Ееееее кај ојде ова светов. Еееее кај ојде ова Mакедонивчево наше, поточно кај ја однесоа некои фраерчиња. Ееее кај ојде ова лакомијава за фотеља, да би хемороиди им се напрајле на тие шо се борет по секоја цена да седнат на та фотеља. Абре вие гледате подалеку од носот? Гледате шо му напрајвте на еден грст народ?

Ами толку е државава море, колку еден град. А ние или вие (сите политичари) толку сте способни, ама сериозно способни сте, во Јапонија да ве пратет за 5 години ќе го сјебате и народот, ќе ја сјебате и економијата јапонска и ќе ги натерате да се иселат сите Јапонци, на гурбет да заминат. Ко ти викам. До кај ќе одит ова ваша бескрупулозност, саможивност, газејќи све пред себе само и само да ја постигните вашата лична цел.

И прислушкувачи и прислушкувани и објавувачи на бомби и контра бомбаши преку носов сте ми дојдени и веќе почвам да ве мразам посебно после она за Тошка и шо го објавивте и шо го имате речено.

Мислев дека све ќе можам да сварам шо ќе покакате. Се опремив со Еглонил и со Линекс, суви сливи за хеморидиве ако тргнит проливот…..и местенки и пробиен безбедносен систем на државава и обидот на Зајко да се испазарит, па да објавит….абре све. Зш некако не научија дека сите во државава се аздисани, не научија да не`малтретирет по јавни гласила наместо да одат по институции, мораме да гледаме кај шо едните на другите си го смествет, а нас не` малтретирет.

Но да се разбериме…една работа која сум ја кажал и во колумни и во интервјуа: Имат работи кои не смеат да поминат ниту низ аршин на политика, ниту користољубие ниту низ…абе низ ништо. Една таква работа е Тошка. Не требаше да се пуштит снимката, а да не прам муабет за реченото за неговата фамилија. Не 3 000, 3 000 000 евра на таа фамилија да се дајт, на таа мајка шо го родила зш единствениот човек беше во државава кој беше познат, а не беше извалкан.

Ангел кој одеше по земјата и кој не промовираше онака како шо требит за да не ценит цел свет. После ова не сте достојни ни едните ни другите ни песните негови да ги слушате, а не името да му го спомните. Најмалку во контекстот во кој се злоупотреби неговото име. Едните го објавија за да не натерет другите да ги мразиме, а вторите посебно Миле прилепскиот дупач ми се згади ако све е она така речено како шо е објавено.

Еј алооо. Мали сте, ништожни сте името да му го спомните. 100 животи да живејте немат никој да ве побарат од ко ќе ја напуштите земјата која ја газите, никому нема да му фалите како шо Тошка ни фалит на сите Македонци, Албанци, Турци, роми, Срби, Хрвати, Словенци на целиот Балкан, на целиот свет. Го баравте да ви пејт за партии. Ви оддржа лекција ко на бебиња и ви порача: не пеам за ниедна партија за ниедна пара, но дајте ги парите во добротворни цели, ќе пејам за сите партии.

И добро….не ви е срам после све ова да го спомвите? Крвопијци….мислите дека после ова имате право да влезите во Крушево и едните и другите? Мислите дека и после ова немат да ве мразиме ако досега не сме ве замразиле. Срамете се. Да бев во Универзална и јас ќе свирев. Ама и на едните и на другите. Мада вие сте ѓоној, та ви свирел некој, та не, на вас ви е важно само да му го свирните на народот и то ако можит да го раскините, ако требит и чадор во газот да му напикате и после да му го отворите.

Зајко……ете објави за Тошка. Ете го замрзив Милета. Задоволен си? Спијаш мирно? Абре та на тебе та на Миле не ви е некако морбидно починат чоек да го спомвите за вашите лични цели? Уште ли бе безрбетници ќе отворате рани за то дете? Уште ли неговата фамилија ќе ја напиквите во малверзации?

Уште прочитав дека Елизабета се згрозила од све то. Само не разбрав дали и е грозно од објавеното или од реченото. Зш вака, извини Бети, ми личит на она народнана: „Ај те молам подржими го копилево да се искарам со курвава“.

И аку ви порачаа да не влегвите во Крушево. После оваа бламажа Зајко земај другарите од власта шо си ги снимал, за рака и заедно ојте прво на гробот од Тошка да побарате прошка, а после одма кај неговото смејство истото да го барате. За семејството не знам, ама сигурен сум Тошка ќе ви простит зш тој и сега и дур беше жив не се замараше со ситни души како вас. И зато најверојатно си ојде. И то горд и со крената гла. А вие?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.