Зедов сачмарката и мајка му плакав и на мачкана и на кучено, имав и една крава од стрико остаена ко поклон, ја свиткав и неа, само неможев да им дојдам до акот на глувцине. Све испотепав. Ам шо да прам. Неможев да докажам дека никој од овие не гледет телевизија и се нон стоп надвор, а сметкине блокирани. Џанум неможам леб да си купам. Ајт си реков. Ми остана уште баба од гроб да ја станам да ја видат дека е мртва и ќе ми ја одблокирет сметката. Ама ќе морам да го продам моторчено за да платам за одблокирвење. Ам шо се морат не е тешко.

Сараево горит. Прво се здрвив после ми дојде некако лесно на душава шо на мама некогаш не и текнало да ојт на ќебапи во башчарчија па да се десит таму да ме родит. А ќе горит. Народот не е задоволен. Да си беа босанците македонци ќе си свиркаа немаше жртви да падинет.

Да си живеаа во НСРМ, во држава кај шо течит мед и млеко, кај шо немат криминал, кај шо немат богаташи кој станвет преку ноќ, кај шо немат невработеност, зш во НСРМ и оние шо се невработени работат по контењери, кај шо немат социјални случаи, зш кај нас тие се заведвет како социјалистички немаа да демонстрирет.

Во држава кај шо немат иселување на младите во странски држави заради корка леб, зш тие се иселвет за бивтек, едноставно во држава кај шо по утрото мракот се познават, кај шо е све супер, немаше и тие да штрајкувет. Зш кај нас ако нечинеше ситуацијата македонскиот народ, гордиот македонски народ неподмитлив и самоуверен по патот за подобро утре, ќе го изваеше кубурот и ќе…..е дур е вака, дур и копривана дават цреши нек си сејт кубурот.

Засега си е убо. Чим народот е преокупиран со “Фатмаѓул“. И све ојт кон све поубо и поубо, а од убајна јас си зедов линекс и реглан за да ожам убајната да ја поднесам. И Охрид во секој поглед се средвит. Да бе. Му писна полицијата денојве да се средит проблемот со лошо паркираните возила зш во однос на криминалните дејствија овај проблем е на највисоката скала на проблеми во НСРМ.

Е за да НСРМ бидит навистинска “Оаза на мирод и редот“ останаа уште некој мали ситници да се средат ама овај беше најгорлив. Уште да се средит некој посрани работи како организирање на улични трки во обратен смер, обивање на станој катадневно, зголемување на бројот на малолетници уживатели на наркотични средства, пушење во ресторани на кого како ќе му прднит, масовни тепачки на малолетници со мали ноженца, оние како за нокти сечење, хулагинско навивање зачинето со стол в гла или шипка в плешти…..не ми теквит појќе зш ги немат многу….и све ќе е џам.
Еве патот до иднината ни го кажа и гркот Вазелинос….не Венизелос беше, да Венизелос, кој кажа дека решението за проблемот со името лежи во “почитувањето на меѓународното право, регионалната стабилност, иредентизмот – кој го кажува или го крие своето име, како и добрососедските односи“.
Е браво бе Вазелинос….Ванизелос де. Ни отвори очите дека ние имаме иредентизам према твојата П(оранешна) Т(урска)П(окрина)Г(рција), еве и со зборој ПТПГ ама овие нашиве шо ја водат држава овие 25 години никако да резберат еднашка да не барет да се отцепвиме од ПТПГ , да ја тргниме тешката артилерија од Граница со ова покраина, нашите најмодерни Мигови да не летет близу турската покраинска граница и шо е најбитното да им вратиме со поголем реципроцитет одосега на сите нивни потези према нас.

Пример….викам пример….на секој наш вратен возач од границата нивна ние на еден нивни одма маваме фелацио….на секоја наша исчкртана кола….ние земаме нивна стара и ја носиме во фарбара да им ја средиме…..на секој навреда во покраински ресторан ние го носиме во Ројал Вју го нагоствиме, на масата редиме грчко знаме и наше, ама на нашето наместо црвено и жолто да имат сино и бело.
Дур гостинот уживат во спа моментите и релакс масажите во Ројал ние ојме под туш, со ладна вода, посебно на глата, средвиме чмарот да ни се стегнит за нив да име потесно, со нас полкило вазелин, за да не го болит на гркот и од ко ќе горастуриме чмаративно го носиме на ручек. Не така? Е да ги видам тогаш дал не ќе не признает.

Браво за Вазелинос…Венизелос….на сите македонци ни го отворите очите шо разултират со футуристичко чмаратитистичко отворање на македонските чмаровни, за доброто на држава ни наша. Е дур тогаш сакале нејќеле од НСРМ , нашето името ќе станит НСРЧ(маредонија) и тек тогаш со ПТПГ ќе ни се подобрат односите. Односите се најбитни.

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.