Да да да. Ќе се продолжит и ќе се ширит од кај шо е сега, Подмоље, све до Ботун. Да бе. То ќе е централната, главна писта. Од Климештани до Мороишта лева секанд писта и од другава страна пак Брежани, Илинска, до Демир Хисар уште една писта за тие од Битола, Прилеп и Беловодице и на крај крај од Илинска, према Курајца, Прентов Мост, Косел, за оние од Охрид. Централната писта за во сатеска. Како ам.

Директна линија Охрид Њу јорк. Абре ко ти викам. Така рече Бујарчо. И јас го вервам. Абе немат шо да се чекат. Срљаме во прогрес. Ќе се скратет патешествијата на стратешките брбања со Америка, која нужно и страсно се борит за нас. А и се секирет америте за нас да знајш. Глата ги болит. Ене не глеш Бајден на секое излегвење со чалма е на глана. Не од шо се сопвит и паѓат ко круша од точкој од скали…… Туку го болит за нас.

Остај Америка. Ќе ја средиме со неа многу лесно. Колку шо Таип Ердоган ќе средит за неправилностите во градбите на зградите и чоекот даде 113 налози за апсење, а 12 веќе се притвор. Е овие неколку најсет луѓе требит да ги заменет оние близу 30 000 шо ги снема. А наместо да дават апсечки налози да внимаваше ко даваше дозволи за градба? А? Шо викаш? За Баба прашвам з`ш се спремат да градит зрада кај нас.

Ам кој не градит кај нас та Баба не. Бар во Охрид знам. Која е разликата помеѓу Баба и неимариве наши? Само во парите. Иначе во однос на градбата имет иста стручност, исти поглед на свет абе све е исто. И тие и Баба немет менструација. И сега шо е разликата. И Баба и тие ги исполнвет сите услови за дозвола за градба.

И немој да ми зборвиш појќе за Баба з`ш ме нервираш. Доста ми беше нервоза со Бугариве шо не ги знает процедуриве со донацијата на генератори. Ти ги пратиле и џанг на граница на нашиве од шо ќе ги примите или чаре, а не спремиле документи. Едноставно нашиве кажале дека ги враќет з`ш не бил напраен никаков договор и не се спремени никакви документи.

А како, ајде кажи како покрај трчањето за обезбедување на парламентарно мнозинство како да се трчат по вакви небитни работи. Ова е Влада на НСРСМ бе. Не е Охрид трчаТ па да может на две работи да истрчет. А ние сме принципиелни. Ако требит Тесла ќе го станиме и ќе го прашаме како се прает и сами ќе ги напрајме генераторите ама вака без документи и нелегално не ги примаме. Ајде ти се молам. Ова не е хероин или некои други дроги или кој било други психотропни супстанци тек така да влезет во држвава. Или пак мигранти Не така?

Па во право сум ами не. И бугарите се во право шо не дозволвет да се регистрират “Никола Вапцаров“ здружението на Македонците во Бугарија. И како да ни дозволет кога ние си кладовме доволно вазелин. За македончето мајка му е само вазелинот да имат некој реципроцитет кун одлуките на Бугарите.

Тие НЕ за Вапцаров ние помалку вазелин па нека ги пржит ко ќе не онаквет. Тие офкај ние не мачкај се и смеј им се в лице. Јас да сум на местото на нашиве политичирани за инет ќе се откажам и од Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Ар за инет ќе тврдам дека не се претепани двајцата до смрт туку ко шо рекол нивниот “администратор“, Васил Цанков, дека сам си е ја убил себе. Зинет.

Море чоек ние имаме поважни рабати во средвење на светскиот поредок отколку да се расправаме за вакви глупости. Еве Бујарчо иако е пренатрупан во агендата на цел свет да му докажит дека тие неможат толку да не онадет колку шо ние имаме вазелин, одвој чоекот време и ја запука за Молдавија за да ги поучит како да го задржат мирот и да не дозволвет Путин да не им го нарушит. Едноставно по наш терк. Ако не друго со тебе и Тачета ќе ја развиеме вазелинската индустрија во светските рамки.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите