Живееме во време на големи противречности и недвосмислено длабоки кризи во сите области од човековото живеење Денешната душевна и телесна состојба на човекот личи на состојба во која се наогаат клетките на ракот. За себе одземаат се` што се наога во нивна непосредна околина и со своето растење не се свесни дека го уништуват целиот организам. Во романот “Остров” на О. Хаксли еден од ликовите ќе рече:

„Знаеш ли што е рак? Тоа е она што се случува кога еден дел од тебе ќе заборави на сите останати делови и се однесува како што се однесуваат лугето кога ќе полудат  само лудуваат и беснеат како на цел свет да не постои никој друг.“

Овој превземен став сметам дека е клучен меѓу другото и за одговор од каде толку проблеми меѓу младите. Сносат и тие  дел од вината, но се сложувам не се порно генерација можеби само актери кои за некаква “сметка” го слушаат режисерот. Ако една нива не роди пшеница туку плевел тоа е затоа што не сме посадиле пшеница или не сме ја обработале нивата па “сме ожнеале токму тоа што сме посеале”.

Драги родители кој им купува на нашите деца мобилни? Ги заработиле ли? … или ни се алиби да знаеме каде се во 4.30 наутро да ги прибериме ако слушнеме пукотници. Навистина се јавно соблазнети на секој чекор, на секој медиум, во секој сегмент од сопственото живеење. Неизградени како личности (чест на исклучоци) се главна мета за напад. Ако се анализира облекувањето, посебно кај девојките, се заклучува дека е пресликување на она што пред години го носеа и беше заштитен знак на проститутките. Од друга страна ако прашаш некое момче каква девојка му се допага вели „згодна, плава, црна, слаба со големи гради.“ Недај Боже да одговори сакам паметна со која ќе можам да разговарам која ќе ме поддржува и.т н…..Значи имаме ИЗМЕСТУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ. Младите се во замките на индвидуализмот кој не вродил со креативност туку со егоцентризам и самозадоволност. “Беснеат и лудуваат како на цел свет да непостои никој друг.” Не се согласувам дека материјалната сиромаштија е причина за таквото однесување. Од една страна тие кои тоа го прават заради пари далеку од тоа дека се чувствуваат спремни да бидат дел од видео запис. Најверојатно пробале се` друго, но не успеале на поинаков начин нешто да заработат.

Друго и поважно. Токму порнографијата дури и онаа најниската, детската, е заштитен знак пред се` на високо развиените земји каде работа има за секој, а таа царува токму таму. По се изгледа нешто друго е во прашање. Тоа е недостатокот на ВЕРТИКАЛНАТА ЧОВЕКОВА ДИМЕНЗИЈА онаа која стреми кон висините на човечкото достоинство. А идеални држави нема. Ја замислил Т. Мор во својата “Утопија ” во 16 век или Т. Кампанела во “Сончевата долина” во 17 век но реализација нема и нема да има. Се надеваше човечкиот род дека развојот на науката, техниката, медицината ќе го одведе во ветената земја, но како што вели самиот А. Ајнштајн: „Не е проблем атомската бомба туку срцето на човекот-дали и за што ќе ја употреби?“

Затоа младиот човек треба да знае дека без љубов во своето срце  ќе биде мета на безчувствителноста. А таа господари сурово и за себе и за другите. Не треба човек да дозволи да е на пониско ниво од животните. Нивниот природен нагон е за размножување. А во случај со порно индустријата не се работи ни за тоа, а ни случајно за љубов, туку само изживување и допирање на дното на самото дно. Секој треба да знае дека животот му е безвреден ако не почувствува “пеперутки”во стомакот ако не се фати себеси во насмевка за која само тој (или таа) ја знае причината, ако е спремен на се` и многу други убави…. ако……Би сакала да има начин да се искорени од сите сфери зошто таа е насекаде. Борбата меѓу доброто и злото продолжува. Ќе ја издржиме ли???На чија страна сме???
   

проф. Ирена Чакареска
(Гимназија – Струга)