И уште една работа таман ја заборајв се потсетив и збеснав. Абре од кога Мики пајканон ми ветвит пастрмајлија, имат едно 5 години и ништо. И таман заборајв еве ти го, го најдов…“деновиве ќе направеме и ќе те викнам да видеш шо е штипска пастрмај`лија, ќе го наполнеш коремот“..Море Мики море дете. Некој од немукет не се женал, та јас не ќе јадам од тебе пастрмајлија. Побргу ќе фатам лото на неуплатено ливче или ќе напрам абортус, ако сум маж, отколку ти да дајш пастрмалија. Абре шипка 16-ка да ти пикнам в гс ќе излезит 200 метри бакарен намотај од шо си стегнат.
Чек. Кај шо го спомнав Абортусов. Абе стоп за абортусот. Каков абортус бре алооо. Абортус…никако. Замисли во то време да имаше абортус , ко шо ни кажвет на телевизија, ќе ја немавме “Одата на радоста“. И жити леб како ќе се живееше без неа??? Никако. Ќе немавме шо да слушаме како музика. Шо ќе се пееше по свадбиве??? Не бе каков абортус. Со абортусот ќе бевме оштетени во ногу работи и ќе бевме спречени да уживаме во големите мисли на многу умни луѓе.
Пример….не ќе ја слушневме следнава изјава: “….Доколку некој плаќал 400 денари вода за домаќинство сега ќе треба да плати 480 денари ако плаќал 800 денари сега треба 960 денари. Знам дека и тоа влијае врз буџетот на граѓаните но имаме далеку поголемо покачување на струјата каде граѓаните плаќаат и по 1000-2000 денари повеќе,…..“
Пази… ова е јака мисла. За ова вака некој да го речит требит да имат јак мозок. Вишок. Да му течит низ уши. Да е многу паметен. Е овде абортусот ќе не оштетеше. Не ќе слушневме оклу голема изјава од малиот мозок. Арно ама јас како глуп чоек не ги гледам поскапувањата како денари, туку во проценти. Незнам колку денари појќе ќе плаќам струја ама знам дека та поскапе за 7 %. А пак како глуп овие денари шо ќе сум ги плаќал во горенаведената јака изјава ме терет да сваќам некако ко на 20 % поскапување. Друг е муабетот шо ќе дам 10 иљади денари, а ќе смрзнам ко свински бииииип. Ама за то во друга прилика.
Е сега имат ситуации кај шо абортусот ќе ни донесеше арно…пример…ќе немавме колатерлна штета. Да го абортираше мајка му на Рамиз Мерко не ќе се чудевме на следнато: “Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко потенцира дека секогаш припадниците на исламската вероисповест и општината Струга се залагале за соживот, мир и толеранција.
Оттаму секој што ќе посегне да го руши достоинството на исламската вера скапо ќе го чини истакна градоначалникот Мерко на денешното обраќање на протестот во Струга …“
Аре шок Мерко. Ти сам не се разбра со ова дал си за соживот, а и ун нук е куптој, ну ке ди шо сакаше да кажиш со ова. Ај шо не те абортираја бар да те научеа дека:“….знамињата се биле стари и од ветрофите се имале расцеп на ниф, а новине не се стигнато да сме ги клаеле…“ е најглупо нешто шо го имаш кажано.
Нејсе. Ако така ми почна неделата ама не заврши така, ами среќно. Ме израдвеа ракометарите шо напраја историски успех, е сега малку ми е мака шо можевме минимум една скала погоре. Алал да им е. Им се радвев многу. Ама морам да признам дека уште појќе се радвев и ќе се радвам на ексклузивноста на Сител. Ко ти викам. Жими Латас, да ми пукнит ак лажам. Бев пресреќен ко имаа вонредни вести после победата над Србија, ко се вклучија на плоштад да ја видиме толпата на насобраниот народ таму.
Новинарот напред, а зад него грамада луѓе од 8 поединци. И кај раскрсницата имаше толпа. Поминаа две деца и кажаа дека гледале. Ваква ексклузивност не сум видел. Бев среќен пресреќен шо Сител е толку ексклузивен шо не можам да ви опишам како се осеќав. Некако целиот бев ко да…вака во душава ми беше ко…..треперев целиот како да мие……абе просто да кажам бликав од радост ко Сулејман да ме имат оплодено и ко дека ќе му родам уште еден принц. Сега очеквам Тино, храна и вино, озарен да се вклучот во 6 сабајле во вонредни вести, а Сарма да е во кенефот на Латас да ни кажит ексклузивно дека Латас лесно се покакал. Да бе.
[email protected]