Алоооо алооооо…..ме слушаааааш? Ам как да ме слушаш ко в кафана сум ечит музика бре жива, танчерки имаме слушај слушај….“Делетејаааа парчетејааааа пак….“ а слушна? Ар идај ваму ко ќе дојш ќе ти кажам шо славам…идај побргу…сите да ги земиш и да ѝ речиш на тета од Австралија хитно да летнит. Ар уживај јас ќе ѝ платам карта и то она за повраќање. Е како од каде ….абре збогом сиромаштиооооооо. Ајде идај во ова биртијава…..абре навистина е ко ќенеф ама атмосвера имат попопопо.Абре во ова шо е ко на крај на светот, ко слепо црево на планетава, е тука сврти десно и ќе видиш едно неугледно бараче без пенџери нит ѕирка нит проѕирка, корчит натре ама ме бендисвит атмосферата. Сите се натре расположени и пенис им е двор им е, ич не им чуе од еден до последен дек е ваква биртијава никаква. Не немат патокази, ар пат немат до неа не патокази. Ајде земи запиши имат една табла на земја в кал е фрлена и пишит….ајде земи и пиши: С Е В Е Р Н А М А К Е Д О Н И Ј А. Е така се викат. Ајде тргвите. Ам тетка ак немојт да слетат нека паднит овде покрај биртијава со си авион ќе ја собериме небери гајле. Тргви.
Мали, мали ти со тарабуката ела ваму, сакам на уше сега: “Ред ни се редат мале“. Р`снија брате мили. То тооооооо. Ушле шо ти реков тебе бре? Кој како влегвит мавај им пијачка јадачка од мене, да се нагнетат од мене, да пукнат.
Еее не вервев дека некош во животот и јас бел ден економски ќе видам. Бате дај сега една за Регулаторна Комисија, опнија: “Да би бела видела не видол синко мајкин ти“. Тоооооооо, весела ами како, специал за Регулаторна и за македончето.
Абре математиката е проста. Зато славам. Струјата е поевтинатаааа алоооо за цели 0.1 % ( еве и со зборој нула точка 1 процент). Огромни. И сега ако јас плаќав 5000 денари до сега од сега опаааааа само и само посрани 4995 денари. Малеееееееее опааааа 5 денари на книшка. Помножи со 12 месеци опааааааааа 60 денари годишно. Помножи по 10 година опаааааааааааааааа ихаааааааааааааааааа 600 денари. Ете ти пари за јако фортомче, да си се обесиш сам и цела фамилија и то ќе ти дојт без пари.
Е сега финтата за заштеда не е само на она шо ни го пружи регулаторна туку и колку ќефало имаш ти во црпката. Е овде идат до израз она од пред неколку години, колку појќе трошиш толку појќе штедиш. Наместо 5000-ки акај све уклучено, акни сметка од 10 000 денари месечно и автоматски све дуплираш бате мило.
Одма си идат месечно 10, годишно 120, па за една деценија алооооо 1200 денари. И знам дека не знајш шо да им прајш на тие плус 600 з`ш не се малку, не така? Е имат решение. Ќе донираш фортомче на некоја фамилија да си се обесит која немат да е свесна вака ајнштајнски да штедит и ќе те благословет. Ќе им ги отвореш очите ова да го пренесат на својте поколенија да не патат ко нив. Така?
Е сега ако вака напрајме бар пола НСМР-ОВЦИ ќе си помогниме сите да мојме да си се обесиме во државава шо дозволвиме вакви благодети не само од Регулаторна ( Господ здравје да им дајт), туку и од многу други институции кои ни прает да ни е убо, а ние не сумвиме дека све се прајт само и само за нас.
Зато јас ве повиквам на мирни протести не против Регулаторна и другите благодетелски институции кои ни пружат све, само да знајме како, а нас ни дремит, туку протести против народот на кој му дремит и незнајт ова да го искористит.
Море….не бадијала малото влавче јаде клоци од татко му. Кој онакво трчаш по автобус наместо да се возиш па си заштедил 50 денари од автобуската карта. Ар тентелко еден трчај по такси ебате беља.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите