Чекај пред да почнам со колумнава да завршам една работа. Двајсет години вртам на еден број и никој немојт да ми помогнит. Значи 177….аха….ја добивте службата за пријава на пречки…ве молиме почекајте го нашиот оператор…ќе почекаме де….поради контрола на квалитетот вашиот разговор ќе биде снимен….е аку де, ионака нон стоп не снимет кај и да вртиме…..море убо музиче….сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте…….е ајде де…. сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте……бар да ја пуштет “македонците се борет“…..сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте…..реков, ќе почекаме, двајс години ве чекам не пак за ….. сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте.
Тук шо ми беше зборот дур чекам оператор. Демек многу сакам да зборвам за љубовта. Да. Љубовта. Абе љубовта ти е нешто свето. Ко ќе те мавнит в гла, очи заслепвет, мозокот не работит…само срцето го слушаш. Абе то ти е нешто….как да кажам….деметрин, дијазепам, асентра…да бе… сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте…..Све забораваш шо си мислел за особата пред то ако имала некој негативни работи. Мојт да е грда, никаква, пијаница, наркоман, чкртната, сите црни зборој шо си ги кажал или мислел за особата кон која е насочена љубовта падвет во вода. Едноставно на очите Господ ко да ти редит розева ретина и така го гледаш. Све најубо… сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте….мислиш.
Ко ќе видам заљубени љуѓе се топам. Се разнежвам. И гласов ми се менвит. Одма почвам да зборвам ко Љиљана од ДОМ. Е како резултат на една таква љубов минатава недела се роди еден брак…. сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте…..Уште непочнат да ти кажвам види целиот се намовнав. Да бе брак. Се зедоа Љупчо и Бранко. Ко кажаа на телевизија дека меѓу нив имало љубов и та се крунисала со брак бев пресреќен. Све ми беше равно. Абе некако сите ги засакав. И грциштана и Латас го засакав и… сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте….ми идаше на Игор од ONE да му се јавам Мешеишта да ме носит, најубото село на светот . Аку телефон не ми дават, јас пак го сакав.
А тие…тие двајца, Банушка и Бубенце, стопени насмеани , ко Ромео и Јулија, ко Самсон и Далила, ко Мете и Инџи, ко ангели. Ете доказ шо ти прајт љубовта. Се сеќавам во времето Баненце ко викаше за него дека е психоделичен поет, пак овај џо му враќаше дека е пијаница со виски па… сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте.….шо не си велеа. Арно ама љубовта си го напрај своето.
Падна и во вода мислењето на Бубе дека кај можел ноторен пијаница да му скратит краците на октоподот, дека и да ги скратит краците тој е глата на октоподот….абе љубовта си го напрај своето. Се сруши и мислењто на Банушко дека во времето ко нудеше Бубче промени, само некој министер се променил во тренерки и со црна кеса носел негде пари, дека немојт чоек да ја водит државав шо пишит песни за садо – мазо секс…абе шо не. Љубовта си го стори своето.
Искрено јас ја сумив љубовта нивна уште во 2001 година ко не беа фатени само онака се дружеа. Да бе… сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте….Заеднички феноменално ја играа видео играта со УЧК-ите. Ко да ги сумив уште тогаш. Додуша не ги видов да се држат за рака ама некако под око си се гледаа поинаку од другите. Поготово некако со блажен осмех, како бебе од ко ќе се покакат, се гледаа ко се рамкоизира нашата независна самостална РМ. Абе се приметвит то. Немојш да го скриеш.
И сега смисли си ти каков тандем ќе бидат како брачни другари да ја водат држава. Тииииии. Лепота… сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте...Заљубени, смирени, ќе носат правилни одлуки, многу поубај од шо носеле порано како разделени. Ние мислевме дека се неспособни па зато ја посраа државава, а то да ти бидат заљубени еден во друг, а беа одделени. Абе скраја да е. Недај Боже да те снајдит…. сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте….да го осетиш на своја кожа.
Добар ден. Ја добивте службата….опаааааа, не мрдај сега, ебати колумната. Ги добив. Добар ден г-ѓо, прво да Ви се извинам шо Ве чекам двајсет години….нема проблем г-дине, како можиме да ви помогниме….абе рутерот ме е сјебан, неможам да контактирам со никого, како во чаура затворен, нит ме есапит некој нит…..каков рутер имате г-дине, како се вика…од оние црнине, македонија се викат и се сјеба, зато ве молам пратетеми саглам мајстор некој…..нема проблем г-дине за вашиот реон е задолжен мајстор Бранко….аман не него. Тој прв дојде, го монтира и рутерот не проработи. Ми викаше биди трпелив убав сега аку не конектират ама потака ќе се….г-дине можам да ви ја пратам неговата замена мајстор Љубчо….Никако. Ич не ми го спомви. Тој ко беше сите кабли ги измеша, рутерот не проработи и на крајот сакаше да ми го заменит со бугарски….тогаш ви останува уште еден ама тој е последен вработен и незнам колку ќе може да ви помогне, мајстор Коле……г-го Ви се молам, Вие нетокму дан сте. Станов мој не е плоштад. Ќе ми дојт дома и ќе ми клајт 100 рутери и то од големине и пак немат да работит. Во то сум сигурен…….жалам г-дине, за таков рутер, од типот македонија, освен овие шо ви ги понудив друга опција нема…..добро нека е трета опција неморат друга…..за жал г-дине нема трета, за рутерите како вашиот задолжени се овие тројца мајстори и сега засега а и во иднина каков таков морат да ви стојт таму, пријатен ден г-дине….ти ти ти ти……Евааааа. Тебе нек ти е пријатен со ваков рутер и со вакви мајстори.
Ќе пробам пак…177…. сите наши оператори се зафатени, ве молиме почекајте.
Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори Скопје да е втор Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараев...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.