Абе колку убо  кажвет овие портпароливе на МВР ко ќе изелзет на телевизија. Рецитирет. Сонциња се. Ко ќе ги слушам ми идет да ги штипнам за обравчињана. Ко дечиња во градинка на завршна приредба. Се чудам зш ко ќе ја завршет изјавана не им шлушкет новинарине ко мајки на приредба. Оние пак шо се женски портпалорки уште по веродостојни се на стилот. Уште да излезет со кикици, една рака вкикица друга рака на фустанчето со прстината да го вртет ко мрсул да ваѓет….убајна. И све е кажано јасно и разбирливо не како во Езел незнам кој на кого му е син шо му е ќерка и кој на кого го уби па го засака, ал се врати Орхан па го уби Езел, али Ајше му е зет на Али или пак Бахар беше фудбалер…… Богами.

И многу ме бендисвит ко ќе кажвет со иницијали. Ам како. Несмејт да се знајт кој е. Зш ова Охридов е поголем од Токио и со исти иницијали можат да се џуба џуба жители и ај сега откри да те видам за кого се работит!? Е ко ќе кажвет вака се радвам ко за утре шо е први мај ден на трудот а во Македонија труд колку на месечина македан. Да бе. Еве сега пред некој ден  кажаа дека во Охрид се поднесле кривични пријави против З.Ш. и Е.С. раководители на оделенијата за сообраќај и за комунални дејности во локалната самоуправа, како и против уште дузина иницијали. Е сите овие напрајле некоја пиздарија со С.Д. шо ти бил раководител на групацијата „Денесовски“.

И толку. Идентитетот е заштитен. Ај да те видам помисли ти  дека на групацијата “Денесоски“ раководителот е С.Денесоски. А? Од кај на крај памет то. Или пак сети се да те видам кој се З.Ш. и Е.С, зш во локална во Охрид имат 44 раководители на оделенијата за сообраќај од кој по дванајсет се со иницијали З.Ш. и Е.С. Како ам.

Е во тој контекст да ти кажам нешто друго. Ептем се израдвив за една друга работа. Мислев дека најспособен во државава ни е Н.Т. , медицинарон, ама стап. Никој. На Е.М.К од култура мојт да и се фатит за п. ( мирен, прстот мал ). Ако Н.Т. е професор, медицинар и каратист, Е.М.К е културалист, шумарски инжинер, градинар, хидроинжинер, статичар, градежник и шо ли уште не. Така убо го скоцка одговорот за врбите зш коштале четврт миљон евра шо на новинарите им е.м. А овие останаа подзинати.
Кај шо спомнав. Јас сум ЗА за врбите. Дури и по 500 000 да  коштаја ќе бев за нив.  Посебно зш авторот на овај проект рече дека ова било одраз на нашата култура. Мада ако се работит навистина за нашата култура мислам дека не е баш комплетно да останит вака само со три жални врби. Права поента ќе се постигнит ако до трите жални врби клајме еден батец кој мочат до врбите. Само прашање е дали да клајме еден да мочат кај средната или пак на секоја да закачиме по еден мочко. Во цената немат ништо да менит зш мочковците во Македонија ги имаме многу така да мојме да ги зејме за волонтерско мочање. А и за него ќе е џам. Ем слободно ќе мочат ем немат да платит 50 еври. Остај друго…ќе мојме наместо жални врби да ги викаме уринарни врби.

Кај врбите ми е јасно и чисто све. Немам заблуди. Ама во друг поглед бев заблуден години.  Ауууууу колку не убо чувство ти било то. Се осеќам некако ко брбушка од овца, ко пљукнат….ко да мочав во Вардар, а Коце да ме виде. Ко ти викам. Бедно. Абе исто ко Александар Велики се осеќав. Скраја да е. Не ко педер. Усрамен. Ам и ти ќе си усрамен да идат луѓе од сегде, од цел свет за не тебе да да те гледет ами мадињата на твјот коњ. Да си пукниш. Јас да сум ко Ацета ќе се убијам.

Тук дан забегам. Шо ми беше муабетот. Абре години јас мислев дека во собрание имаме пратеници. А ти сме имале безочни лажговци, ѓубриња, ајвани, удбаши, мајмуни и други убај луѓе. Ова ни го кажаја Адеми и Алиу од ДУИ и ДПА. А јас си мислев дека години во парламент седат само лапачи и тупајзери. Дур сега ми е потешко.  Е ај де сега одбери за кого ќе гласаш?? За ајван? За мајмун? Дај нека се договрат шо ќе се. Избор голем имет, како шо кажаа овие двајцава. Сакет нек се викет ѓубрина, сакет ѓубрина или пак…..ѓубрина.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката
Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се ставови на авторите и
редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на
истите.