Абе како чекав петокот рашомонијада и канонада на бомби, рафали ……..ама ете, за денес било….Море кладов панцири, оклоп ко рицар, купив тенк и во него се пикнав ама јок. А како ја чекав Рада да излезит и да почнит да ги активират, колку копнеев по бомбите шо прстените на раката ми се видоja како осигурачи од бомби. Почнав да халуцинирам. Ко та ми викат стрпи се до понеделник, за денес демек.

Е сега шо денес ќе се случит не можам да знам однапред, јас не сум Фрчко. Тој све знајт однапред и све шо кажа до денеска ф`тна. Ама зато, за секој случај побрзо прочитајте ја колумнава зш ако не го читате ова шо го читате значит дека ве рснала бомбата на Зајко. Мада од толку чекање погинав без бомба. Абе сите изгинавме без да се активирет бомбите, ам ко ќе се активирет???

Можда пак и Заев ја немаше неопходната опрема за да ги активират бомбите. Специјалните тренерки и специјалната маска. Можда то е униформата за активирање на бомба. Не мојш да знајш. Тук се задумав зш секогаш кога е нешто таинствено во нашава НСРМ морат да се облеквет тренерки. Се сетив на еден министер во тренерки во времето со маска кој го снема како сенка на вечер со врешча пари. Абе тренерки и све е е можно.

Секирации. Мада малку се смирив ко прочитав дека Едуард Кукан, кој е долгогодишен експерт за Западен Балкан и од блиску ги следи настаните во Македонија бил многу загрижен и насекиран за состојбата во државава. Неспал пустиот последниве дена, море дијазепам, море, депрозел…никој….ем ненаспан ем депресивен бил.

А плус то рекоа дека од блиску ја следел состојбата во НСРМ а јас мислев негде од далеку. Гарант и тој се плашит од артилерија зш рече: “Напнатите односи меѓу владејачката партија и опозицијата уште повеќе се влошија кога лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, беше обвинет за поткопување на уставниот поредок“.

Ако како да не е насекиран кога државава наша не е мачкина кашлица море еј, туку едно едно со некој работи саде сме лидери во регионот. Ете сега први во регионов ја вративме Туларемијата, болест шо ја ширеле стаорци, се разболеле две жени од изметот на глодарите. Болест која можда е веќе исфрлена од медицинскиот регистер, а еве кај нас….

Од една страна ништо чудно. Пак и староците се животни и морет да какет ама се задумав како дошле во контакт кутричките со какачките на стаорците. После ми светна. Абре во ова НСРМ живејме и опколени сме све со глувци испоскриени во некои дупки без да имет г`с да излезат, со глодари кои душатa и нервите ни ги изглодаа последниве 25 години. А сврти се подај му рака, тој те глодат.

Малку подзастанав овде се загледав во Кајмакамот од „Збогум Румелија“ и некако се замислив шо ќе беше ова само турски филмој и серии??? Ама се сетив. Све шо е глумец е водител, стендаписта, шоумен, а сега замисли и дел од нив станаа и бранители на државава. Така бре глумци. И економски исплатлив е овај потег. Одма да се растурат сите единици и формации кои за пари ја бранат НСРМ. Само сакав да ги прашам овие новиве бранители: вие сте глумци бранители или бранители глумци.

Уф. Ќе забораев. Да им кажам на охриѓани ќе забореав. Се мена законот за одлагање на ѓубре. Со новиот закон обичното ѓубре се фрлат во контењер, акумулаторите мојте да ги однесите во станици специјализирани за то, старите машини за перење ги откупвет мајсторите за резервни делој, школките од хаварисаните коли се фрлет во отпад за железо, пластичните шишиња ги откупват, влошките и другите вагинални аксеосари исто во контењер. Значи све си имат каде…а не во Охридско Езеро. Бар сево ова го видов ко чистеше Комуналец после невремето. То е. Нов закон имат сега. Шо да се прајт. Жи`вот.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.