Де бре шо велесила ќе бевме. Никој немојт да не скршит. Дури ни Сорос а колку се трудит пустиот да не пукнит. Колку бомби Зајко фрли, море бекатони се фрлет море пендреци летет и пак стојме на нозе. Куманово се рскат, жртви паѓет а нас некој не убедвит дека сме нај во Европа. Алал да ви е бре мажишта. Значит ова не ти била веле држава. Ова ти била море Пере Држава, море Сандре Држава. Државиште.

И покрај сиве какајнци за овие последниве 25 и кусур години, посебно во последнава деценија ние сме биле држава намбер оне во Европа. И то ај шо сме биле. Ами и догодина ќе сме си биле. И то најаки. Мене искрено ме фаќат страв да сум најак. Дајте бре малку да закочиме, да под застаниме алоооо…Пример некоја фирма да затвориме, некој од наработа да отпуштиме зш вака како сме тргнати со најакоста го заебавме и Намика спанаќон пеливанон.

Како е тргнато со ова странскиве инвестиции шо ни ги ветвет политичариве ќе требит не само фабрики ами деца да прает. Та после реди ги во инкубатори пукај ги со протеини и хормони та како америчкине батаци за пол година да се работо способни. Иначе наебавме.

Додуша голем дел од вработениве неморат да ги бркаме ќе ги испотепаме на демонстрацииве, а ќе опериме и некој полицаец со мирен бекатон. Да да со мирен зш демонстрацииве се мирни. Ете и и после све во Куманово шо се деси ние пак бараме луѓе да вработиме да срљаме во Европана.

Морееее и јас се шашардисав. Ал да отпуштаме ал да вработвиме, ал се мирни демонстрацииве , ал се немирни полициајциве илити нивните раководители. А каков да си во ова наша НСРМ ко не се знајт кој пијаат кој плаќат. Лажам. Се знајт. Политичариве пијат народот плаќат веќе четврт век.

Ама знам и друго. Дека не ја бидвит работава. Се посравме. Додуша ние како народ малку ама ова политичариве и едните и другите се шашардисани  и незнает кај терет. И за нив искрено ич учкур не ме болит зш ради нив патам четврт век ама кај ми растет децата се прашвам и каква иднина имет тие?

Исто знам дека доста е лажна скромност дека работите деноноќно за доброто наше. Вас ич патка не ве болит за нас ами мислите да го наполните меот ваш да дајт Господ чир да ве фатит во истиот. Дали сте свесни шо напрајвте од државава? Знам дека сте свесни. Ама сега најтешкото е шо почвите да се свествите шо напрајвте од нашите деца. Вашите си ги сместивте во Европските метрополи останаа нашиве овде кој дел од позиција кој дел од опозиција ги припојвте и ги користите како маша за остварвење на вашите болни политички амбиции.  

Море господа….па здосадено им е нивните родители да земвет кредит за да ги школовет во нашево бесплатно образование. Преку нос им е да се прајте Дон Кихоти да лажите кој како идате на власт дека ве искинале тие пред вас. Вие не искинавте сите нас а најжално е шо ни ги искинавте децата.

И немојте да ни ги лажите дека проблем е образованието, матурата, екстерното….туку вашите мафијашки, големи ненаситни усти. Зад ова не се криет образованието….ко да се кријат нешто друго? Ко да ќе е проблем имети или гасоводот. Незнам. Јас само траскам.Имајте гас и решето го ова сами. Не со нашите деца. Ојте на хиподром и ти Зајко и ти Никола и ти Бранко и сите вие кој ни се прајте вождој, национални татковци и обрачунајте се кршите глата.

Престаните со апелите до родителите да им влијајме на нив зш тие се полнолетни, размислувет со своја гла носат самите одлуки зш камшикот на немаштија веќе по нивни плешти фрчит и само си ја осеќет својата болка. Тие беа бебиња или не беа родени пред 25 години ко ни ветивте нас, нивните родители дека све ќе цутит. Не ви е срам шо не лажевте нас, а сега ги лажите нив и од нив крадите? Не вие срам  и жал за нас шо за 25 години ни ги избркавте децата јабана и ги оделивте од нас?

Срам да ви е шо ја донесовте ситуацијата да се кршат глајте на децата кои живеат во беда, да се кршат глајте на младите полицајци кои сакале нејќеле морат да игрет како вие свирите, вие ќе го прчите стапот а од други фамилии ќе имаме вдојци, мајки без деца, деца без родители….Море џенем сите фатите.

Неможам појќе да пишам зш ми се гадите. Сакам само едно да ви порачам. Без разлика дали моето дете е полицаец на бариерата, дали моето дете е од друга страна на бариерата и барат леб и правда, ако евентуално ми настрадат заради вас хонштаплери едни, ви ветвам една работа…..вид виделина не ќе се видит ни Сорос, ни Зајко, ни Никола, ни Бранко, ни Горде, Ни Мартин, Ни Геро, ни Сител, ни Латас,  ни сите околу нив….ќе ве најдиме ние родителите и од полицајците и од  демонстрантите,  кај и да сте и на наш начин ќе ви кажиме во шо сме први во Европа. Господ на вас и на нас нека ни е напомош. Родителите ќе ви судат. Не Зврлевски. НИЕ. А после Куманово, појќе вас Господ да ви е напомош. А ние родителите сме спремни.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.