Тих тих тих. Цела недела не мрднавме од дома. Цела фамилија бре бре бре. А моравме. Врвеше ДИК да провервит дан сме фантоми. Спремни. И то како ехееееее. И шуќур шо не сум умрен зш ќе требеше сам да одам во ДИК. Вака тие визити праеа по куќи. Секој ден станвев во 5 сабајле. Мавање туш, бричење и се дотервев ко бебе за вакцина. Чисто чисто дотерано да ме изејш.

На секое ѕвонење скокав и се штрецав како в гас боцнат и ко ќе ја видев комшивкана на врата шо ми барат паста да и исцедам на четкана ексик ми беше, шо не е ДИК-от. А толку имам слушано, читано за него и ете дојде и то, даде Господ и лично да го зaпознам. Незнам зш пак ние НСРМ-овциве сме многу зависни од ДИК.

Ги чекав ги чекав и така дотеран не целиван не ги дочекав. Ми остана нејасно дал сум фантом или не сум. Ми остана нејасно пак наместо фантомски гласачи дан имат во НСРМ фантомски дупачи. Зш не оти ги гледаш и нив, а пак после некое време и трудој и болки и маки и се расчалвиме дур се породвиме. А не си осетил дека ти влегол. Дека некој те дупит во здрави и очи. Мада јас колку шо знам очите плод не давет. Стелни се. А од каде пак толку ќори само Господ знајт.

И така не фантомизиран, а издупен реков ќе си одам на кејот во Охрид. Ауууу заборајв да ти кажам дека имат ново име кејот. Сега се викат “Кеј на жалосните палми“. Ар убо прочита. Не не врби.. палми. Зш како шо рече Караџо: “Од процентот на палмите ние сме презадоволни, не е точно дека се сушеле. Тие се во фаза на исушување, но не се исушени, и има десетина кои некој гледајќи ги од страна може да рече дека се мртви или не знам какви, ама не е така“.

Според овега ја фативме бугарската. Тази дупче не е дупче. И така е. Зш ако си во фаза на стареење не значит дека си стар или дека се движиш кон старост па здравје Боже ќе си умриш? Туку чим влезиш во фаза на стареење се движиш кун фаза на растење на срамни влакна, па млечни заби, па кун пубертет. Така ам како. Посебно со пубертет е поврзано ак си охридска палма зш тие се од оние влакнестине. Абе слушајте си вие вакви ајнштајновци и шупете си.

А и не сфаќам како би се исушиле. Кога тогаш, не се сеќавам кој Ајнштајн кажа, дека палмите ќе преживееле ако не се исушеле????? Јас не разбрав. А ти? Е сега имат тука една заебанција кој ме изнервира. Некој биолози, кој мрзет палми и кој за малку некој ќе ги прашаше дал да се садет или не палми во Охрид ни ги зарекоа палмите. Тие кажаа дека палмите вирееле на места каде температурата не падвит под нула.

И се испосравме од радост сите з’ш тие ко го кажаа ова беше период пред зима. Се напрај анкета на сите шо се стари до 140-150 години и никој од нив на памтеше дека некогаш во Охрид преку зима паднала температурата под нула. И овие никакви зарекоа и прв пат во последните 732 години зимава имаше температура под нула. И зато ајнштајновците акнаа пола милион еври за палми. Не за друго.

Мада све се презеде за заштита палмите. Јас знам, гледав и читав дека пред зимата на сите палми им се навлекоа од главчето надалу куртони. Да да. Е не траскам, зелени гледав. Е кој им навлече. Некој од овие од локалнава власт шо највероватно имет каква таква врска со куртони. Е каква. Не оти знам. Ам види. Дал биле стручни? Таман да се само обични куртони на претпоставните имет стручност да куртонизирвет палми. Како ам.

Мада да ти кажам искрено и да беа исушени оние влакнестине ич мува не ме лазеше ко шетав. Во нашиов Охрид последно време да ти е ќејф да шеташ со ова новиве урбанизации и партерни проекти. Да да проекти. И то капитални. После прекапиталниот проект за плоштад во Љубаништа од некој некој некој……10 квадратически метри еве сега си шетав и со точак. Убајна.

Со новиве велосипетски патеки ко му ја писнав низ градов па па па. Убајна е онака. Да си се знајт со оние корнетине. Патекава за точкој си е ограничена на 27 сантими ширина и си пичиш. Само седум конуси акнав со педаливе и само 4 пати паднав. А ко се разминвев со други точкаџии од тројца бев посилен и ги кутнав, а само еден ме акна в тротоар. Е сега кај Амамон се разминвев со баба Дуфка и морав да излезам од патеката зш е постара кутрата. Мада искрено витална. Зимава беше на скијање со проектов и на поло. И ко се разминвевме не ми шкрипеше толку во колејнците.

Тук се расприкажав. А да се вратам дома дан дојдет оние од ДИК. Да ги пречекам. Додуша попатно да си земам вазелин. Не не не заради фантомските гласачи. Заради фантомските дупачи.

Џими
j[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив