Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите. Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некогашни другарчиња од партијата негова и другите партии на формирачите на здружение Академијата им дозволија да си напрает и држава и влада и све.

Според министерот јасно пишело во Законот за локална самоуправа во член 11 кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот. А во тие надлежности не стои дека може да се финансира здружението. Абре Злате шо чачкаш мечката во ушето. Шо ги потсетвиш дека ако сакет утре седвет и го менвет членот 11, а ако требит и цел закон за локална самоуправа.

Како обесправени жители на нашата држава ќе го потегнет тој процес за прегласување и ти со си другарчињата од власта ќе си крените два прсти и готово. А кај мојш да одбиеш обесправени. И одма ќе се створат услови градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир, џанк пари за Академијата. Ам не бадијала некој рекол “ќутењето е злато“. Зато мене Хорхе до ден денес ми е злато.

А да ти кажам имам и една навреда. Мицко многу ме навреди. И цел македонски народ. Шетат по странство и ширит муабет дека ние не сме можеле појќе да го издржиме боцкањето в очи од страна на ЕУ. Де бре Мицко ти санќим од Белизе си. И ти си дел од народот кај шо постојт името Трпе, Трајче, Мирко…..и други имиња како резултат на нашиот менталитет.

Јас многу за то не се секирам, ама знам дека уште 30 години мојме да издржиме ваков секс од страна на ЕУ. Неможет тие толку да не заебавет колку шо мојме да издржиме. Се потроши таквото…. опа купвиме ново. Неи раскинаа. Немој така бре Мице за народот шо кој стигна го заебават да викаш дека не е издржлив. Ајде ти се молам. Прво и прво мислам дека не е дојдено нож до коска, з`ш и да дојдит не им сејме ние така. Ни си имаме кубур за не дај Боже. Ќе го активираме и ќе ги сотриме сите. Ама ко ќе се исполнат условите за не дај Боже.

Како шо се исполнија условите на Комисијата за помилување за поднесвење оставка. Јас незнам з`ш се напаѓат и Гордана за помилуваните лица. Рече жената дури не им ги знаела ни имињата на помилуваните, а не пак да славит нова година со нив.

Искрен да бидам мислам дека е во право со тие за ваквата одлука. З`ш помилуваните не оти имет некое тешко недело напраено. Тие шо беа помилувани дури не требеше ни да ги казнат. З`ш шо недело е кај едниот шо е најдено оружје и 5 куршуми. Не беа 10 па ај да речиш. Шо ако пак еден од нив се испотепал све живо и диво на некоја си наплатна станица. Или случајот со бата Акив. Чоекот го теретет за обид за убиство а во меѓу време како шо си излегвел и влегвел во ќелија како шо сакат, пукал на некого и негде. Глупости.

А на пример да ослободеше некој како онај шо продаваше македанче без фискална држит место да ѝ се лутиме. З`ш чоекот китка по китка мојт да му тргнит работата и да продајт над дестина китки. А то ти е над неколку милиони ДДВ оштета на државата. Или пак онај ненаситнион шо украл 100 ќебапи. Абре кого дупиш ти дека биле за него и дека и бил гладен. Ам тој не е Перо од цртанион со Попај да изејт 100 ќебапи. Гарант ги имат украдено за препродажба. Е ваквите требит да окапет в затвор, а она за убиства, тепачки, поседување и продажба на дрога…..све бре то да се помилуват за следниве празници.

Алал да и е. Рече Горда дека Македонија ќе ја напрајт горда и ја напрај Горда.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите