Абре све да се забранит шо имат и најмала шасна да не коронаросат. Така ами како. Јас мислам дека нашите власти најревносно и најпрофесионално се справувет со коронава. Абе немат мрдање. Навивачкиве групи се бунтувет ама не се во право. Се потврди то саботата на градски стадион. Поминаа 90 минути и ниту еден играч не падна покосен од температура. Виде?

Абе друго си е со забранава. Наместо стандардните 25 гледачи по натпревар сега си имаше сегде не појќе од 12 и пол. Е па не е исто на играчине да им дувет и кивет 25 цели гледачи. Ако не се донесеа овие препораки Господ знајт како ќе се снајдевме со ширењево. Вака си сме мирни.

Браво и за докторкана од кожно. Алал да ѝ е. Си дојде од Италија и прокива им просмрде една недела по клиники по семинари потзарази неколку најсет луџина и припадна. Е то е чоек. Све бре да делит со народот македонски. Зш како велет за власине…..влав и зуќем не дават….е виде ова докторка директорка? Абе та имаше поголема мисија ама ете ја заебаја не ѝ дадоа мој термин иначеееее…..пааааа делба со народов наш.

Ко да го зачув Филипче дека ќе ја суспендирал. Незнам зш чоекот велит дека та не се придржавала кон препораките ама знам дека одма на граница нашите власти реагирале. Ко ја виделе одма ја чапнале на контрола, та бегат тие дрпет ама некако им се мушна низ граница. Шо значит тие си ја завршија работата, а та беше неумна избега. Иначе како би се мушнала од Италија овде без преглед?А? Едино чоек мојт да му избегат на будноста на нашите органи ако ја имет фрлено од авион или хеликоптер. Кој знајт.

Мада знам да сум ви јас шо ќе напрам. Ќе видите шо е екстремност се во цел да си го заштитам народов. Прво под хитно би ги затворил сите пицерии. Од сите маркети запленвам макарони, шпагети, тортелини и други италијански работи. Види го…..абре аку се прает во македонија мојт да имат нешто внатре не се знајт то. Сепак се италијански работи. Не така? Ам како. Кинеска зелка од требенишка бавча да не видам на тезга. Никако. Така де почвата е македонска ама остај ти. Денес и земјава не е како шо беше.

Дури би ошол и во крајност. ЗАБАРАНА ЗА СЕКС ВО МИСОНЕРСКА ПОЗА. И мислам дека ова е најважна мерка. Или доги поза или њама секс. Како ам. Абре намести си се ти отпозади, веслај и та нека киват колку сакат. Нека фрлат вирус в душек нека го кишкосат ако сакат. А и ти да ги киваш во ова поза чишка ќе ја напрајш в плешта, вирусот на плешта ќе и паднит, а не в вуста да го примит. Па да се коронизират. Ти се молам.

Морат….морат да сме за све спремни. А не ТРАС-ТРАС и после чуди се шо те снашло. Спремни. Како адвокатката на Зоне побегуља шо е. Рече жената дека ќе успејт да докажит дека Грујо е невин. Си имала таа посебни процедури кои ќе ги применела и ќе докажела. И јас мислам дека дека ќе докажит. Посебно ако постојт некоја процедура и иснтрументи со кои ќе извршит контрола на ушињата и газето па да докажит дека е невин. За резултатите од ушите знам, ама за во……Мада побитно е шо не напрај трас – трас, не трасна….зелена.

Кај шо го спомнав ова ТРАС-ТРАС некако без да сакам ми влезе во вокабуларов. Знајш она ко реклама едно едно ко ќе ja слушаш или пак песна ко ќе чуеш од сабајле и се давиш цел ден со неа. Само не ми теквит како се викаше тој шо нон стоп го употребвит ама мислам дека е онај шо ги потврдвит поговоркине од типот: цреп шутаре прекарвит, подрж ми го копилево да се искарам со курвава, крадецот викат фатете го крадецот и други. И то како доказ дека не се поговорките измислени туку некој ги доживеал па ги кажал. Ам како. Или она како беше….од кол на кол поголемиот в … Само незнам кој го преживеал ова па го рекол. Ќе да е политичар ама….

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите