Абре дај друго дете и не се секирај. Најслаби биле. Страшна работа. Ар зш све црно се сваќат во ова држава? Зш да речиш “нашите ученици се последни на табелата“… .шо те коматит да речиш дека “нашите ученици се на коренот на табелата“. Па знајш значит да си корен на било шо, да си зачеток? Како шо менвме терминологија за Бугарија така и овде. Значи од нашите, македонските ученици е започната уката за читање. Како? Е прдни и се де на математиката и природните науки. Кусур знајт колку требит да му се вратит. Не така?
Пак не оти имат шо да се читат. Денес све појќе е со слики. Пример за в кенеф. Сликите се јасни и чисти а и да ф`тнит при влегвење, наукава измислила начин да препознајш од ко ќе влезиш. Ако мочат некој испраен е машко, башка и убо, громогласно ќе се испрдит, а ако не прдит или така цивкат со звукот е или жена или од оние шо им се извинвам на ЛГБТ.
И на крај краишта јас го вервам шок министравет Арбер. Тој рече дека е среќен а не тажен шо сме на коренот. А кој појќе знајт за граматика и литература и книжевност од правник. Како ам. И имат право чоекот да славит, можда имат вечерта журка праено, можда калаши имет ѕвечено, зш тој знајт како, шо нашиве деца се корен. И уште ако се корен од дабици коњ, задоволствот е шо под негово раководство, под негов диригентрски стап се постигнало ваков успех.
А и навистина да се трупој јас незнам кој онакво ние се нервираме. Нек се думат западно европските земји. И онака не ќе работет кај нас. Само да пркнат ќе летнет на запад. Ам не ќе се седет во ова вукојебина.
Абе секој на своето место и шибат работата, не се прает грешки, не се прает лапсузи, не се тресет зелени. Е сега мораме да прајме разлика од грешка до лапсуз, од зелена до претење…. е сега мене ова ме јајт јанѕа. Некогаш неможам да узнам „у ком лежу грми зецЕ. Пример во изјавана на Бујар Османи звани „фризуравет“, шо е за европски прашања, ко рече дека ако се сменит Законот за јазици ќе сме се врателе во 2001 година. З`ш рече баш во 2001. Шо ли да му значит овај муабет?
Дека е вработен по струка е. Кој појќе мојт да одговорит на европски прашања од доктор. Не така? Таман си е способен да татаљат за јазици. Ако нешто основно на докторот му покажвиш за здравје то е јазикот. Е добро де добро и ти, тој не е гинеколог или уролог. Не туку се фаќај за фортома.
Дури мислам дека и имаше и специјализирано баш за евро-свето-интегратоизација во Лондон. Чек малку, чек…..еве доказ бре. Темата му била “Хепато-билио-панкреатична хирургија“. И сега шо ќе ми речиш бре хејтер еден? Па тој бре специјализирал за да одговорат на европски прашања. Тиквар еден. Абре да ти пукнит жолчката. Не не мене, јас немам жолчка, тебе да ти пукнит.
Мада искрено да ти кажам требит да те бидвит и за лапсузи ама Богами ептем за претењ , а „Фризуравет“ не е таков. Е џанум онај на снимкана шо викаше дека крвишча ќе течат ако ојт затвор….е тој е роден за претење. Еден громок клас, јасно изразени реченици кои се употребвет во секоја нормална демократска држава.
Е само не е јасно и се шпекулират чив е гласот. Ко да рекоја дека наликвит на од Орцета. Ама јас лично не вервам. Гласот викат дека не сакат да ојт затвор. Е шо потреба да е Орце? Зш би одел затвор еден чоек кој поседувам само една фирма во Ростов „Здравје оптима“, “Орка холдинг“ АД Скопје, “Семимол“ – Русија, па по една во Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска.
И шо сега некој сакат да речит дека не е можно за Македонец со плата на чесен начин да се имат неколкуцкина фирми? Не, не е Орце.
ЏИМИ
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите