На Охридскиот аеродром пристигнаа туристи од африканскиот град Тимбукту. Историски: авион од „Аир Мали“ на Македонска писта. За овој важен дочек ги има стандардните лица покрај црвениот тепих. Досега Охрид секоја недела скоро од цел свет сите гости ги пречека на автоматски пилот како ѕвезди, како елитни групи. Со балони, торта, музика. Ама овој пат има нешто ново. Има и други вредни почитувани категории покрај пистата.

Претседателот од Македонија е прв и главен до авионската скала да им пушти рака на туристите од Мали: “Добродојдовте во нашава прекрасна земја со сите убавини, овде секој еден има право и можност едниот ден да вели А и другиот ден Б. Слобода на збор и мисла, секој еден има право да прави грешки и да учи од тие грешки.”

Има и одговорен човек за кружните текови. “Во Охрид сите си вртиме крукчина и на крај пак исотото. То е Охрид.”

Готвачи и келнери се следните во редот за дочек. Членови од угостителскиот сектор ги покануваат Африканците да се запознаат со Македонските специалитети. Дека има мени за 350 денари. Некој мора да ја плати таа евтина цена за вас. Ние сме тие жртви”, вели една љубезна но и разочарана готвачка. “Работиме по 2-3 смени во еден ден. Без пауза и без човечки правила. Турбо. За 200-350 евро месечно.”

Скришно и еден таксист се пикнал на црвениот тепих. “Еееј, ало, пссст, за 140 денари од Хотел Горица до центар во Охрид. Овие Холанѓаниве сакаат само за 70 денари да ги возам, не се здрави.”

Има и газди на фирми, дуќани, сендвичари, ресторани и од други различни бизниси. “Ние сме новите моќни лидери”,  се фали еден директор. И продолжува. “Ние го режираме животот со нашата сила: работни места. Сакаш или не, иначе друг на твоето место. Толку лесно е тоа. И мораме нон-стоп да си купуваме нови коли за нашите деца, да одиме на шоппинг во Солун и на елитен одмор надвор од Европа. Да, со парите од вработените, тоа е цела тајна.”

Има и неколку матуранти на аеродром. Им посакуваат друштвен, богат и славен одмор во Охрид на студентите од Тимбукту. “Ние во Македонија прво имаме гости дома, славиме матури, иако немаме доволно пари, масите се полни, имаме фустани убави, јаки костуми, сите одиме на козметичари. Тешко нашите родители, заглавуваат со кредити за нашата несигурна иднина, и после ова се’ одиме официално да полагаме предмети. Забавата пред се, така е кај нас, пренесува еден матурант. ” Оох”, реагира млад Тимбуктанец: “јас сакам овде да живеам. Овде е рајот.”

На еден магистриран туристички водич (со највисоки оценки) му е дозволено на овој историски момент за Охридскиот туризам да се рекламира пред Малинциве на аеродром. Се жали: “Неколку гиганти, други мали агенции, и самоназначени водичи ја имаат преземено цела туристичка индустрија. Тие одлучуваат каде да се јаде, каде да се купуваат сувенири, каде да се резервира рента а кар, каде да се оди во авантури и што е забрането да се прави. Наивните Холанѓани се им веруваат. Затоа измислив нешто специфично, нешто модерно. Езерово е диамант ама ние продаваме ексклузивна водна екскурзија. Имате можност да нуркате и да видете што има во вода. Исто сме во план да отвориме музеј за да го изложиме цел езерски отпат.”

Има и една стара баба од Горно Лакочереј на аеродром со ѓомлезе. И таа го искористи моментот за тајна порака до Африканците. “Овие Холанѓаниве се ценкаат на пазар за две праски, чуден народ. Воопшто немаат срам.”

Претпоследни домаќини во цел ред се поранешниот лидер на државата и главниот човек од православната опозиција. За срамота се бркаат на аеродром како мачка и глушец. После тие немири стојат заедно, како лажна коалиција. Се поздравуваат лично со секој еден патник од африканскиот авион. Едниот им вели: можам одма да ви средам работа и членска партиска книшка, ама да гласате за мене, ок? Другиот додава: ние сме уметници, сакаме, се трудиме и се бориме со боја се да украсиме во ова држава. И онака не се фасадирани многу куќи во Македонија.

Последни на црвениот тепих се чуварите од Американската амбасада и Европската Унија. “Да, да точно ние сме овде ‘главни’ во државава,” е одгворот од еден строг набљудовач. “Зошто ваков дочек за вас? Ах, да не бидете навредени. Може и уште три дупло по претерано. Кога доаѓа овде првиот холандски авион во мај со туристи со премногу евтини аранжмани од 299 евра (авионски лет, 8 дена хотел, доручек), тогаш Македонците ги пречекуваат како кралој. Тој театар е несфатлив. Таков е Македонскиот народ. Трпелив, скромен, разочаран, на моменти себичен, љут, загреан, нервозен, бучен ама на крај се топли, мирни и љубезни.”

Во далечина има група млади Македонци. Влегуваат што побрзо во друг авион. Еден Африканец ги прашува Македонските политичари: зошто оние не се дружат со вас овде на црвениов тепих? Има незгодна тишина…. Еден Македонски матурант во цела церемонија ги прекрши сите дипломатски правила и одговара: “следната година и јас ќе бегам од оваа држава.” Студент од Тимбукту не знае што да мисли. Нели вие овде си уживате со тоа што имате, туркате во лоши и добри моменти?” Кој како, вика возачот од тракоторот. Кој како. Приколката полна со куферери од Тимбукту кои штракаат.

Поздрав
Влатко од Амстердам

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив