Миииииир Божји чедааааа. Мир. Да не речам штамааааааа Божјииии чедаааа. Штама! Немојте да палардисвите ко не сте информирани. Владиката Тимчо немаше никаква лоша намера со носење на одлуката за зголемвење на цените за услугите на црквата. Полека. Неможит тек така да се напаѓат еден Божји апостол без никакви ама никакви аргументи.

Не трасна Тимчо тек така зелена ко рече дека се сменил стандардот односно се зголемил стандардот на населението во НСРМ. Дека се кренал. Јас не знам ама гарант е напраена една обимна студија од страна на стручните поглавари на нашата црква, во однос на стандардот, па тек тогаш имат Тимчо излезено и речено дека ни се кренал. Зш немојт тук така како зеленко да излезит и да исповратит дезинформации. Не така?

Или е напраена обемна студија или пак едноставно имат побарано помош од НСМР-овскиот Завод за Статистика па така добил точна информација дека ни се кренал. Е сега едино ако овие од заводов го имет шинато и му имет даено податоци од Норвешка па така да се имат потпосрано со изјавата. Ама не вервам.

Не е толку лаком па да се заслепил, да не приметил дека не е за НСРМ и објави дека ни се кренал. Мене искрено многи ми помогна. Па нели црквата е основана за да му помогвит на својот народ , а не да го репат како попарена кокошка.

Јас искрено да ти кажам не приметив дека ми е кренат. Ама ако Тимчо викат дека ми е кренат, кренат е. Ете со та информација чоекот ми помогна на некој начин. З`ш да живеам во заблуда дека имам низок стандар, а тој да ми бил кренат.

Зато не требит одма бре Божји чеда да се излегвит со неумесни коментари и чоекот да се напаѓат неосновано. Ако добро размислите ќе сватите дека не сте во право и дека ѓаолот е влезен во вас и зато го напаѓате чоекот кој се мачит за ние полесно да живејме. Ќе сватите дека вие то не го велите ами во вас е всаден некој анатемски глас кој без да знајте ви излегвит од вас и наместо вие говорит сатаната.

Требит прво море луѓе да се разгледет две работи па после да го анатемисвиме статистичаров. Да се констатирет потребите на Тимотеј со другарчињата и нашите добивки како овци на пастирот. Ова овци мислам во преносна смисла, а не дека ние сме овци.

Значи околу неопходните, неодложните потреби на црквата, требит да согледаме потрезвено шо им требит зш ние овците (мислам на оние демек од пастирот) ако не и помогниме на црквата кој? Еве како прво нешто шо морат да се напрајт е обнова на возниот парк на македонската црква.

Гледам веќе имат поминато скоро месец дена од ко е излезен Мерцедес S63 класа AMG Купе, а замисли уште не е влезен во црковниот возен парк. Одма требит да се реагират. По еден таков ако не во секоја парохија бар по два во секоја епархија. Не ќе се возат луѓето во некој стар две годишен. Не така?

После на постојниот возен парк да се менат гумите. З`ш откога помина 15- ти март? Ехееехееее…..а возат и се дрецкет по патиштава уште со зимски гуми. Требит да се клае летни. И не ќе се редет ланските, бајатите. Нови одма џанк. Неморат некој ептем скапи. Бар да се клает Мишелин Пилот Спорт 275/45 Р20 кој се негде околу 1000 еври. Како ам?

Е сега да те потсетам како ќе се цените и кој се твојте добивки од то. Прво како основно да си знајш, колку пари толку музика. Имаш вака: за венчавка од 4000 се креват на 7000 денари. Зато покрај трите попој шо те венчавет зад нив пејт и Селин Дион. Во ова цена за венчавка ти влегвет и ласерски депилатор за невестата и едно напраено дете. После, крштевката од 3 на 4000 денари арно ама те следвит: капење за бебето со вош енд гоу, перче не му сечит попот со рѓосани ножици туку идат од Хеар Дресер Илче и те следвет две имиња за малото.

Е сега реално најмалку е кренато за погреб. За само 500 денари. Од две и пол на 3000 денари. Логички. Не се погребвит пола чоек пак да имат И ПОЛ. Во овие посрани 3000 ти влегвит пеење со два попа, а како пратечи Пласидо Доминго, ако покојниот е маж или Рене Флеминг ако е жена и плус спуштајне на покојниот в гроб со хелихоптер. Е сега ова цена е варијабилна. Пример ако покојниот го слушат пеењето ојт иљадарка згора. Варијабила е и бројот на гости. Шо појќе славеници, појќе пари. Нормално.

Мада да сум искрен јас ретко одам на погреби. Додуша сите ми велет демек чинело да се ојт да си му напрел чест на покојникот. Е јас не одам зш не ми се вервит дек тој ќе дојт на мојот погреб да ми напрајт чест. Ете да речиме Јонче ги знаел не ги знаел ојт на сите погреби. Го видов и кај Ставрета и кај Темелко и кај Риста и кај Дукадин…..а ко рикна Јонче искрено да ти кажам ниеден од овие не видов да дојт или јас ак не г и забележав.

И шо да се онадам сега јас …. Зато не трчај со напади. Јасно е сега?

ЏИМИ
[email protected]

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив