Тииии после толку години ќе се случеше да не читате денес колумна, а да не е некој празник, или не работен ден или да ме уапсил некој или да имав пролиф или слично. Ништо од ова не ќе беше криво. Ни анкета да клајме на Охрид Њус немат шанси да погодите која ќе беше причината да осамниме без колумна. Нити водителката без гашчи, нити месијата на Охрид Субрата Рој, туку Регулаторната комисија.

Да бе. Го поевтини бензинот за цел пола денар. Море луѓе ко му писнав возење. Вози се, свири по луѓево и само насмеан ко да сум Латас на смена и ко да кажав дека имаме позитивна рецесија или добробитна невработеност или кориснонамалувачки стандарт. Да бе. Абре роднини шо ги имав забораено ги посетвев. И то намерно ко ќе си одев го заборавав упаљачот за пак да се вратам. Абре врти врти низ градон низ Македонија и ич да не ти клепнит око ко ќе ја гледаш стрелкана шо ојт кун нула. Господ здравје и пред све памет да им дајт на оние шо го намалија за цел пола денар бензинон.

Дома да ми дојделе гости? Абре оди шетај таму. В кола. Работит колана, парно до даске, гостите в кола, мезе, пијачка и цела вечер. Ам како. Колку и да потрошит бензин немојт да ја стигнит струјана. Трошокот ќе е помал. Не така? Ако продолжит ваквиот галопипрачки тренд на намалвење на бензинот да ти кажам планирам и матурата од ќерка ми да ја прам во автобус во движење. Ти се прднам на то рестораните. Море во два ќе и прам матура. Таман сто души собирет.
Е сега морам да кажам дека овај цел пола денар намалвење не е битен само за мене. Ами и за Бранко. Ќе му олеснит на чоекот бре. Се руши од пешки одење ко ќе ги блокирвит улициве. Вака мојт да се моторизират. Ако не појќе, тој напред на чопер и онака ко шо е донебричен и со веѓана поткрената ќе ме потсеќат на “Опаке моторџија за асфалта“. Тууу во каков филм е влезен Бане. А све по него позади со некој скутерчиња. Само вака ќе го оправдат она шо викат “Враќање нема“. Зш ќе мојт да свртит цел круг и пак да дојт на истото место ама без да се враќат назад. И така ко шо прајт години нека си се вртит во круг.

Е целата работа за Бранко и за матурата кај мене можат да ја заебет овие од “Аман“. Абре пустина да не фатат собраја огромни 12 000 потписи и можат да издејствувет намалвење на ценава на струјава и сите од в коли да се префрлиме дома. Ама незнам како не сватија дека ние не сакаме да се намалит струјата. То е единствената причина шо им требеше 116 месеци да соберет 12 000 потписи. А не, ко шо слушам по улициве шо јадет трици дека ние македончињава сме биле газолижачи, потпикувачи, продаени души, кодоши и други придавки шо го оцрнвет овај храбар македоснки народ. Да бевме такви ќе го предаевме и Гоце Дечев и Никола Карев и Питу Гули и…..

И друго. Не дај Боже да ја намалат струјава ќе ни ја укинет награднана игра со семткине од ЕВН. Пту пту. Јас редовно гледам и чекам. И то не чекам мене да ме извлечет. Баш ме интересират дал ќе извлечат некој, на пример, од Тетово, Гостивар или Арачиново. Пример викам. Зш колку шо сум јас информиран тие плаќет со траен стапот….не налог…да траен налог.

Мада искрено јас викам та се намалила та не, бар за нас охриѓани, то немат некоја важност. За другиве во државава незнам. Абре светецот наш Субрата Рој цел Охрид ќе го вработит во комплексот. Ко ти викам. Дури ќе имат недостаток од работна сила. То нек си го решит тој. Важно знам дека ние, посебно охриѓаниве,  сите ќе сме вработени. И то на најклучните и највиталните места за опстанок на хотелскиот комплекс. Како на пример собирачи на говна од кучиња. Да да. Зш све ќе е елитно во хотелите и ќе идат со кучиња. После немат да се дозволит ни еден пикавец да имат по плажата. Ќе си имат луѓе задолжени за да ги собирет пикавците и да ги допушвет со си филтер. Маф. И мислам дека ние како македонци во ова функција најмноги ќе бидиме застапени. Зш одавна сме докажани како пушачка нација.

Абе све ќе си средит како во НСРМ така во Охрид. Еве сега ќе се средит и со паркинзиве во Охрид. Всушност средено е само некој зли језици кажвет приказни. Незнам како не сваќет дека сега ван сезона паркинг во Охрид не се наплаќат. Уствари тој не се наплаќат ама се наплаќат со не наплатвење. Да, да. Те јадет трици имало диви наплатувачи. Абре немат врска. Паркинг не се наплаќат и точка. Е сега онај шо идет да ти зејт пари ти барат доброволен прилог. То е ак сакаш. А не е морално. Или пак ак паркираш рикверс се наплатвит ама малку. Не се наплаќат ако паркираш од лево со десен жмигавец и излезиш од десната врата. Или пак ако тој шо возит седит на задно седиште. А во главном е вака ко шо опишав и сега кој ти е крив тебе на пример ако дур возиш седи на предно седиште?А? Ќе ти наплатет ами како.

Морат да имат ред бре не само во Охрид ами и во државава. Не е ова Либиска Џамирија, Боцвана, Бутан, Суринам или незнам која држава која не си го знајт коренот, поредокот, пред све без демократија и чоечки права  и слобота на новинарството. Ова е е бре Република Македонија…..уствари Северна Република Македонија….т.е. Република Северна Македонија…или дан беше….Република Македонија Северна….незнам како беше. Сами ќе си одлучиме кај ќе го клајме она северна. Нимиц и Грциве немат во то да ни се мешет. Не така?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.