Значи 100 евра во Македонија и во Германија не се исто. Во Македонија со 100 евра може да се направат доста работи, а во Германија можете да платите вечера – ни рече пратеникот Николоски и ја откри Америка. Ја измисли топлата вода. Браво бе пратениче. Браво бе машко.

Јас пак мислев 100 евра си се 100 евра кај и да се. Ама виш имало разлика. А таман ќе заминев туѓина тој ме прекајли. Ами паше на некој начин така ќе да е. Со 100 еври во Германија само вечера, а во НСРМ мојт многу работи да се напрает. Еве неколку да набројме. Со 100 еври во НСРМ мојш да платиш струја, после мојш да платиш струја, со дел од парите струјата мојш да ја платиш, сигурно ќе ти останит нешто од твојте огромни 100 евра и струјата да ја платиш и на крајот ко ќе подмириш све мојш да си ја платиш струјата. Браво.

И ај шо не убеди да не ојме во Германија, тук ми се јави брачетми од Германија и рече дека навалица било за наваму од германци и други западно европски копуци да дојдат да видат шо е живот. Ти продавале све живо и диво и ќе дојделе во НСРМ да видат шо е живот, да видат шо е рај Божји. Се спуштиле наваму.

Ами паше Аце дали го прочита ова: Од Фондот за здравство предупредуваат на енормно зголемената употреба на лековите анксиолитици и хипнотици, односно за несаканите штетни ефекти кои тие ги предизвикуваат. Анксиолитиците и хипнотиците се група на лекови кои се користат за намалување на напнатоста, вознемиреноста, нарушеното спиење, страв, депресивно расположение, нервоза и други стресни состојби.

Просто речено се рушивме од пијање дијазепами и лексилиуми. Ами море дете ако е толку убо со 100 еври во НСРМ откаде толку кај народот напнатост, вознемиреност, нарушено спиење, страв, депресивно расположение, нервоза……да не од шо ни фуфкат дан ни ги украдит некој твојте огромни 100 еври? Е ајде да се мениме малку а? Мада ти порача дека со лична борба си станал пратеник. Ама ај дете голомеше, дал твоја или друга заслуга, не навлегвам, ужувај си во твојте благодети, остајго народот да си барат чаре, а ти не чепкај во осилото зш не си прднал во вода.

А ако ти не си прднал во вода Заев не сaмо шо прдна ами се испостра со си бомбата за Колета. Дури и неговите истомисленици му рекоа: Зајко или пукај со то бомбата или пак ние се враќаме во собрание и конечно да го оправдаме она шо го лапаме од државава народов прчејчи го Стојко.
Ни едното ни другото. Важно народов го јајт стапот. А зш? Ам глупо ми е да и` објасвам на опозицијата зш тие не се дибеци да не знает дека без опозиција немат добра власт. Да беа дибеци не ќе сфатеа дека НСРМ во моментов ти е исто како да се играт фудбал без судија. Не така?

Пак ко да потслушнав дека голем дел од нив се срамеле шо се со сите пет увис и лапет парица. Еве де шанса за сите шо се срамите да се острамите. Бидете вие први и кажете и на власта дека не е кореткна во случајот на малата десетгодишна Тамара шо не дозволвит момичето да се оперират од сколиоза во странство, а операцијата е хитна.

Ете вие кажете му на некој дека е во грешка и манете по некоја од вашите не заработени пратенички плати и бидете првите донатори за Тамара да заминит во Хрватска и да си го продолжит животот. Ак сте серковци за в парламент покажате се дека сте луѓе во вакви ситуации. Зш не дека народот искинат немат да донират. Ќе донират. Ама нервот ме фаќат зш само нешто донираме, те за цркви, те за ова, те за она, а дедо Стефан со другарчината возат Божји Моторни Возила ( БМВ), Тамара и фамилијата патит, а јас се изнагледав низ НСМР а посебно Скопје, мадиња, коњи, вoини, жмизли……Море луѓе. И едните и другите. Кај ќе ви ојт душата. Каде? Нашата ојде во диазепами, а вашата?

ЏИМИ
[email protected]

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.