Шо ме снимаш бреееее алооооооо. Иш бе кокошкар еден исклучи то гомното. Бар ко ме снимаш нешто испровоцирај ме, навредиме ме, пљуни ме, а не да ме снимаш санќим шетам по канализации и решавам проблеми по рурални средини. Како? Оф мори мајко. Извини батуле. Се збунав. Абре заборајв дека на свадба сум з`ш здрвен сум од оние фантомине шо те пцујат и шо викет дека сум бил Македонец. Е така де, дека сум издајца, превртлив, газолижач……то ти е исто….Македонец.

Тргнав и јас викендов по свадби на турнеја ко министерон на МВР по селана. Абре даааааа, дел од акцијата “Полицијата поблиску до народот“. Е зш пак и ти. Ам ај да не прајме трошоци. Не ќе купвиме пендреци од 2 метра…..вака шо поблиску то пократок пендрек и поголем ефект при тетовирање на синице.

О па даааа. Рече министерот дека и ако требит, само заради приближување до народот, ќе се пуштале мобилни екипи по селата за сликање на сељаците во НСРМ за документи. Само ќе го замолам екипите да не се од VIP за да бидат достапни да не кадросет. Иначе ќе дропаме многу. Само ете не можев да стигнам во Сарамзалино да го прашам дал пуштат и луѓе да не сликет ко ќе прајме свадби. Па шо. Чим веќе дошол некој од МВР за нешто без пари нека лапнит државава и некој денар појќе.

Ќе им се најт. Пак ак не друго нека им понудет на бабине шо останаја в село, во НСРМ, зш немет сила да прднет, а не камоли да се иселет, да снимет за некоја веб страна за “Хорни Грени“. Зш да не. Ко не дупет 30 години во здрав мозок нас помладиве за бабине может да ги акнет и в кичма на здраво.

Думај министре за ова. Ко ти викам. Не бе министре, нееее. Ти само рсни по селана врши работа. Абре пљукни им се на новинарите, нека јадат ќотеци ти шетај по селава. Ионака сега ко шо видов со трактори ќе ги газат немат потреба да кршет тупајнци ова она. Ар летни му ја како оршуп по селана не туку си ја мачи душичката да решаваш глупи тепачки. Ич неможам да те разберам.

И овега, Зијадин Селана, неможам да го разберам. Шо туку ќе си ја мачит душичката сега да се занимават и со градежништво. Ќе ја туркал портана во Вевчани. Ар седи мирен. Таман се намести в парламент, таман доби шанса да ја победит Бонева со патни трошоци, тој сакат да се префрлит во аргатине. Јас знам дека имат добра намера. Ќе ја рушит старана, ќе градит нова. Поуба. Само имат проблеми мали тука. Прво за малку мојт да му ја следит работата некоја македонска инспекција и да не му дозволит таква рушидба па градба.

Друг проблем е шо, ко шо викат Селана, Македонци не постоет. Ќе требит да дојт некоја инспекција од Тирана па никаквата е. Ко мојше платформа од Албанија да дојт зш да не дојт и инспекција. После мојт проблем да имат со вевчанци. Тие се неимари од век и веков, така да мојт ептем да ги бендисат овај потег, да му напрает ептем убав пречек, да се збратимат со Селана. После како резултат на взаемната љубов со него можит да го соѕидет во портана за секош да си го имет пред очи и в очи. Ам како. Такви се тие ак засакет некого. А овега гарант го имет засакано како сестра. Море ќе го присвоет.

Зато не трчај ко прле пред Устав. Не туку осудви некого. Абре ова е демократска држава. И сега во напливот на генијални идеи ти сакаш еден генијалец да го нападниш. Ајде ти се молам. Таман дојде период каде имаме наплив на генијалци ти….Јас сум да се повторит серијана на оние двајца градоначалници “Здрави генијалци“ или пак на секој кој ќе траснит генијална идеја да му ја пеет на роденден. Или на сунет нека е.

Абре идат време на мешање, на унифицирање на националностите. Ете та госпожата како им рече да им се придружат браќата Албанци и да протестирет против самите себе. Како ам. И онака пола век Македонци протестирет против Македонци.

Еве нека дајт некој идеја јас азар сум да заминам кај браќата Грци да протестирам против Македонци. Ами како. Абре не е битно за шо се протестират, само бапни се и викај то шо викат тој покрај тебе. Шарај, руши градби, тепај новинари, скрши и на некоја баба бастунот, бапни му прст в око на некој дедо. Така ам како. Не само да се нервирам. Абре како мие последно време ми имат дојдено да заминам на службен пат од НСРМ. Ко ти викам.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите