Абе ко ја пакував солзи ми течеа. Река. И кладов све в торбица. Боксерици, ѕиври, електрично перниче, свинска маст за за мачкање коленоно, волтарен маст за левоно лакто, грејачот за зглобојте зш имат гихт, дикло дуо, шансовата кравата за спондилозата на вратот, и ја спакував левата патерица, десна штака, и ги кладов росињолките и таман ко ја извај со количката надвор дојдоа другарите со автобусот си ја зедоја и магла Маврово.
И на дедо истото му го средив само плус му кладов Простамол и катетерот за секој случај, само се рушив од плачење шо прв пат се разделвет. Баба Маврово, дедо Попова Шапка. Зш баба го фаќат условот за Маврово имат 69, над 65 години значит, а дедо 78 , над 73. Така ги исполнвеа условите шо да им прам.

Ама пуштив и солзи радосници. Ам така требит бе, со вакви проекти ќе им го крениме моралот на пензионерите. Шо кој таквио им се потребни повисоки пензии. Нека одат нека скијет. А Шапка е поарно зш таму ако си над 73 ти давет доживотна бесплатна карта. Како ам. Алооо за цел живот. Шо би се рекло за година две де, ама пак алооооо…..

Ми беше шубе една работа ама ја расчистив. Со овај проект на Министерството за Труд и Социјална Политика на Независна Самостална Република Македонија ( во понатамошниот текст МТСП на НСРМ) била опфатена и Костозглобна, набавиле голем број на кревети, појачани се дежурства, а Добре и Злате, гипсарине, 24/7 на работа.

Се јавив во пластичарска улица Скопје, испорачале над 1000 колкој и леви и десни и се јавив во Дебар во Кнауф. Од таму ми рекоа, не се секирајте господине, очеквиме зголемување на побарувачката за гипс и го стопиравме цело производство на гипсани табли, ами се фрламе ревносно на испорака на гипс за скршеници по сите болници посебно во Костозглобна.

И искрено тогаш кај пуштив солзи радосници ами и ми олесна и еве сакам да го потикнам МТСП на НСРМ и ревносно ќе се внесам да помогнам да прајт слични проекти за нашите пензионери.

Прв чекор. Со Васета убо се знам ќе ургирам еве одма нека ги носет во Охрид секоја среда и недела кај нас во Охрид на лизгалиште. И ќе им помогниме. Газната површина на лизгалкине ќе ја смениме со маси, оградана е висока и да се фтерет во неа неможет да излезат на плочкине…..убајна.
Второ чекор. Одма да им се отворит скијачка скокалница на Галичица слична на она во Оберздорф. Море леталница. То е бар лесно. На тие години и зглобој и колкој и све ги држит. На повисоки надморски висини остеопорозота се подобруват. И не им требет скии ….пушти ги така и ќе летет.
Можит да се размислит да им се отворит, пример, бесплатна школа за модерен балет и модерни танци, со неколку отсеци. Пример, велам пример, отсек макарена, отсек чачача, отсек кренија баба на една рака фрлија на другиот крај дедо да ја штопират на гради или слично. Зато викам пример само. Е сега зш ова е деликатно, покрај општите услови шо требат да ги исполнат да се постари од 81 година, ќе морат уште еден услов. Во присуство на родителите.

Сега види, да не се прам јас многу паметен, јас само давам идеи, а МТСП на НСРМ сигурно све си имат земено во обзир и носит, а и во иднина ќе носит ептем вакви паметни потези. Од мене имат поддрша вака да не им ги зголемвит пензиите ами да им дават бесплатни работи. Па дури и погреби. Зш да не.

И све нека се удрит за подобро на пензионерите, паметно како овај проектит за скијање, неморат за други. Кој ги вртит средношколците, студентите и оние шо се пред врата за основање на семејства, а немет никакви услови посебно економски то да го напрает. За нив, за младите немат потреба да се мислит. Ако им прднало да барет благодети , нек си ваѓет бугарски пасоши и ајт џенем кај сакет. Не така?

Алоооо едно да ни е јасно. МТСП на НСРМ ни прајт да не се плашиме за нашата иднина, зш држава и народ со вакви пензионери не треба да се плашит за својата иднина.

ЏИМИ
[email protected]

Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.