Ајде деца. Клајте шалој на суратите, капи, завиткајте се ко глувци само очите да ви се гледет. Се јавивте кај баба и дедо? Кај другите? Супер. Викнавте други роднини и пријатели? А така сонциња. Ајде ајде спремајте се после све ќе ви објаснам. Шо бре? Е аку де си излгедал ко за нигде. Не, немат потреба да зборвиш ти, јас све ќе зборвам. Шо ак незнајш. Не глеш дека за нигде се во суратине и незнает да гугнет па претседатели се ајде ти се молам.

Абре ак те прашет нешто опни еден твит до мене и јас ќе ти поможам. Само храбро и ич да не ве болит зш ве терам вака да прајме. И знајте најголем успех е успехот. Поготово ако вервите дека траскањето зелени не е траскање. Транспарентите готови се? Чек да видам. Здебели го то со ОВК ко болд да дојд. Така. А то РМ нека е со црвено Р со жолто М. Така. Пак тој. Ами вака. Овде Варосајте Копуци вие од РМ.

Да бре синко. Цела работа е за да ни варосет. Не глеш за све протестирет ние ќе си протестираме за да ни варосет. И додај на првиот транспарент шо ќе го држит баба ти Дуфка: Ако не најдиме разумен компромис, Стразбур ве чекат. Ич да не ми се секираш. Верви му на тато. Мене дај ми го тој транспарентот “ЛГТБ НАПРЕД“ и онај “ЗА ТРУДНИЦИТЕ 3 ГОДИНИ БОЛЕДУВАЊЕ“. Така мил тој. А на дедоти залепи му на челото она банерчено: “ДОЛУ СУДОТ во НСРМ“. Море дете знам дека ова ништо врска немат со варосвењево на станов наш, знам дека јас ја посрав работата ги остајв сите пари во кладилница.

Ама не ги глеш загрозенине? А не ги бендисвит нешто одма на демонстрации. Е така. Сега само ни останвит да одлучиме кое знаме ќе го запалиме и да дојт некој слепец да не снимит. На кого му плати да дојт да не сликат? Уживај со него ќе се префатиме со поликорол една канта, а ако објавит одма, со акрилна. Така. Ам ко может тие да се бунат, а на душа зедоа луѓе, нашево за варосвење одма ќе поминит з`ш мојт и нивното да поминит. А ако не ни варосет ќе ги убијам, па за мене ќе палет знамиња и ќе ми е преиначет казната од доживотен затвор во амбасадор негде.

Само трпеливо ќе дојме на ред и ние. Сега се зафатени со барање на оружјето со кое пукаја луѓено од полиглотот од Зајас, оние од ДУИ. Е не какај и ти си сега. Не се најџвит така лесно оружје. Господ знајт од шо е пукано. Прво мојт никој да не видел. Второ мојт никој да не слушнал. Галама е море. После мојт да пукал Џемс Бонд со мобилен и сега не ќе му ги провервиш мибилните на сите. Не така? Пак на крај краишта шо прајме ако некој пукнал со игла и ја фрлил в сено? А?
Мада не мојш да имаш верба во судствово. Еве за глупости сега го малтретирет Милече и тотално му ја нарушија приватноста во слободата на говорот преку мобилен телефон кон жешките телефони за свое самозадоволување.

Абе Господ да бранит и да чуват. Да те прислушкувет да не мојш да му речиш некому: дај им на сите овие 500 души лични карти аку се од Узбегистан…или… да му наместиме пред новинарите да му опнат шамар и да го закачат со нож в гас…или…опни му динамит во чмарот да се распарталит како шише со шира…или…. го викнав да го видам, а тој се посра ко ме виде зш го бијам ко мало дете….страшно.

Н а ј о б и ч н и приватни разговори. Да немојт Чето да си ѕвонит кај Мануела, Меланија, Евгенија и други домаќинки да му кажвет рецепти, а тој си мастурбират ко секое недораснато дете. Свашта. Како е тргната работата овие можат од инает и в затвор да го пикнат, не дај Боже, а и таму да акнет некоја бубачка и да го прислушкувет и пригледувет со другарчињата ко ќе си игрет. Абе кај ојде ова светов.

ШШшш еве новинариве идет спремете се. Викај гласно. Шооооо? Немој да си спомнал за дизелот и за “Диво насеље“. Никако. Те оправ. Ебате три денари посрани. Е шо ќе прајме. То е. Ни остана еден куп вазелин од ко беше Грујо на власт и мачкај.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите