуваш сега заради тоа што уште не ти даваме мир, те бараме, ни фалиш…но исто знаеме дека ти не се плашиш од нас, кои сме во потрага по твојот глас и затоа ни простуваш. Но исто така знаме дека им прости на тие што би го продале Бога, а и ние и ти знаеме дека еден ден нив…..само еден ќе им суди.
Беше голем. Сега си уште поголем. Не си онаму каде сакаме ние, но веруваме дека си онаму каде што сакаше ти. Таму кај што си сега немора да го молиш Бога ангели да прати да ја чуваат од зло. Ќе го направиш тоа сам. Или заедно со Бога. Зато што тебе Бог секогаш ти ги услишувал твоите молби према него, дури и онаа која ние не ја сакавме, затоа што не ни замислувавме дека може да се случи толку млад полско цвеќе да те покрие, облаци душа да ти љубат, а најмалку сакавме очи да ти згаснат …да….ние тоа не го сакавме. Но ќе го почитуваме тоа зошто пред да заминеш јасно ни кажа дека сакаш да заминеш. Ама…ама…како тогаш не сватиме шо ни кажуваш???? Како? Можеби да те сватевме ќе направевме се да те предомислиме. Ама ете. Бевме егоистични и од тебе примавме само она што нам ни правеше да ни е убаво….твојата енергија, твојата љубов….а дали ние нашата ти ја дадовме? Дали ние ти возвративме? Мислам не. Бар не онолку колку ти ја бараше, не онолку колку бараше да бидеш сватен ти од нас зошто се спремаш да заминиш. И ако тогаш тебе те болеше што не свативме ниедна од твоите пораки, сега нека не боли нас што те немаме. Па нека платиме.
Не го сакавме тоа. Сакавме овде и сега да си ти, со тебе да славиме родендени. Збунати сме дали ова што сега го имаш е она што требало да биде или треба да е она што ние го посакуваме. А најмалку посакувавме така наеднаш да ни заминиш…И на крај ….замина…но како и секогаш не не остави така. Замина но ни се јави…..и збогум ни кажа…..и последна песна ни испеа за крај, ни испеа нешто што долго ќе ни остане и ….да…не некој начин ни кажа и зошто замина.
Тошка наш….за нас ти секогаш беше и ќе останиш икона….со тебе можевме се, можевме ветрови на небото да запреме …да…ни кажа се но пак не свативме зошто мораше да е така . Само Бог тоа го знае. А ние…а ние како обични смртници со сигурност едно знаеме. Знаеме дека:
ГОСПОД АНГЕЛ ни даде
ГОСПОД АНГЕЛ ни го зеде
и затоа ГОСПОДЕ ти се молиме да ни го чуваш.
А ние…ние уште ќе сонуваме дека сме заедно…………………….а теве ВЕЧНА ТИ СЛАВА АНГЕЛУ НАШ и прости ни.