Кај шо го спомнав ова пусти снег пусти да не останит тој најмногу ме изнервира. Прват во животов мој, да видам партиски снег. И то како се беше нафрлил да ги раскарат нашиве политичари кои ептем се почитвет то не е нормално. Да речиме во Скопје, во Карпош врнеше ВМРО-овски снег. Да бе. И одма Стевче реагираше. Ни пет ни шест одлука таму да немат настава. Арно ама не остана на то. Од наработа едвај извајвме неколку теткици шо немет врска со ВМРО и пред камера дотерани, така ко за на вакцина, се развикаа, се расквачија шо ќе им праеле на децата ако не оделе нашкола и во градинка. Ами вишете ги ко гулаби превртачи, шо да им прајте.
А пак во центар снегот беше СДСМ-овски, а возачите не беа од СДС шо плукаа по Коцета мил, дека неможело да се возит убо низ Скупје. А дал не ќе беше поарно истите тие тетки заедно со оние шо не се од СДС да излезат пред други камери и на друго место да се соберат да плачат и да пискет зашо на децата нивни не им пуштет греење во школото??? А? Да видет дека децата на час седат со бунди како да се во игло а не во училница.
Мада рака на нога Стевче со одлуката да немат настава ја сјеба цела македонска иднина. Го намали просекот на интелегенција во самостална независна Република Македонија. Сите деца во тие школи ни останаа неписмени. Знајш ти шо значит да не ојш нашколо една недела? Сега немат да излезит ни еден научник од македонските школски клупи. Зато пак владата на СНРМ (самостална незавизна….) донесе многу паметен потег. Уште попаметен од Стефана. Еден час, 20 минути. Многу беше битно да се ојт нашкола па макар и по 20 минути. Да не се изгубит континуитетот на дисконтинутетот во нашето ни образование. Ам море тиквари едни. И едните и другите. Не некој бадијала некогаш го имаше клаено распустот од 15 јануари до 15 февруари. Е тие шо тогаш така напрајле, напрајле од искуство и не гледале дали снегот е ВМРО-овски или СДСМ-овски, тогаш немало поделени градоначалници на ВМРО-овци, СДСМ-овци или кој други биле –овци.
Абе како не научиме дека без разлика на која тајфа и припаѓаш и кој ти се другарчиња требит да работиме за добро на народот. За нас. Како ами. Еве например ова рекламиве шо одат сега во печатениве медиуми за то шо напрајле градоначалниците од ДПМНЕ. Ко ќе ја читам листана како да не се радвам??? Неможам. Уште во та долга листа ко прочитав дека во тек е изградба на живеалиште за слон и жирафа здриснав од среќа. Скокав ко од оса каснат. Уште ко прочитав дека градењето ќе чинит само 15 милиони денари илити во наши пари би дошло помалку од 244 000 евра, бооооо дрецкање. Јес. Нека се згрижат слонојте во СНРМ. Итака имаме еден куп. А оние шо копет во контењери, нека копет. Ко не се ни жирафа ни слон. Дури еве и предлог. Нека се клает во проектон купи куќа купи стан. Зш да не. Со еден услов за исполнвење. Да си слон.
Нејсе. Како да е Перо и Мерко се сретнаа. Во присуство на НВО, не НВО, полиција, локални самоуправи, верски заедници а богами и полиција, се дискутираше кој кого навредил кој на кого да се извинит. Прво ме збуна шо имаше претставник од нашата верска заедница зш во последно време попојте немет време за ништо освен кај шо требит да се разграничит имотот за да се вратит на МПЦ. Ами нашите попој веќе се бизнисмени, а не преговарачи. Дури и се потсетив на Цацко. Кај шо имаше проблеми се појавуваше како “Бизнис мен“. Така да и нашиве попој, а нешто за имот се работит, мантијата на него и со бет мобилот од 100.000 еври слетвит одма.
А на рандевуто Гоцевата раса не попушти. Перо не се извина. Мерко се поднамурти ама вети дека во нашата ни сопствена СНРМ немат појќе да не страшит и тепат. Само не ми е јасно како се избра местото на рандевуто. Подмоље. Да напраевме во Охрид пиздарија и Мерко да се намуртеше ајде ќе речев се сретвиме на неутрално место. На среде. Меѓу Охрид и Струга, а вака….Пак можда трениравме и некогаш можда до тука ќе мојме така слободно да ојме? А? Не оту знам. Не се разбирам јас во то многу. За местото незнам ама за датумот знам. Ф`тнат е. Погрешен. Сите тие кезења на крајот на средбата од љубов шо беа ќе добиеа на поголемо значење и ќе се докажаше дека албанците и македонците се сакет како золви ако средбата се одржеше утре, вторник, 14-ти февруари. Не бадијала Меркел и Коле утре ќе се ….како се викат….онадет….речи го…сретнет де …
[email protected]
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.