Абе ко сум се дуздисал со костум, бела кошула келнерска, со шпиц крагни испеглани со шербет потурени, а насмеан насмеан санќим на компресор седнав. Од среќа, радост и весели моменти сите ги засакав. И Миленко ми идеше да го бацам, а Јанка бурекон да го масирам. Со голи раце без нараквици. 

Така дуздисан од среќа му се тапосав на Лопезон за Св.Филип на визита и искрено ич не штедев. Сите ги частев. Шо сакет му реков да земет. Прв пат од ко ојме на визита кај него ич не се секирав шо и колку јајт Протугер, а тој пак ко рушен да е, ко цревото да му е шест пати подолго од нормално и ко в гепек да го носит. Дури и му приклавав да се натрескат.

А како да не сум среќен. После 100 години во кој парите мој муфлосвеја можам да ги употребам за куќа. Абе алал да им е за вакви потези. Зш не дека јас немав пари да напрам куќиште ами немав проект. А немав проект зш тој беше најголем проблем да си напрам куќа. Да ти се пљукнам на другите трошоци, овај беше најбитен. Знајш ти колку македонци останавме без куќа зш не спречвеше проектот за индивидуални куќи кој е бесплатен да се скостиме на едно место? Абе ги извајв дма парите, шо мислев да ги поклонам ко бекатон, ги исмукав од муфлата, ги истресов, од интернет сметнав проект за мојата куќа и се посрав. Сакав да речам напрајв куќа. Е вакви проекти, е вакви големи мисли од малиот мозок или пак мисли кој излегвет без мозок ме бендисвет. Алал да им е. 

Додуша алал да и е и на Могерини. Можда пак алал да ни е и на нас тикварите, македонците. Виде како рече? Ако ние како овци, пардон, НСРМ-овци сме ги спроведеле успешно реформите и ако сме имале успешни избори, за Македонија следвела награда. Абре шо зборвиш? Зш некако ова ми е излитено? Зш ова ми личит дека не сметаш за дечиња или дебилчиња? Ти сама помисли така или ние придонесовме некој да ни ветит смоки за научена стихотворба?

Зш види. И на кучено ако ти вратит фрлен стап го следвит награда. Ти ќе ни фрлиш стап? Колаче некакво. Или коска. Пуста Могерини илити пак нашите ревносни политичари ме потсетија во времето ко му велев на децата: сонце искакај се во нокширче и тата ќе ми те купит петарди, злато мочкај во шољана не во гаќите тата ќе ми ти купит еурокрем, татино злато ако какаш и само се избришиш тата утре ќе ти купит балон со хелиум шо ќе летат високо, високо….

И видиш. Дур ја слушав изјавата на Могерини јас сватив дека ние не мојме асално ни да се покакаме, ни да се избришиме од ко ќе се покакаме, а многу сме какани, а тие…..тие, западот не сметет дека сме серковци или деца и ни ветвет награди ако утре покажиме дека немат да се заебиме во дишењето. Дека требит прво вдиши, па после издиши, а не двапати издиши зш ќе цркниме. Не знам дал е вака, ама мислам некој ден да ги прашам Зајко и Коле, до кај не донесоа со инструкциите за дишење, да ги прашам дал смејме уште то да го прајме. Да дишиме. Зш Могерини немат да ни дајт лижавче. Ко ти викам.

А ти Могерини да си ја пикниш опашката в гас и да те немат од овде. Оди кај твојте од ЕУ и договорете се убо за мигрантската криза шо ја изнадупи НСРМ. И дај кажите како уште да ги поделиме бегалците и кој колку од групите да ни го закачит или ако милуваш да ни го втикачат.

До сега имаме две категории: војни бегалци и економски бегалци. Поделете ги например и по дијагноза. Пример….брухни бегалци и гинеколошки бегалци. Или мојме кратко-коси и ондулирани бегалци. Како сакате така кажите, како ќе кажите така ние ќе се натртиме. Или пак дур одлучите земети ни ги од граница и распореде ги во Хрватска, Словенија и други членки на ЕУ ние дур сејме зад врата, за предпреговорителни пред пред преговори за пред влез во ЕУ.

Се изнервирав и запалив цигаре. Бар нив им сум газда и шо сакам ќе им прам. Ме охрабри долнителниот заменик – министер ( клајте уште некоја придавка, додавка, претставка) за земјоделство Љупчо Николовски. Тој ги посети тутунарите во Црнилиште, Саждево, Суводол и Ивањевци и им порача дека нон стоп ќе биле тука, како влада, на откупните центри. И нормално, да не се секираат околу 30 иљади тутунари све ќе е во ред со откупот и тие ќе се задоволни како производители и македонците како пушачи. Значи немат зима во државава за цигарина. Е па….пуши Македонијо.

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив