Море шо ти значит да си глуп. Па па па. Вака некој ко мене. Море тиквар. Абе се здрвив, се посрав мислев готово срчкава ќе зарибат и ојдов јабана. А најмногу се уплашив ако одев јабана шо ќе и останев должен на Независна Самостална Република Македонија со сине кредити шо ги имам. А НСРМ не го заслужвит то некој кокошкар од шо е глуп така да ја остајт во долгој.
А шо напрајв. Саботата делми и беше роденден на НСРМ и цел ден се спремав за хепенингот да го гледам вечерта во осум и пол. Не ми теквит как се викаш…..седум осмини со сирење еден со осум….или со месо…не е битно. Реков ќе легнам сат два да дремнам сум ти се успал ама шуќур имав некој кошмарен сон, нешто чудно, ко плоштадон Скопје полн со полиција некако сите растрчани и сите викет: “кај се мадињата од Букефала, ги немат мадињата“ луѓе плачет рикет ко ние охриѓани сега од октомври шо ќе рикаме зш сезонава ни беше успешна како баба во тенис.
Нејсе се разбудив, манифестацијата на државниов сервис, МРТВ, за роденденот почната. И шок. Лелееееееее реков шо напрајв. Да би прав и пепел се напрајл. Абре шо се деси со мене алооооооо два и пол месеци сум спал наместо два и пол сати. Легнав на 8- ми септември во 6 сатот се разбудив на 28 – ми номеври во 8 и пол. Ме фати паника. Наместо да го гледам роденденот на НСРМ се рабудив точно на роденденот на Република Албанија. А како поунаку да сватам ко првите три песни беа албански??А? Абе жива вода се напрајв. Ќисла целиот. Си реков можда во меѓувреме се имамо евроинтегрирано, натоизирано, можда уште два- триесет споменици имаме клаено и јас замисли све сум преспал. Да ти се прднам да ти се напрдам во глупакот.
Таман ги зедов сметкине за струја, вода, налозине за кредитине седум, ги наместив и реков ќе им се опулам наеднаш и нек ме стрефит срчкава нек ме немат веќе еднаш за секош ко…..излегвит Игор Џамбазов. Мајката. Кој такво реков Игор водител на роденденот на Албанија. Да бееееее. Се сетив. Рамковниот. Толеранција. Соживот. Браво бре за НСРМ. Браво за организаторите. Е ова е демократија. Алал да им е. Така и требит. Роденденот на НСРМ да почнит со три албански песни. Важно све си беше океј. Онака како шо доликвит за роденденот на македонската држава, после албанските пејачи, почнаа по ред да излегват хрвати, срби, црногорци, бурундијци, занзибарци, еден не разбрав на кој јазик рикат и сите други кој сто пати поубо ги изрикаа македонските народни песни од оние шо оригинално си ги пејат. Сите прекрасно и течно пееја македонскиот јазик. Посебно Јосипа Лисац. Толку течно пееше шо дури почна да прскат од устана. Ај шо излезе ко вапер и ги избрка чавките тук кај и беа ченките. Алал да и е. И нас алал да ни е. Аферим за организаторот. Е сега не ги избројав вкупно колку песни беа и дали 25 % албански се испеа ама ќе си проверит Амети и ќе му се јавит на Колета. Македонски сигурно немаше 25 % ама то не е за нас морално. За угнетениве важит. Не така?
Пак кај шо го спомнав Коле. Ми текна. Го гледав интервјуто негово за CNN. Рече дека невработеноста во НСРМ е уште од времето на СФРЈ. Бинго. Откривме у ком зецу грми леж. Зш и тој и Бранко и Бучко и Љубчо се скинаа од вработвење на невработени ама пусто немојш да постигниш зш ептем наследивме невработени од СФРЈ и сега да шеташ по куќи и да делиш решенија не се стигвит. Е сега рака на нога малку ја зезна работата Бане ко беше на власт. Вети пред изборите дека од секоја фамилија ќе имат по еден вработен. И би така. Кај шо имаше по тројца вработени избрка двајца за да имат само еден. Е кај шо беа четворица тројца мораше да останат без работа за да се исполнит ветувањето на Баненце. Е тој период се зезна работата зш дотогаш Македонија срљаше во прогрес и незапирливо вработвеше луѓе.
Мада види. Јас не би се сложил со Колета до крај. Ситуацијва со вработвењево ние ваква каква шо е зш не од СФРЈ ами причината датират уште од Крушевската Република. Од тогаш се сјеба све и сега ела опрај го. Зш прво и прво се расцвета топчето, а него го опслужвеа неколку илјади работници. Ете ти прва тура на не вработени. После ако се покажеше арно топчето се планираше цела НСРМ да се фрлит на сечење на цреши и производство на топчиња. Замисли колку вработени ќе имаше. Пилани, дрвна индустрија, фабрика за ѓулетни проектили, работници за фитили, па ќе мораше бар сто илјади да се вработат во кибритна иднустрија.
Прво неколку стотици илјади за берење на црешите. Па грамада луѓе за вадење на коските за да се прајт слатко од цреши, па паковање, па продажен сектор….ехеееехееееее. После берењето ќе се пристапеше на фаза на сеча на црешите. Еееее па тука ти е транспорт. Одма опааа отворање на камионска индуструја. Море ќе моравме да увезвиме работна сила алооооо. А пред транспортот тука ти се секачи, па дотурачи…..кај шо реков дотурачи. Тие не ќе носеа на раце. Ќе мораа да купат ајвани. Мада мислам, неам проверено, дека пред време се купиле стотици илјади ајвани. Ама ете. Пусто бутурно топче се расцвета и ја постра работата. Останаа амо ајваните во НСРМ.
Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори Скопје да е втор Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараев...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.