Не тука не. То место е за глисерон од комшоно. Полево полево. Абре не и тука ти реков уште полево. Тука Шуле ја паркират јахтата. Е така. Фрли го сидрото и идај на кафе на ракија. Е така, добре ми дојде. Не не мислев на Добрета од Пискупштина. Тебе тил велам демек со арно со убо шо ми дојде. Види да ти кажам шо се мислам….абре мирен не ти свирит тебе. То е градскиот брод сега во 1 врвит од Стобекс до Канео преку Горна Порта. Абе знајш дека Венеција мојт вода да му носит на Охрид? И то види каква вода. Шо ќе палиш кола шо ќе ја бутуросвиш. Ар со кајче вака сегде се стигвит. Плус и атракција е со охридскиве улици, сегде кајчина, па од шахтине ко ќе излезат оние ендемичнине кафеави видри. Абре убајна. Само да потрајт ова дожџов да се изнауживаме.
Тук знајш шо ми текна пред некој ден. Абе ова политичариве ептем во тренд се денес со твитеров. Изгледа ќе се укинат прес конференции, коминикеа, брифинзи и средби во живо. Све ќе си ојт преку Твитер. Мислам дури и дека Ким Јонг-ун мојт на Трампа да му втикачит и атомска бомба преку твитање. Како ам. Прдни му се ти на новините и порталите, Твитер му е мајката.
Е сега ова ме поттикна да си замислам шо политичар, шо Маршал ќе беше Другарот Тито во то време да имаше Твитер. Па па па. Без Твитер чоекот му еба мајката на светот, ам со него? Абе постој постој убајна. Замисли си: “Хитлере дете голомеше ти имаш модерни оружја, а јас го имам Јул Бринер, мајку ти твоју Божју.“ И неколку смајлина од оние ептем насмеанине во муцкана расчеречени ко Мика Џегера. А? Лајкој, лајкој…..Дури мислам дека лајк ќе имаше и од Антантата и од Оската и од НАТО, абре посмртно и Ото Фон Бизмарк ќе лајкнеше и то со апликација. Цар. Цар ќе беше.
Види го ….абре шо се лигајш сега, шо се мрсулајш ко Жико по Тито од “Никад није касно“. Ам и ти беше еден од тие шо викаше дека дедо Тито ја сјеба државата. Ти пред мене се пенаеше ко ме убедвеше дека бравар немојт држава да водит, дека ко со штрафцигер ја растурил.
Е ете. Не сакаше бравар да ја водит им даде да ја водат каратисти, боксери, глумци, доктори и ја разбоздисаа целата. Ај овај бравар беше, ам шо се оние шо ги воделе општините Зрновци, Пласница, Ресен, Делчево, Охрид, Струга, Пехчево и други пашалаци на пашите од Колета шо ги втурнаја со неколкунаесет милиони еври в дупка. Е сега смееле да ваѓет само за плати и па па. Ама како е тргнато и за то ќе ги блокирет.
Како? Ти ојден си бил бре. Е како пратениците да си ги намалет патните трошоци за да помогнат. После да се незадоволни од примањата и да неможет сконцентрирано да гласет, да ја оправет државава? Абре не глеш ти Тунте само предлог шо даде за намалвење сите се напраја ко муви без гла. Не оти знает шо гласет. Те двојазичност, утре тројазичност, па некој договори со Бугарија се носат…Абе кај шо зборнав за комшиве….дан ти е познато дал ќе го скиниме она СКИ отпозади ….на презимето, а ќе додајме ОВ од позади…..на презимето? А? Не бре, за него знам дека завршвит на ОВ…..аааа им го нудиш на политичариве. Извини не те разбрав.
А дека и 3000 еври кај некој шо стигвет патните трошоци, одвоен живот, кирии, ова она се мали се. Еве земи за пример некој пратеник шо пример еве да речиме од Охрид ојт Скопје. Пример…да турит бензин, до Скопје ти требит ич малку ич малку 150 литри во пола правец. После….не си чоек ако не касниш бурек во Кичево. Бурекот околу 50 еври, ако е со сирење и нормално јогурт. Значи плус 30 еври. На Стража ак не земиш едно 150-160 мекици никој не те бошкат во Скопје. Кај влези раздели. Е сега замисли ова и на одење и на враќање.
Како? Ам сега види го ти него….зш и Тунте барал намалвење на трошоциве? За сугурно да знајме требит него да го прашаме, а јас можам само да претпоставам. Ваљда чоекот носит со него месни нарезак, зденки од ефтинине, домашно сирење, ојт со точак до Скопје….од кај знам јас.
И види ако размислиш малку не вервам дека би дошло до промена на името на државава. Зато некако не ми е страв, ваљда то само се гласини на зли језици који оговарају. Ти теквит ко рекоја дека во земјава ќе мавнит метеор и од јакиот удар све ќе се поретеметело, дека ќе дојдело до смена на полојте на земјата? Ти теквит? Е тогаш јас се посрав од страв, а ете не бидна ништо. Можда и мавна метеорот, незнам, ама знам дека и после то јас си останав уште машко, а жена ми женско. Не се сменаа полојте.
Така да ич не му ја думај. На државава немат менвење на името. Е едино Тунте ако продолжит да ги нервозират. Е тогаш пратенициве может да изгласет некоја будалија со Бугариве, па да ни го наденат он ОВ од позади…..на презимето. Незнам.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите