Абе дур вртет овие кругој во Центар со гласањево, а ќе вртет дур не го напрает знакон на олимпијада, ми текна на еден муабет од неодамна со еден пријател. Некако дојдовме на тема за децата. Му кажав дека одко спознав дека требит да имам деца си реков Господ златен првото да ми е ќерка. И би така. Имам ќерка златна и синче златно. Само шо тогаш некако со срам кажвев дека сакам првото да е ќерка зш сите шо то го сакавме бевме окарактерисани како мажи кој носат меѓу нозе вагина. Да бе….така беше.
Е ко го слушна ова пријателов среќно ми рече: леле колку сакав и јас. Нејсе…не само тој шо беше среќен на муабетов туку бев и јас зш видов дека не сум единствен вагиноносец. Арно ама после то ми рече: ама ете Господ мене не ми даде ќерка туку два сина, нека се здрави и живи….ама ако имав ќерка знајш шо ќе напраев? (а ? му реков) ќе ја научев да бидит курва професионална зш денес тие живеет најубо. Та да ги користит сите не тие нејзе…….
Прво мене очиве наааааааа ко кромид. Се збунав. Си викам ако јас сум вагиноносец, овај морат да комплетен вулвоносец. Прво то ме збуна и ми излета без да сакам: Абре ти да не му си татко на Фијат Цаноски па наместо ќерка ти син ти дан го подучи како мојт да се бидит професинална курва? Вака му реков. Можда згрешив ама ми излета. Да се разбериме…можда згрешив шо му реков….ама не згрешив за професионалноста на Фијата. Можда навистина Фијат е вагиноносец и то професинален.
Како и да е Фијат ќе ја спасвит НСРМ….санќим државав е ФОН. Можда па и кај таквите “професионални“ излегвит на видела патриотското? Можда пак му снема пари за вазелин….можда пак не му се ојт кај сватот? Не оти чоек мојт да знајт. Ама пак заебано ќе е ако се професоинализират, а пак да појт кај сватот. Ак не друго ќе му однесит вазелин и на сватот. Да му се најт за во злодоба ако некој недај Боже некој му се натопорит со кубурот.
Настрана то Фијат шо го напрај дал е океј или спаѓат во доменот на радодајките, ама Бранко ме изненади. Фијат згрешил со својот потег? Незнам на шо мислеше спасителот на државава дека е грешка Фијатова. Можда пак Бане е во право? Можда трбеше заедно да ја спасвет НСРМ? Ако е за то требеше да останит со него. Зш еве кај и да е Бане, ако не денес в чера ќе дојт на власт. Ама пак од друга страна Бане него го репаше на суво, а вака се надевам ќе му дозволет на Фијата со вазелинот да имат не само политички ами и чмаративен мир.
За него незнам, ама ете се издравив како мајка на посрано дете шо Косово и Србија постигнаа историски договор. Уште појќе ме израдви изјавата на Али Амети кој за овај чин рече дека со него се отворет нови перспективи во регионот. И да….се отворет ама за кого како. Јас лично неможам да одгатнам за кого. Арно ама ако зејме факт дека ете Србија и Косово се договорија, Грција и Србија одавна се имет договорено, пред некое време Бугарија и Србија постигнаа консензус за…за….за…..не ми теквит зш…тогаш, на кого му се отворат перпеспектива, а кој е Ѓорѓи….зш знајме де дека Ѓокица бил сардисан. Как да е за некого ќе се отворет , а некого ќе го напикет во шише. А кого??? Јас лично појма неам. Ти? Вие? Бане? Коле? Филе?
Или да го прашам Фатмир Дехари градоначалникот на Кичево?А? Ама не вервам дека имат време да ми одговорит зш тој е зафатен со бркање на хонорарци од локалната во градот на бурекот. Мада ме бендиса како убо објасни за знамињата: Македонските медиуми имаат тенденција да прават пресија врз Општина Кичево. Со моја наредба е поставено албанското знаме пред општината, а за другите знамиња, тоа не е точно, оти граѓаните нив сами ги поставиле пред неколку месеци, оти тоа им било волја.
Фалмендерит шок Фатмир шо ми кажа. Ама дал си подразмислил дека некогаш неможит да ја следиме вољата ами законот. И јас имам например и воља и желба да клам низалки со суви пиперки на тераса или гашчи посрани ама ете имало закон за то дека не смеам. Исто ко шо не смеам да неплаќам струја зш си имат закон, не смеам да не плаќам ТВ зш си имат закон…..и тие закони важат за сите граѓани на државава наша….самостална.
Е сега ми е мака шо не живеам пример во Арачиново, Теарце, во околината на Тетово Гостивар за да не плаќам струја…пример. Не дека таму немат закон, да се разбериме рековме за сегде е тој закон. И законите неможат да бидат на национална основа, не така? Туку таму е друга финтата. Како едно време шо имаше полицајци со приватни раскрсници така и таму имет приватни струјаџилници, како леблеџилници шо си имат и си произведвет струја. Е сега можда е заебано шо морет да плаќет ДДВ..по закон…и плаќет, а све друго шо ќе чуеш и видиш е…. Македонските медиуми имаат тенденција да прават пресија врз Општина Кичево.