Е толку беше надежта за НСРСМ. Абе да ти се прднам во то судбината наша. Јас незнам дал имат по баксуз од македончево. И во порно улога да добијат ќе е мажот шо е нон стоп на работа. Ко ти викам. Абе како мојше да не снајдит ова. Најголемата пратеничка надеж да речит збогум за својата пратеничка кариера, а со то и збогум на проспретитетот на Mакедонија.

Е како сега без неа како сега без Љиља Попоска ова парче напатена земја ќе се европеизират и натоизират? Никако. Јас мислам дека Љиља ни беше последна надеж. Незнам за другите ама јас која видов и слушнав изјавата паааааа….ред мрсуљи ред солзи, па кивајнца, и пак ред…

Ти кажав. Нит ми се јајт нит ми се пијат нит по плевни ми се спијат од шо сум насекиран. Верви ми дека посакав во прв момент да ме фатит корона да ме снемат и мене од Македонија. Та горе да ода та Св.Петар да вида. Дури и му се јавив на Филипчета за помош ко сограѓанин да ми кажит кај лежит тој едниот заразен да си легнам до него и маки да скратам.

Ме откачи. Ама и то короната е лајно вирус. Кинески, а не оригинал. Ама то е. И да ти кажам ова. Ќе си ги напрам сите салтанаци како да си си ојдов папа. Море опело, комеморација, море 9 па 40 дена абе све ќе си напрам за мене ко шо си е тертипот. Ко да ме снемало. Како ам…..зш ак го нема Лилето Попоско мирен. Ко умрен да сум. Фитиљосан.

Дај жити леб пушти телезорот дан не думам дан испијам доместос. Е остај тука остај да го видиме дуелов на овие двајца. Чек чек шшшшшш….да чујам шо викет: “…..оооо алооо јас не има дадов 500-тини еври алооо го мојш ти то??? …Дал го можам јас? Абре ти си бил за нигде. Јас немат да им 700. Ај да те видам…..шо да ме видиш бре, ти ко опозиција ак мојш да не им дајш 700 еве јас 1000 –ка и?….шо бре јас ќе акнам потиква една хидроцентрала и ќе можам да не им дам можда и 1200 еври плата. И сега….шо и сега…..шо море…..јас можам да не ги вработам 100 000 така им реков а ако требит ќе приизбркам уште……

Пааааа. Ај сега одлучи за кого ќе гласаш.А? Видиш…..све шо мојт македончево да посакат мојт да не му се дајт. И то двајцава наддавет колку немат да ни дает. И сега незнам како да се прајт со гласањево. Мислев ќе ги фатам на една финта за да полесно да се одлучит ама ете ме шинаја. И едниот и другиот давет бесплатен „фазелин“. Незнам сега кого да одберам да не ми дајт, а јас да му дам.

Кај шо го спомнав горе фејк вирусот ми текна да те прашам? Ар ти учествуваше во акцијата “Остајте го вирусот без јадење“? Неееее??? Ева циник еден бре низаеден. Каков си напраен да дајт Господ тебе 2000 еври плата да не ти дает. Па скоро цела држава учествуваше во ова се македонска акција.

Како море шо? Па купвевме брашно, шеќер, масло, леб, маски, паста за заби, боја за кондури, алки, закачалки, петлици, метлици, ластици, котуши, мотуши и све шо е потребно за заштита од короната. Како? Каков сапун бре. Ние 100 години имаме гнасни раце, а не чисти раце и сега ради еден вирус ќе мијаме раце.

Не бре не сфаќаш….не туку ми го вреѓај мојот народ дека е глуп ова не беше акција за складирање на храна за не дај Боже. Нашите врнвни стручњаци кој веднага истакнаа дека со овај вирус ќе се справат како да е вагинален дим, објаснија со све ова шо го збришавме од сталажите се хранит коронота. Ам како. И ако немат со што да се хранит, едноставно вирусот ќе си умрит и крај на прикаската.

И една работа да ни е јасна. Не требит да си играме со овај вирус. Мислам дека потешко ќе се справиме отколку со птичјиот и свинскиот грип. Тогаш им влеговме втиква, изоправме врапци и свињи, а сега за да сме сигурни требит да му влезиме втиква на туристите. Ми се чинит малку позаебано е да усмртвиме туристи, ама ак се морат…..Бар и ние охриѓаниве ќе сме нарајат. Ќе немаме туристии ќе немаме неслужење, не ќе морат да ги креваме цените до небо, ќе немат на кого да му пљукаме в кафе…..и така.

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите